Премиерски идиотизам или правда?
Премиерски идиотизам или правда?
f9 Навистина се двоумам,но ја отворив темава затоа што една работа очигледно станува јасна.Премиерите кај нас,кога доаѓаат на власт
имаат и свои лични амбиции за малтретирања и судења на нивни целни личности со кој се замериле.Дали е ова онаа беговската чума од 17 век залепена на премиерската фотеља?
Случај еден=
Премиер Костов-обвинет Љубе Бошкоски-случај Раштански Лозја
Познати на јавноста лични пресметки помегу дотичните.
Случај друг=
Премиер Бучкоски-обвинет Паско Кузман-случај Злоупотреби(???)
Познати на јавноста лични пресметки помеѓу дотичните.
Или е бркање правда?
f9 Кој е Бучковски?а кој е Паско Кузман.Ние овде по форумиве имавме една тема кој што направил за Македонија.За Паско= The Holy Synod of Hierarchs of the Macedonian Orthodox Church at its regular session, held on April 22, 2005,decided to fully supports Mr Pasko Kuzman and expresses its surprise that his work should be devaluated. FROM THE OFFICE OF THE HOLY SYNOD OF HIERARCHS OF THE MACEDONIAN ORTHODOX CHURCH Samo dva dena otkako francuskiot mesecnik „Arheologija” objavi intervju so Pasko Kuzman, a zlatnata maska se pojavi na naslovnata stranica, Ministerstvoto za vnateresni raboti na Republika Makedonija go „nagradi” so krivicna prijava. Ke se slozite deka na mnogu neobicen nacin nasata drzava mu oddade „priznanie” na Kuzman za se sto toj napravi za Ohrid i za Makedonija. Mesto ruinata zarasnata vo treva i zatrupana so otpad, sega Samuilovata tvrdina dostoinstveno dominira nad gradot; Grobot na Sv. Kliment dobi dostojno pocivalste vo vozobnovenata crkva na Plaosnik; posle skoro dvaeset veka povtorno zazivea najstariot teatar vo Makedonija. Mozete li da zamislite poavtenticna scena za Ohridsko leto od antickiot teatar? Ogromen broj arheoloski predmeti, megju koi i zlatnata maska, predmeti koi sekoj svetski muzej bi posakal da gi ima vo svoite vitrini... Nema potreba da se nabrojuvaat, zosto toa ne se samo fakti na hartija, tuku realni i vidlivi dostignuvanja. I seto toa sraboteno krajno profesionalno i po site kriteriumi na vostanovenata metodologija vo arheologijata. Da ne zboruvame za informaciite so koi se zbogati arheologijata vo nejzinata potraga niz minatoto, za sto doprva ke svedocat i trudovite koi ke proizlezat od „kriminalnite” dejania na Pasko Kuzman. A ocigledno site uzivame i se gordeeme so plodovite od „kriminalnite” dejania na Pasko Kuzman: gragjanite na Ohrid, domasnite i stranski turisti, pretstavnicite na vlasta. Zad Pasko Kuzman stoi strucnata ekipa koja rabotese so nego, stojat kolegi -arheolozi, institucii, profesori i doktori na nauki, lugje koi veruvaat vo negovite cesni nameri. Ovaa krivicna prijava e atak ne samo na Kuzman, tuku na celata makedonska arheologija. Mozeme samo da se nadevame deka eden den ke se oslobodime od silnoto vlijanie na politikata vo site sferi na kulturata i naukata, i ke naucime da go cenime samo kvalitetot i profesionalizmot. Pasko Kuzman e samo eden od retkite arheolozi vo drzavava koj go zivee svojot son. A toa pravo nema da mu go odzemat so krivicna prijava. Ekipata od Vardarski Rid Обвинението против Паско е обвинение против археологијата Со оваа кривична пријава за Паско Кузман, бидете сигурни дека тотално сте ја утнале работата. Ни кривичната "врви", ниту пак јавната интерпретација на таму некои читајте-ме-чудете-се новинари, што мислат дека ако напишале два реда текст во дневен весник, имаат моќ да осудат и оцрнат. Се осмелувате да соборите човек и личност, кому не сте му ни малку достојни. И не сте ни витези во обидот. Кога ја