Осум причини за дебелина ...
Осум причини за дебелина ...
silijeski Осум причини за дебелина кај децата Шкотските научници од универзитетот во Глазгов идентификувале осум фактори кои најмногу влијаат врз дебелината кај децата. Со анализа на телесната тежина кај девет илјади деца чие растење е следено од раѓањето до навршената седма година од животот, научниците утврдиле дека покрај тежината при раѓањето, на претераната дебелина кај децата во голема мерка влијае и можната дебелина на едниот или на двата родители. Децата кои на возраст од три години гледале телевизија повеќе од осум часови неделно, како и децата кои спиеле помалку од 10,5 часови, исто така, имале поголеми шанси дека ќе бидат дебели. Кон дебелина биле понаклонети и децата кои биле поголеми на возраст од осум до 18 месеци и оние кои во првата година од животот имале брзо зголемување на телесната тежина. Децата кои брзо растеле од раѓањето до вториот роденден, исто така, имале поголеми шанси дека ќе бидат дебели, како и оние кај кои масното ткиво почнало да се развива пред вообичаената возраст од пет -шест години.
Strelec Нов пристап во борбата против дебелината Инекциите на хормонот, природно присутен во цревата, може да го намалат апетитот и да доведат до намалување на телесната маса кај дебелите луѓе, покажува истражувањето на британските научници. Во четиринеделното истражување на научниците од Империјал Колеџот, утврдено е дека оксинтомодулинот може да стане ново средство во борбата против дебелината. Во истражувањето се покажало дека луѓето кај кои овој хормон е инјектиран пред секој оброк, во рок од четири недели изгубиле просечно 2,3 килограми, додека оние на кои им е давано плацебо, во тој период изгубиле само 0,5 килограми. Оксинтомодулинот инаку се лачи во тенкото црево по консумирањето на храната, а неговата функција е „известување„ на мозокот дека во организмот е внесено доволно количество храна.
Strelec Нов апарат предизвикува чувство на ситост Американската компанија Транснеуроникс развила апарат што дебелите луѓе може да ги убеди дека доволно јаделе. Од компанијата се уверени дека овој производ ќе помогне да се намали бројот на претерано дебелите луѓе. Апаратот се состои од пејсмејкер со големина на кутивче ќибрит, што се имплантира во абдоменот и со електроди се спојува со стомачниот ѕид. Со стимулирање на нервите во желудникот, што се вклучени во процесот на варење, апаратот на мозокот му испраќа лажна порака дека желудникот е полн. Стручњаците предупредуваат дека не станува збор за „волшбено стапче„, и дека луѓето на кои им се имплантира ваков апарат мора да имаат здрава исхрана и да се бават со физички активности.
DonVito am jas sakam da sum malce podebel :)