Според Европа, не постојат македонски народ и култ
Според Европа, не постојат македонски народ и култ
Inkognito Боби Христов

Според Европската Унија, не постојат македонски народ и култура. Земјава е историска територија со мешавина од бугарска, српска, албанска и грчка култура. Така Македонија е опишана на официјалната интернет-страничка на директоратот за проширување, на Европската комисија.
„Луѓето и времето што минувале низ оваа крстосница на Југоисточна Европа создадоа земја во која се испреплетуваат бугарската, српската, албанската и грчката култура, како и православното христијанство и исламот“, пишува во скандалозниот профил за Македонија објавен на сајтот на директоратот.
Интегралниот текст со наслов „Поранешна југословенска република Македонија: фасцинантна мешавина на култури му се придружува на европското семејство“, е објавен како дел од документацијата на директоратот за односите на ЕУ со земјите од Западен Балкан. Во него нема ниту збор за македонски народ, нација или култура, ниту за државност.
„Поранешната југословенска Република Македонија е историска територија за која претседателот на Европската комисија Романо Проди рече дека има долга и богата историја“, пишува во почетокот од европскиот профил за Македонија. Содржината на текстот е промотивна и во него има мошне прецизни и детални информации за досегашните односи на Македонија и ЕУ, бројки и факти за помошта што е добиена од европските институции, а на крајот се посочуваат телефонски броеви, факсови и интернет-странички од европски институции и агенции, каде што може да се најдат повеќе информации за односите ЕУ- Македонија. Материјалите се публикувани во септември 2004, но никој од надлежните не ги видел.
Македонската дипломатија не знаела за ваквото претставување на земјата на официјален сајт на Унијата. Македонското министерство за надворешни работи вчера го задолжило амбасадорот во ЕУ, Сашо Стевков, веднаш да реагира и да побара содржината на објавениот материјал да биде сменета. Во МНР велат дека македонската амбасада во Брисел морала порано да реагира, но немаат детали зошто не се реагирало. Допрва се очекуваат повратни информации од амбасадата, која треба преку институциите во Брисел да испита и кој е изворот на скандалозниот текст.
Авторот на текстот вчера го бараа и од делегацијата на Европската комисија во Скопје. Оттаму за „Време“ изјавија дека побарале информација од Брисел како е подготвен материјалот и од каде се црпени информации, но не сакаа ништо друго да коментираат.
Inkognito I ajde sega de ...
Strelec Inkognito... prethodno e vekje staven link kon toj tekst na ovoj topik: http://forums.vmacedonia.com/topic.asp?TOPIC_ID=10636#206417
Inkognito Se izvinuvma Strelec, ne vidov.