Summer Political Talks
Summer Political Talks
sirius ДР. ФАЛУС: Курва сум. Чесен збор. Само, многу паметна. Тоа ме јаде. Види. Како грба го влечам мојот тежок мозок. Јас сум една комплексна курва. Види ме убаво. Страшно скапа курва. Ме боли вагина. Ме бркаат од едни универзитети, јас основам други. Од едни држави, јас основам други. Знаење и магија. Искуство и фантазија. Ги знам системите. Шифрите. Знаците. Тајните на ѕвездите. Тајните на државите. Алхемијата на природата. Одгонетките на загонетките. Рецептот на Кока Кола. Виртуелна реалност. Биолошки чипови. Работите што уште не се измислени. Лавиринтите на човековата душа. Сите актери и гробари на Европа. Сите ангели на Европа. Црви. Идеи. Хаос. Гета. Паранои. Пороци. Курви. Проширена свест. Политички конспирации. Херметични кругови. Езотерични кругови. Мистични кругови. Геометрија. Геомантија. Хиромантија. Некромантија. Метапомантија. Шизомантија. Куромантија и така натаму.
ПАУЗА.
Досадно ми е. Ништо не се случува. Киснам во Црно Прасе. Најдобра биртија во Витемберг и пошироко. Овде реалноста е илузија во недостаток на алкохол. Многу големи умови треснале од подов. Некои повратиле, па се удавиле. Јас ќе се напијам пиво. Ќе паднам. Ќе го скршам вратот. Црно прасе го уби Доктор Фалус. Вода и оган. Зборот ми беше, купи една кригла пиво....
Fragment od MME D.Dukovski
sirius Кој е денес пролетеријат и што е неговиот бит. Строфа од Интернационалата, преведена на словенечки јазик оди вака: “Bili smo nic, bodimo vse! (Бевме ништо, да бидеме с#232;!)” Пролетеријатот, работничката класа е класа на иднината, класа пред која се отвора можност, вистински да се промени светот, да ги исправи основните класни антагонизми и да воспостави бескласно општество. Како класа, таа не е нешто фиксно, во моментот кога влегува во историјата истата и ја менува и како класа и исчезнува. Се чини дека денес нема повеќе пролетеријат. Ако некогаш беше дилемата комунизам или варварство, сигурно е дека не успеавме во комунизмот. Па сепак Derrida во книгата Spectres du Marx запиша дека денешните времиња се времиња на најголемата неправда, времиња со с#232; повеќе сиромашни, понижени и навредени, како никогаш во историјата. Односот на искористување, вампиризмот на капиталот се на голема сила од кога и да било. Во желбата да го детектираме феноменот на пролетеријатот ќе се послужиме со Агамбеновата поделба на животот на zoe и bios, тоа е разлика врз која се базира биополитиката. Homo sacer кај Римјаните значело човек, којшто може да убива без санкции, бидејќи се наоѓа надвор од правниот систем. Тие луѓе не постојат во правна смисла и затоа е можно да се убијат и притоа да се остане неказнет. За таквите луѓе важи голиот живот (zoe), што како точка надвор од универзумот го детерминира политичкиот живот (bios) - како централно прашање на биополитиката, и тоа е продукција на живот внатре системот на доцниот капитализам, којшто се базира на правен и полициски систем. Денес, во тоа одел спаѓаат сите тела-лешеви, избришани луѓе, илегални имигранти, луѓе без дозвола за престој, затворениците во Guantanamo итн. И тие луѓе се потенцијална класа, која може да го промени светот, класа која е ништо и може да стане с#232;. Како непостоечка класа не и’ се заканува само опасност од уништување, анихилација. Нејзе и’ се заканува уште поголема опасност, а тоа е да стане орудие за политичка борба. Исто како и пролетеријатот, кога ќе се воспостави(ла) партија на власт, бидува(ла) само изговор за самоволието на владејачката класа, некогаш наречена партиска бирократија. Ако пролетерите се интегрираат, за десничарите тоа ќе биде изговор за злочин: тие се овде, кои ни ја одземаат работата. А каде се старите пролетери? Сосема е јасно, дека се интегрирани во потрошувачкото општество, кое пак стана општ општествен феномен. Сите сме потрошувачи и сите штедиме, за да купиме од распродажбите, како што покажа во својата последна книга (O skoposti) За скржавоста на Младен Долар. Таа брилијантна анализа за феноменот на потрошувачката како обратно штедење се базира