Се продава Македонска банка
Се продава Македонска банка
Strelec ОДЛУКА НА ГУВЕРНЕРОТ ПЕТАР ГОШЕВ Се продава Македонска банка Контраверзниот бизнисмен од Србија, Јовица Стефановиќ-Нини, доминантен сопственик на "Македонска банка" ќе мора да се ослободи од лавовскиот дел што го поседува во оваа наша банка преку радовишката фирма "Јака 80". Како што дознаваме, неодамна Народната банка на Македонија донесла одлука со која на газда Нини му се наложува да продаде 60 отсто од своите акции што ги поседува во "Македонска" од вкупно 70 отсто, со што би останале малцински сопственик на само десет отсто од акциите. Продажбата на акциите треба да заврши, според рокот даден од Централната банка, до крајот на годинава. Неофицијално, Народната банка на Македонија новата мерка за ослободување од 60 отсто од акциите на Нини во Македонска ја донесела со цел да и се помогне на банката да најде нов споственик, кој успешно би управувал со нејзиното работење. Ова е нова мерка што за краток период ја презема НБРМ кон Македонска, откако прво не и даде согласност да се спои со Радо банка, која неодамна отиде во стечај, а која, исто така, беше во доминантна сопственост на газда Нини. Непосредно, пак, пред летните одмори, врвот на монетарната власт на Македонска банка и го одзеде големото овластување, односно дозволата за работа со странство поради неможноста до 30 јуни годинава да изврши докапитализација со која би ја подобрила финансиската состојба. Оваа банка на барање на НБРМ лани изврши една докапитализација од 226 милиони денари или 3,7 милиони евра, а сумата за нова докапитализација изнесуваше 170 милиони денари или 2,76 милиони евра. Македонска банка претходните неколку години ги завршуваше со негативни резултати. Минатата година загубата изнесуваше 554 милиони денари или околу девет милиони евра, а годинава таа, сепак, се очекува да биде далеку пониска од ланската.
slasa abe Aco Nemam sitno imace ke e kupev odma