нема храброста и доблеста, останува само незнаењето и лошата мисла. Таа е вистината, само што вам не ви текнува. Не сте ни свесни кој "ситен зарзават" (да не речеме боранија, оти би било неумесно) сте во споредба со Паско. Човекот е недостижно голем. Ако не друго, барем злоделото да ви беше со повеќе стил и поинтелигентно смислено! Како што постои категоризацијата "пред новата ера" и "нова ера", така ние членовите на стручната археолошка екипа на Паско Кузман со гордост изјавуваме дека заради тој човек македонската археологија ја класифицираме како "предохридска и "охридска". Разликата е неспоредлива, без оглед кој аспект се анализира. Било тоа да е методологијата за ископување, изготвувањето на документацијата, пост-теренската работа и што е најважно, професионалниот и пријателски однос на Паско кон сите нас. Одлучивме да не се воздржиме од реакција, бидејќи со овој чин против него, вие удирате и по сите нас, по сработеното во Охрид, а со тоа и по цела Македонија. Ама вам, и тоа не ви текнува. "Ќе ги победиме со убавина", пеат Мизар. Твоето оружје Кузмане, е убавината што ја создаде! Археолошката екипа на Паско Кузман Минатата недела археолошката јавност беше вознемирена од информацијата пласирана во речиси сите јавни медиуми за наводните неправилности околу реализацијата на финансиските средства поврзани со проектите на локалитетите Плаошник и Самуилова тврдина во Охрид. Сите т.н. злоупотреби се поврзуваат со името на археологот Паско Кузман, кој во тој период ја извршуваше функцијата в.д. директор на Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј Охрид. Претседателството на Македонското археолошко-научно друштво - МАНД, Судот на честа при МАНД и поголемиот број членови на МАНД, сметаат дека македонската јавност треба да биде информирана за вистинскиот професионален и морален профил на нашиот високопочитуван колега и пријател. Паско Кузман е еден од најактивните членови на МАНД и, секако, еден од најпочитуваните и респектирани археолози во однос на професионалните квалитети и достигнувања во земјата и пошироко. Значаен е неговиот ангажман и придонес во севкупните активности за време на претседателскиот мандат во МАНД. Посебно треба да се истакне неговото залагање за афирмација на археологијата кај нас и во светот преку бројните публикации, статии, научни трудови, медиумски презентации и др. Неоспорна е неговата повеќедецениска волонтерска работа во рамките на МАНД при рецензирање, консултации и несебични совети на трудови кои се публикуваат во стручното списание Мацедониае Ацта Арцхаеологицае. Обновена е и минатогодишната иницијатива за номинација на Паско Кузман за наградата Св. Климент. Треба да се нагласат неговите достигнувања за време на директорскиот мандат кога се реализирани археолошки истражувања, конзервација, реконструкција и ревитализација на повеќе локалитети и објекти: Античкиот театар, возобновување на Св. Климентовата црква на Плаошник, Самуиловата тврдина, Горна порта, сцена на Долни Сарај, влез за црквата Св. Богородица Перивлепта, живописот на црквите Св. Никола Чудотворец, Св. Софија и Мал Св. Климент, мозаиците од поликонхалната базилика на Плаошник, подводни археолошки истражувања на локалитетот Плоча и др. Во неговиот мандат реновиран е и отворен Меморијален музеј посветен на Глигор Прличев и извршена реконструкција на неговиот гроб, актуализиран е Музејски културен центар во куќата на Робевци со лапидариум, преадаптирана и осовремена е Галеријата на икони, оформени се конзерваторско-реставраторска лабораторија, археолошко депо и работилница за копии и сувенири. Во сферата на издаваштвото отпечатени се десетина стручно-научни публикации. Во тој период тројца поединци од Завод и Музеј Охрид, меѓу кои и Паско Кузман, за особени постигнувања во сферата на заштитата на културното наследство ја имаат добиено наградата Св.