врз следниот домен: кој купува на распродажбите заштедува, со онаа што го добил како попуст, а оној кој што не купува на таков начин, себе си си овозможува ствари, кои што другите неможат да ги имат, па со тоа добива престижен статус. Само јас можам да си ги купам тие толку скапи работи. Пролетерите претворени во потрошувачи сеуште ја губат престижната вредност, која пак, секако дека им ја одземаат сопствениците на капиталот. Тие сопственици отидоа толку далеку, што сеуште го користат зборот капитал, но заборавиле дека, во Марксова смисла, капиталот покрај прашањето за профит, во прв ред го запоставува односот помеѓу луѓето. Економската база сеуште е составена од продукциски сили и продукциски односи, а над неа е надоградбата, која го променува светот со идеолошкиот апарат на државата. Луѓето во сегашниот турболиберализам станаа human resurces, човечки извори. По оваа дигресија, од оваа дескрипција ќе ги поставиме трите важни содржини за разбирање на поимот на политичкото кај Мерло-Понти. Тие подрачја се дијалектиката и хипердијалектиката, комисарот и јоги-от и иднината на некои промени. Во авантурите на дијалектиката, самата дијалектика е одредена со негации: дијалектиката не е идеја на реципрочна акција, ниту солидарност на спротивностите и помирување, ниту напредок, којшто се става себеси повторно во погон, ниту пак премин од квантитет во квалитет. С#232; се тоа само последици од дијалектиката. Мерло-Понти ја расветлува добрата и слаба дијалектика и добра дијалектика е единствено хипердијалектиката. Хипердијалектиката е мисла која ја овозможува вистината, која се критикува себеси, без ограничувања ги почитува мноштвото односи, и онаа што Мерло-Понти го нарекува двосмисленост. Резултатот од разминувањата не е нужно нова позиција. Во хипердијалектиката се исклучува идејата на чистото негативно, а тоа го потврдува и битието како што го разбира Сартр. Проблемот кај Сартр е во тоа што тој ја признава субјективноста, но не ја познава интерсубјективноста. Двосмисленоста, која што се базира на ограниченост, емпиризам и интелектуализам, во поимот на политичкото се разоткрива преку приказните за комесарот и јоги. Јоги е усмерен кон сопственото себство и поради пресвртот кон внатрешноста не го гледа светот околу себе и така не е способен за акција, ниту пак ја посакува. Комесарот не го интересираат сопствените ставови, ами неговата акција е чиста акција зад која стои партијата, која што променува, а го присилува на промена и него самиот. Човекот е фундиран исклучиво како продукт на општеството. Комисар, каков што бил Бухарин, ја прима на себе критиката кон партијата и се жртвува себеси за целите на револуцијата. Како може феноменолошкото знаење за интерсубјективноста да допринесе нешто важно за поимот на политичкото ? Феноменологијата дава одговор на прашањето кој е човекот, како дејствува неговата перцепција и свест, како и што е интерсубјективност, редукција, epohe, конституција на евиденца, хоризонт и светот на животот. Во авантурите на дијалектиката можеме да прочитаме дека политички е оној човек кој за смртта на другите зборува како за елемент во статистиката. Од тоа би можеле да направиме заклучок дека непристојно е да се занимаваш со поимот на политичкото. Сепак никој не живее надвор од општеството. Политиката останува подрачје за можното, веројатното и тоа од Аристотел наваму. Влијае како судбина на нашата заедничка иднина, затоа што неможеме да ја препуштиме на некои други, попаметни, помоќни. Со хипердијалектиката под знак прашање можеме да ја поставиме политиката како праксис и да останеме свесни за опасноста, за сопствените цели да го употребиме и искористиме Другиот и другите, пролетерите, прогонетите, сиромасите, бесправно затворените. Секогаш одново мора да се критикува политиката како праксис. Само со тоа се отвораат вратите на цивилното општество. Секој став е секако политички. Jacsgues Derrida : Izbrani spisi, SOU, Krt, Ljubljana, 1994 M. C. Dilon: Merleau- Ponty,s Ontology, Northwestern University Press, Evanston, Illinois 1996 (1997).