Петиција за поддршка на МПЦ
Петиција за поддршка на МПЦ
Strelec http://www.petitiononline.com/makglas/petition.html

Петиција за подршка на Македонската Православна Црква (МПЦ) од Македонски Глас

Почитувани!

“Во текот на четиридецениското опстојување на нашата Света автокефална Македонска православна црква не престанаа жестоките напади за рушење на истата. Вранишковски и неговата банда се само едно предавничко, арамиско шпионско дувло”. Македонската православна црква досега во ништо нема отстапено од канонско литургичките и догматски правила и норми на Светата Источна православна црква. Српската црква заедно со Грчката црква со овој потег сакаат да унишат се што е македонско. Српската црква здружена со атинската, сакаат на Македонија „да и наметнат безумен црковно-духовен, национален и државотворен тероризам” – изјава на Владиката Кирил, најстар владика во Македонската православна црква и единствен жив владика кој бил член на првиот Свет Синод на Автокефалната Охридска Архиепископија, која во лицето на Македонската православна црква беше возобновена веднаш по Втората светска војна, на Првиот собор одржан во Охрид.

Ова претставува директно мешање во внатрешните работи на Македонската држава, и Македонската православна црква.

Ние Македонците од Америка и Канада даваме безрезервна подршка на Македонската Православна Црква – Охридска архиепископија во нејзиното опстојување.
Ние Македонците од Америка и Канада го осудуваме овој потег на Српската православна црква и секое мешање на соседните држави во внатрешните работи во Македонија како и Македонската православна црква.

Со потпишувањето на оваа петиција Вие и давате подршка на Македонската Православна Црква – Охридска архиепископија да опстојува како и досега. Со оваа петиција упатуваме повик до Владата на Република Македонија како и до нашите државни структури да превземат се што е во нивна надлежност за да ја заштитат Македонската Православна Црква.

Благодариме!


http://www.petitiononline.com/makglas/petition.html

toni_a potpisav... dali ke ima smisla ovaa peticija?
sisi Toni..ke dojde Concrete i sam ke go izrazi svojot "pesimizam". Smisla ima..a za rezultatite od peticijava moze da raspravame...