Климент на ниво на град Охрид. Сите активности беа под континуирана контрола и надзор на Одборот за возобновување на Св. Климентовата црква, стручно експертски комисии, Министерството за култура, Министерството за финансии и други надлежни институции до коишто последователно се проследени задолжителни извештаи. Освен сите горенаведени градби и возобновени монументални зданија и споменици на културата со непроценливо значење за нашето споменичко наследство, македонската и светската археолошка ризница се здобија и со бројни вредни и репрезентативни стручно-научни сознанија и наоди, од кои особено треба да се издвои наодот на столетието - непроценливата златна маска. Меѓу другото, вратено е достоинството и даден е соодветен третман на гробот на просветителот Св.Климент, каде целиот словенски свет треба и може да го изрази потребниот пиетет што тој го заслужува. При реализацијата на наведените проекти беа вклучени бројни студенти, магистранти, докторанти, колеги археолози, конзерватори, антрополози и др. од цела Македонија, каде се здобија со непроценливи професионални искуства во однос на методологијата и организацијата на теренските археолошки истражувања, конзервација, реконструкција и др. Раководителот Паско Кузман несебично на учесниците според афинитетите им овозможи користење и обработка на дел од пронајдениот материјал. Ретки се приликите и можностите во културата да се издвојат поголеми материјални средства со кои во краток рок се реализирани монументални и грандиозни проекти како горенаведените. За жал, често се случува реализаторот наместо заслужени глорификации и ловорики да добие неправедни, недокажани осуди и понижувања. Македонско археолошко-научно друштво Еве и за Бучкоски= Дипломирал на Правниот факултет - правосудна насока во 1986 година, а магистрирал во 1991 година. Во 1998 година докторирал на тема “Римско и современо заложно право”. Од 1987 до 1988 година Бучковски работи како стручен соработник во Собранието на Република Македонија. Во периодот од 1988 до 2002 година тој работи како наставник, соработник, помлад асистент и асистент на Правниот факултет во Скопје, додека во 2003 година тој е вонреден професор на истиот факултет. Во периодот од 1998 до 2000 година Бучковски е член на Државната изборна комисија, а од 2000 до 2001 година е претседавач на Советот на град Скопје. Во периодот од 13.05 до 26.11 2001 година тој е министер за одбрана во широката коалициска Влада. Од 1.11 2002 година Бучковски е член на Владата на Република Македонија, во која ја извршува функцијата министер за одбрана. На 26 ноември 2004 година беше избран за лидер на СДСМ. Истиот ден му беше доверен мандатот да формира нова Влада по оставката на претходниот премиер Хари Костов
f9 Портрет - Паско Кузман, археолог Со два часовника на раката и две неоткриени маски во срцето Портрет - Паско Кузман, археолог Со два часовника на раката и две неоткриени маски во срцето Смирен, сталожен, но малку избувнува кога зборува за археологија. Очите му искрат кога ја раскажува случката од пред еден месец, кога ја откри златната маска на Самоиловата тврдина во Охрид. - Триесет години чекав и знаев дека ќе ја најдам! Да сум жив и здрав ќе најдам уште. Барем уште две. Археологот Паско Кузман деновиве не може глава да крене од љубопитни новинари, пријатели, сограѓани, таксисти, професори, научници и академици, политичари. Сите