Da im se vrati sve nazat!!
Da im se vrati sve nazat!!
dejan Kako ne im e sram?!
I posle nekoj Grk ke mi kazuva deka nema Makedonci?!
Dzubrinja edni!
http://www.dnevnik.com.mk/?pBroj=2832&stID=60708


Грција е единствената држава во ЕУ која нема катастар за сопственост на земјиштето со цел да не бидат евидентирани имотите на Македонците-бегалци од Граѓанската војна во 1948 година и на тој начин да го оневозможи нивното право на сопственост, дознава "Дневник". По налог на ЕУ, Грција дури сега почнала да изработува катастар во некои делови од нејзината територија.

Правни експерти велат дека Македонците кои поседуваат тапии за сопственост на имотите може да ја тужат Грција и да си го вратат имотот за разлика од тие што не поседуваат документи и дека за нив ќе биде многу тешко пред судовите да ја докажат сопственоста.

Ѓорѓи Доневски, секретар на Сојузот на здруженијата на Македонците од Егејска Македонија, вели дека Владата на Грција формирала специјални комисии кои имаат задача што побргу да ги продадат имотите на Македонците-бегалци.

- Имаме потврдени информации дека владини комисии одат низ општините и вршат увид во каква состојба се имотите. Први на удар се имотите во Серес, Воден, Костур и Драма каде што земјиштето е најплодно. По процената, државата ги нуди имотите на продажба по багателни цени само што побрзо да најде купувач - вели Доневски.

Тој вели дека имотите на Македонците грчката држава ги дала на користење на лојални Грци доселени од Турција и од други држави, голем дел се под наем, а дел им биле конфискувани, но имало и имоти кои ги користат роднините на Македонците што побегнале во граѓанската војна.

- Македонците што останаа во Грција се етаблираа во грчкото општество, што е најбитно за грчките власти. Тие го знаат грчкиот јазик, а македонскиот е исклучен од употреба. Ако Македонците-бегалци се вратат на имотите, Грција се плаши дека ќе ја шират македонштината зашто ние ги задржавме сите традиции и обичаи и ги пренесуваме и на нашите поколенија. Целта на Грција е под притисок на меѓународната заедница во краен случај само парично да не обесштети за имотите - објаснува Доневски.

Здружението повело судска постапка против Грција пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Нивниот адвокат побарал од судот да изрече мерка забрана на продажба на имотите додека трае судската постапка.
Strelec dejan, prefrli go tekstov na ovoj topik: http://forums.vmacedonia.com/topic.asp?TOPIC_ID=10766 Za 17 minuti na ist forum otvarash dva topika za ista rabota!?