Забрана за референдум
Забрана за референдум
трендафил
quote:

Бадентер ќе ги надгласа граѓаните


Александра М. Митевска „Време“






Законот ќе се стави над Уставот, а етничките заедници во парламентот над граѓаните, ако се донесе новиот закон за референдум, со кој се забранува плебисцитарно изјаснување за закони што се гласаат со бадентерово мнозинство.


На ова предупредуваат експертите, откако Владата го пушти во собраниска процедура предлог-законот за референдум во кој се прошири листата на забранети теми, со прашања за кои Собранието одлучува со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници и со мнозинство од пратениците од етничките заедници.


Во таа група спаѓаат законите што се однесуваат на локалната самоуправа, културата, јазикот, симболите. Да беше во сила овој закон минатата година, не ќе можеше да се одржи референдумот за територијалната реорганизација.


Освен тоа, остануваат забранети прашањата за буџетот, јавните давачки, државните резерви, изборите, именувањата и разрешувањата и амнестијата. Не може да се распише референдум и за прашања од одбраната и за воена и вонредна состојба.


Експерти сметаат дека овој закон би можел да падне на Уставниот суд, кога би се повела иницијатива, бидејќи со ограничувањата што се предвидени се лимитира и правото на граѓаните на референдум. Апсурдно е и тоа што, на пример, би можел да се распише референдум за Уставот, но не и за одредени закони што произлегуваат од него. Така, и најмалата етничка група се става над мнозинството граѓани, кои всушност се носители на суверенитетот.


Саво Климовски, професор на Правниот факултет, објаснува дека станува збор за уставна материја и поради тоа законот не е гаранција дека предвиденото решение ќе биде долгорочно.


- Со вакви решенија се ограничува најширокото и најдемократско право на граѓаните. Ако веќе сакаме да бидеме правна држава, референдумските правила би требало да се внесат во Уставот, бидејќи и така е почната постапка за негово менување. Решенијата тогаш ќе одат на јавна расправа и за нив ќе треба да се обезбеди двотретинско мнозинство, односно поширока политичка поддршка - вели Климовски.


И Тања Каракамишева, експертка по политички систем, смета дека предложените решенија немаат уставна основа.


- Таков беше случајот и со претходниот закон, а сега со проширувањето на листата на ограничувања уште повеќе се комплицира ситуацијата. На овој начин се суспендира непосредната демократија. Секој граѓанин, без разлика на етничката припадност, има право да излезе на референдум, сеедно дали би гласал „за“ или „против“ - објаснува Каракамишева.


Законот за референдум е на дневен ред на тековната собраниска седница, а реакциите на пратениците се поделени токму за проширувањето на списокот на забранети теми. Пратениците од мнозинството сметаат дека со тоа ќе се заштитат правата на малцинските етнички заедници. Опозицијата, пак, оценува дека тоа е ограничување на демократското право на граѓаните за непосредно одлучување и дека така ќе се воспостави доминација на етничките малцинства врз мнозинството.

Нашиот закон за референдум и до сега беше рестриктивен. За да дојде до референдум треба да се потпишат над 10% од бирачите присутни во Македонија, а за да биде истиот успешен треба да гласаат над 50% од сите на соисокот вклучувајќи ги и тие во странство што не може да гласаат во своите земји. Сега веројатно по наредба на Али Ахмети, СДСМ и ЛДП сакаат да забранат референдум за некои прашања. Веројатно тоа се прави поради предложената употреба на странско знаме во Македонија, затоа што СДСМ смета дека за разлика од нивниот обид во 1997 сега го имаат под контрола Уставниот суд, па им останува уште да се оневозможи демократското изјаснување на граѓаните. Изгледа ни останува да се бориме за своите права на ист начин како што тоа го сторија албанофоните Македонци во 2001 година со помош на државотворниот СДСМ.
Дали и за законот за референдум не ќе смееме да се изјасниме со референдум?

dejan da se zabrani referendumot vo makedonija, toa ne e demokratski, i ako EU se sekira za demokratijata vo makedonija, togas ke recat nesto..... [:(!][:(!][:(!]
lav
quote:
Originally posted by dejan
da se zabrani referendumot vo makedonija, toa ne e demokratski, i ako EU se sekira za demokratijata vo makedonija, togas ke recat nesto..... [:(!][:(!][:(!]
Поарно е според мене ...заспаниот Македонски Народ да се засекира повеќе од сето она кое му го „кројат„ сдсм-ОВЦИВЕ сосе коаљиционите-им партнери...оти од putanata Европа се изнагледавме само будалаштини но никако и никојпат неприменети во ниту една нивна земја експерименти ...освен во Македонија ...која им доаѓа како лабораторија или полигон за опити IN VIVO.
dejan ako narodot ke se sekira poveke, sto ke napravi?? koga ke nema referendum?? ili takvo nesto. GRR
lav
quote:
Originally posted by dejan
ako narodot ke se sekira poveke, sto ke napravi?? koga ke nema referendum?? ili takvo nesto. GRR
Јас сепак си мислам дека многу скоро (побрзо и од замисленото) ќе се пројави некоја потреба од праавење на нов референдум баш таков каков што сакаат да забранат во Македонија...со оглед на ближењето на мандатот за опстој на власт , кој си го „доделија„ качаците+комуњарите. Па ќе видиме и ќе чуеме...нели. Сакав да кажам народски кажано....чија мајка ќе си преде црна волна?.
Thief Ваква тема веќе има: http://forums.vmacedonia.com/topic.asp?TOPIC_ID=10063