сакаат да го видат епохалното откритие, што веќе менува многу научни теории за нашето минато. Тој, пак, скромно вели дека воопшто не сакал да го презентира, додека не го обработи научно. Сепак го стори тоа, најмногу за да ја избегне опасноста од обвинувањата дека "нешто крие". ПОВОДНА СРЕДБА СО ПРЕДЦИТЕ За себе вели дека е "будалиште" по секакви работи. Прв ги почна подводните археолошки ископувања во земјава. На левата рака носи два часовници - едниот го покажува денешното време, а другиот, кога нурка во езерото го "пренесува" во неолитот. Таму ги "слуша и гледа" своите предци. Крстен е по неговиот чукундедо. До неодамна неговото семејство се презивало Паскоски. - Мојот чукундедо се викал Паско. Ниту Спаско, Паскал, ниту Паску. Мојот прадедо е Кузман. Во турските документи, Македонците се идентификувани со такви имиња - Петре Јанко, Стојан Митре, Ангеле Крсте. Тоа се името и презимето. Јас сакав така да се викам и да си ја запазам традицијата - објаснува Паско Кузман. Родум е од Охрид, од местото Ватила. Од местото што го ископува последните три години, тврдината, може да си го "ѕирне" родното место. Од најрана младост живее во Охрид. Пред четири дена му беше роденден и наполни 55 години. Тој е едно од трите деца на Христафил и Петра. Има брат и сестра, но ниту еден од нив не се занимава со археологија. Татко му бил "човек од комунизмот" и колку што можел во тоа време, бил активен во политичкиот живот. - Јас не сум таков и имавме конфликти за многу работи, онака, генерациски. Така функциониравме. Тој ми беше татко, ме сакаше мене, јас си го сакав него. Паско Кузман денес живее во Охрид, со мајка си, со своето и со семејството на брата си, во иста куќа, која ја изградил татко им. Неговата сопругата Нада е археолог. Имаат четири ќерки, две близначки - Калина и Катина, Ива и четвртата Александра, која на шега ја нарекува "сугарчето". АРХЕОЛОГ ОД "КИНЕСКАТА ГЕНЕРАЦИЈА" Завршил гимназија во Охрид. Заминал во Скопје, да студира медицина. По еден семестар сфатил дека тоа не му се допаѓа. Се запишал на правни студии, сакал да биде новинар, но во Скопје немало отсек за новинарство. Во 1966 година заминал во Белград, на Правниот Факултет, во моментот кога отсекот бил префрлен на Факултетот за политички науки. Таму, во 1968, го "затекнале" студентските демонстрации - за него најубавото, најромантично и најреволуционерно време. За време на демонстрациите се префрлил на археологија, на Филозофскиот факултет во Белград. - Се занесувавме, но тоа време беше многу интересно. Таа година на Белградскиот Универзитет се запишаа 5.000 бруцоши. Невидено дотогаш! На мојата катедра имаше 800 студенти во прва година. Во таа толпа, човек требаше да се избори и да стане археолог. На крај, "завршивме" само 70 студенти. Не викаа кинеска генерација. Кога дипломиравме, деканот, археологот Бранко Гавела, ни рече: "Аман, да се ослободам од вас - Кинезите!" И ни даде вонредна сесија во јули. Тогаш дипломирав - раскажува Паско. Бил многу активен додека студирал. Дипломирал кон крајот на седумдесеттите. Во 1979 година се вработил во Заводот за заштита на спомениците на културата и Народен музеј во Охрид и оттогаш работи таму. Подолго време е директор на таа институција. ЧОВЕКОТ ШТО "ВЛЕГУВА" ВО ПРАИСТОРИЈАТА Најмногу го интересира праисторијата. 