Високоцветна Македонија
Високоцветна Македонија
Homer MakeDonski СИМНУВАЊЕ HA MACKATA Јас ќе го пронајдам патот кон другите светови !!! Ќе ги пронајдам изгубените небески тела : Јас ќе ја пронајдам планетата УММА која исчезнала во вселената ... Ќе ја пронајдам и Атлантида во морињата !!! Јас ќе ја избавам Македонија од провалијата на историјата Јас ќе ги пронајдам изгубените чувства на човекот : ( Ќе ја симнам маската од лицето и ќе им ја вратам насмевката на луѓето ) !.. Јас ќе го пронајдам Изгубениот рај !!! Јас , Прв ќе запеам во Рајот !.. ( Јас ќе му го вратам сјајот на Рајот ): Поезијава е Рајот !.. Јас и понатаму ќе ги раздавам моите книги без пари ! Ќе ги описменам сите светови !.. ( Та нели завршив учителска школа во Битола - во 1954 година! Јозо Т. Бошковски Јон
Homer MakeDonski МАКЕДОНИУМ Умиште ! Македониум ! Друмиште ! Тежок пат Черен - кат ... Голем ум - Македониум ! Шумење иа шумите - буките низ Македонија: Умење на Гоце... Изумување изуми : Бранување ! Жуборење на водите во Егејското море во реките и во езерата Верата ! Вруточење на изворите низ Македонија... Плачење на горите... Бриждење на говорите ... Ѕвиждење ! Ѕвиждење со усните Ѕвиждење со прсти Ѕвиждење со шупелки , со кавали и со гајди Ѕвиждење на ѕвиждалник низ Македонија : ( Ѕвиждење на голем ѕвиждалник - Македонската ламја што ја убива Свети Ѓорѓија )... Завивање на дивината... Пенливост на вината и цветовината на Македонија ... Завивање на ветровите Уривање на ридовите Тркалање камење по бреговите низ Македонија... Големи земјотреси : Секакви потреси огнови и пожари ... (Палење - жарење Печење, варење и гмечење на Македонија) За ум - Македониум ! Илинденски секавици во коловоз : Илинденски молскавици ! -Веди Глаголи Добро Јест... Македонска свест Македонска знаја Македонска песна... Везови на рубата - Голем изум на македонскиот ум ! Умиште! Македониум! Сончев триумф во Македонија Сончев говор на Македонија ! Сончев договор... Сончева знаја ! Сончев ум - Македониум! ( Ако ја дознаете мојата вечна адреса , Секогаш повикајте ме кога ќе зборувате за Македонија ) Јозо Т. Бошковски-Јон