400.000 години, 2 милиони години во минатото. Вели дека кога е поблизу до реалноста, му се чини дека се е погрешно и "нашминкано". Што подалеку - почиста работа. Го интересира времето кога почнуваат да се формираат народите, етносите. За време на студиите, во 1972 година учествувал во последната истражувачка "кампања" на локалитетот Требеништа, "Три чељусти и Вртуљка" (наречена по два од трите археолошки реони во Требеништа). Работел и на многу други археолошки локалитети во Македонија и во Србија. Не се запишал на постдипломски студии. Требеништа, опседнатоста со маските и со златните предмети му биле како "шлаг" по дипломирањето. Ја напишал првата книга за Требеништа и му ја однел на професорот Драгослав Срејовиќ, во Белград. Сакал да му покаже дека не отишол "по ѓаволите", туку дека направил нешто за археологијата. Книгата му била оценета како магистерски труд, а професорот го советувал да ја подготвува и докторската дисертација. - Но, немав ништо ископано. Такви ми се принципите. Не сакав да правам компилации од сите тогашни теории. Не ми се допаѓаше тоа - повторување и некој "нова", имагинарна теорија. Каков археолог сум, ако не ископам нови материјали, ако не покажам нешто ново. Затоа не докторирав. Сакав да дојдам до значајни материјали, исти како тие во Требеништа. Таква желба имав, а таа се исполни, нели?- раскажува низ смеа. Вели дека сега му е доцна за таква титула. Доктор - не доктор, не му е важно. Задоволен е од тоа што е и никогаш не трчал титули. Професионална животна определба му е железното време во Македонија, со главна тема - Требеништа. Веќе 30 години се занимава со таа некропола. Тој вели дека пронаоѓањето на четирите златни маски (две откриле Бугарите во 1918, а две Србите во 1930-34 година) и на другите вредни, богати предмети ги збуниле сите познати археолози во тоа време. Во осумдесеттите години во минатиот век, во Синдос, кај Солун, откриени биле предмети, а меѓу нив четири златни маски, слични на требенишките. Многу научници се обиделе да ги протолкуваат и затоа постојат многу теории. - Тука е возбудата во археолошката наука. Оттогаш има стотина години и уште се дискутира на таа тема - објаснува Кузман и вели дека неговото последно откритие дефинитивно ја врзува некрополата Требеништа со античкиот урбан град Лихнидос, денешен Охрид. Во науката, дискусиите и контроверзиите се движат во правецот дека овие маски се карактеристични за македонските простори. Не за грчките, не за тракиските, не за илирските, туку за македонските. Според потеклото, тие се врзуваат за критската, микенската, египетската цивилизација. Значи, вкупно на македонските простори биле пронајдени девет златни посмртни маски - вели Кузман. ЗА "МАКЕДОНСКО-ХЕЛЕНИСТИЧКИОТ" ПЕРИОД Паско Кузман вели дека некрополата на Самоиловата тврдина е глобално детерминирана и во хронолошка и во етничка смисла. - Нема дилеми дали припаѓала на Македонците, или на Илирите, или не знам на кој. Денешните научно-политички "кујни" можат да прават што сакаат, но ова се непобитни работи, факти. Зборуваме за древните, антички Македонци, зашто на тврдината, во последните три години, откривме многу работи што го потврдуваат фактот дека најдовме населби од 3, 2, 1 век пред нашата ера, од македонско-хеленистичкиот период. Временската рамка опфаќа 10 века - од 5 пред нашата, до 5 век во новата ера. Тој објаснува дека терминот "македонско-хеленистички" период потекнува од терминот хеленизам, што е воведен во светската историска наука, а важи за периодот по смртта на Александар Македонски до потпаѓањето на Македонија под римска власт. - Науката е многу конзервативна - кога ќе се навикне на термин, го употребува. "Македонскиот период во историјата на светот", така треба да се вика тој период. Е, за да почне културната, а особено стручната јавност да се навикнува на тој термин, ние почнавме да го користиме терминот "македонско-хеленистички" период. Тука има разни политички аспирации од повеќе нации - Грција е исфорсирана зашто е галениче на Европа. Има тука многу "замешатлуци" од страна на другите естаблишменти на историската и археолошката наука и на политиката. Затоа, велам дека античкиот театар во Лихнидос и целата некропола се од времето на Македонија. За да не бидеме толку екстремни во таа работа, ние велиме македонско-хеленистички период. Навистина, има многу предмети слични на тие, "долу" во Грција, но тоа е времето на хеленизмот, 3 до 2 век пред нашата ера. Маските се од порано, од архајски период. ЌЕ НАЈДАМ УШТЕ ДВЕ ЗЛАТНИ МАСКИ Мечтаел да пронајде маска. Но, очекувал тоа да се случи во Требеништа и не на лихнидската некропола. Меѓутоа, се насетувало дека ќе "излезе" нешто. Пред маската, откриле друг гроб, со шлем и со бронзени белегзии, какви биле пронајдени само во Требеништа. Сепак, не сакал да помисли на златна маска. - Што бара маската тука, не ни се веруваше. Уште малку, уште малку и - излезе целата. Маска! Пет пати викавме - маска, маска!. Излезе цела, добро сочувана, прекрасна. Почна да излегува уште еден златен предмет. И се појави прстенчето на ракавица. - Мечтаев 30 години да ја пронајдам, но не на Лихнидос, туку на требенишката некропола. Си имам бележано места каде ќе копам допрва, да сум жив и здрав. Мислам дека таму ќе најдам барем уште две - вели решително. Опсесијата на Паско Кузман не престанува. Зимава ќе ги обработува сите податоци, од анализите на предметите и примероците што се сега на испитување. Свесен е дека не само маската, ами целата тврдината е голем "зафат" и богатство за Македонија и дека би требало да се довршат работите што излегле на виделина. - Секое утро кога ќе се разбудам, пред себе ја гледам маската и се прашувам дали е вистина. Другиот ден повторно. Секој ден е така, морам да се уверам дека е вистина. И вистина е!
f9 Професорката на Филозофскиот факултет, познатиот археолог Вера Битракова, е категорична: - Паско Кузман имаше сила и моќ да собере толку голема екипа археолози и да го возобнови нашето светилиште, гробот на свети Климент. Сите негови претходници тоа го сакаа, но тој имаше сила тоа да го направи. Работеше професионално, имаше Одбор за возобновување, имаше комисии и тела. Тој им даде полет на младите археолози. Тоа што е на Плаошник значи достојна почит на свети Климент. Сите се гордееме со Плаошник, па дури и власта своите гости ги носи таму за да го покаже - вели Битракова. Раководителката на одделот за нумизматика во Народната банка на Македонија, м-р Катерина Христовска, вели дека археолошките откритија на Кузман ја восхитиле јавноста и дека "цркви не се градат на тендер ниту, пак, археолошка стратиграфија и камени блокови се профилираат на отворен тендер". - Јас апсолутно верувам во професионалниот интегритет на Паско Кузман - вели Христовска. Паско Кузман пет години раководеше со охридскиот Завод и музеј. Во неговиот мандат е возобновена Светиклиментовата црква на Плаошник, ја истражи и ја реставрира Охридската тврдина, Античкиот театар, го изгради и отвори музејскиот центар Лапидариум, ја обезбеди Галеријата на икони и многу други проекти.
concrete Dobro de , sto se potresuvate,nekoj pravi istorija, nekoj zivee vo nea, nekogo go dzitkaat na nejzinoto buniste....a Bogami ..nekoj i uci od nea... Bilo ova i porano, sekade i vo sekoe vreme, ne e toa samo vo Makedonija....., no nikoj ni moze da mu zeme , ni moze da mu dade poveke, nekomu od ona sto mu sledi...spored umot i narecnicite od tretata vecer :):):)!!!!!
vardarce Случај трет= Ке видиме на следните избори дали има залепена чума на фотељата или е нешто друго [:)].
f9 Пошто за првиот случај доста се знае нема да го дообјаснам,а еве нешто за вториот случај= Во 2002 година- Актуелната власт на чело со премиерот Љупчо Георгиевски треба јавно да даде одговор за кражбата на охридското културно богатство кое, според сознанија на СДСМ, завршува во приватни колекции, рече вчера во Охрид потпретседателот на СДСМ, Владо Бучковски. Има сознанија дека кај археолошките ископувања на Плаошник и во Самоиловата тврдина дел од пронајдените исклучително ретки и вредни предмети, наместо во Музејот, се однесени кај приватни лица, истакна Бучковски, при што побара одговор и од министерката за култура, Ганка Самоиловска Цветанова, и од директорот на охридскиот Завод за заштита на спомениците, Паско Кузман. Одговорот на Паско Кузман- 14.06.2002 Директорот на охридскиот завод и музеј Паско Кузман денеска категорично ги отфрли обвинувањата кои до него и актуелната власт ги упати потпретседателот на СДСМ, Владо Бучковски за отуѓување на движното културно богатство од охридските археолошки локалитети во приватни колекции. „Одговорно тврдам дека ова што ние како завод и музеј го правиме во Охрид не е во никаков контекс со предизборната кампања и изборите кои доаѓаат, туку тоа се зафати почнати по повод две илјади години од христијанството“, изјави Директорот на охридскиот завод и музеј Паско Кузман, кој најави судска разврска за клеветите. „Моите чувства се навредени и ако постојат законски можности, јас ќе поднесам кривична пријава до надлежниот суд во Охрид за несериозни изјави, клеветења и навреда“, рече Кузман. Бучковски пред седум дена во Охрид него, премиерот и министерката за култура ги прозва да дадат отчет за наводната кражба на охридското културно богатство од археолошките локалитети. „Дел од ископините кои се наоѓаат кај Самоиловите тврдини и кај Плаошник завршува во приватни колекции. За тоа во овој момент не можеме да понудиме докази, но на оваа јавна прозивка треба да одговори оние кои се најповикани, тргнувајќи од министерката за култура до Паско Кузман“, обвини Бучковски. На оваа прозивка Кузман со реплика: „Категорично ја отфрлам таа изјава како неточна, како изјава која има специјална намена и задача“. Спомениците на културата, за Кузман, не се предмет за раскусурување со политичките ривали и затоа тие, според него, треба да бидат ослободени од партиските пресметки, за што беа прозвани и медиумите. Средбата со новинарите Кузман ја искористи да обелодени инцидент кој, како што рече, се случил пред повеќе месеци за време на трибината на СДСМ во Охрид. Според него, по трибината биле искршени сите прозорци на родната куќа, сега музеј, на Христо Узунов и одговор за инцидентот, според Кузман, предизвикан од симпатизерите на СДСМ, тој ќе побара од Црвенковски и Бучковски.
f9 Среда 6/15/2005 ОСНОВНО ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО ОХРИД Барање за истрага против Паско Кузман Основното јавно обвинителство во Охрид деновиве поднело барање до истражниот судија во Основниот суд во Охрид за поведување истрага против ексдиректорот на Заводот и Музеј во Охрид, познатиот археолог Паско Кузман. Врз основа на кривичната пријава и приложените докази од СВР-Охрид барањето за поведување истрага се однесува за кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување, се дознава од Јавното обвинителство во Охрид. Во текот на истражната постапка ќе се прибираат докази за делото за кое се товари Кузман, по што може да следи и обвинение. Доколку, пак, не се обезбедат доволно докази, истрагата може да се запре, велат во Основното јавно обвинителство во Охрид. Археологот Паско Кузман од Охрид, во чие директорување во охридскиот Завод за заштита на спомениците на културата се изгради Св.Климентовата црква на Плаошник, се реставрираше Самуиловата тврдина и се стави да се вее македонското знаме, се пушти во употреба Античкиот театар, и беа најдени капитални археолошки наоди на нашиот идентитет, пред два месеци "заработи" пријава од МВР до Охридското јавно обвинителство поради тоа што во " 2000 година за реставрација на спомениците на културата во Охрид, без да спроведе јавен тендер, склучил договор за соработка со фирма за вршење на изведувачки