Брегалничката епархија
Брегалничката епархија
a-pin-dim Брегалничката епархија, која е наследничка на Злетовско-струмичката епархија, е една од трите најстари епархии во Македонската православна црква. Истата, под името Злетовско-струмичка, постоела и во периодот кога македонскиот народ бил под бугарско и српско ропство. Под истото име постоела и во периодот на возообновувањето на Охридската архиепископија во лицето на Македонската Православна Црква се до 1980 година, кога со одлука на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква, е преименувна во Штипска. Во 1989 година, исто така со одлука на Светиот архиерејски синод, која одлука е потврдена и од Црковно-народниот собор, одржан на 31 октоври и 1 ноември 1994 год., е приеминувана во Брегалничка епархија. На овие простори христијани­зицијата започнала уште во првите векови, а се утврдило во времето на светите браќа Кирил и Методиј, со нивната мисија во Брегалничкиот регион. Седиштето на Епархијата отсекогаш било и е во Штип, при Соборниот храм “Свети Никола”, каде што се наоѓаат и административните простории. Прв домороден архиереј на оваа Епархија, во возобновената Автокефална Македонско православна црква е митрополиотот Злетовско-струмички г. Наум, кој архипастирствувал од 1959-1977 година. Од 1977-1979 со Епархијата админстрирал митрополитот Дебарско-кичевски г. Ангелариј, а од 1979-1986 година со Епархијата раководел епископот Тивериополски г. Горазд. Во 1986 година, на 20 јули, на тронот на оваа Епархија е востоличен Неговото Високопреосвештенство миторполитот Американско-канадски и администратор на оваа Епархија г. Стефан, кој во 1989 година, со одлука на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква е поставен за надлежен архиереј со титула Митрополит Брегалнички. Епархијата ја сочинуваат општините: Штип, Радовиш, Свети Николе, Пробиштип, Кочани, Виница и Делчево, од кои, во 1996 година се формирани 19 локални самоуправи. Овие општини, на црковен план, се групирани во 4(четири) Архиерејски намесништва и тоа: Штипско, Кочанско и Радовишко Архиерејско намесништво, со вкупен број на жители 229.687, од кои со православна вероисповест се 214.216 жители. Бројната состојба на жители и верниците по намесништва е следнава: Намесништво Штипско Кочанско Радовишко жители 85892 67601 30555 православни 80947 63884 26097 други 4945 3717 4458 Црковно - духовниот живот во Епархија се одвива во 57 парохии. Прегледот на парохиите по намесништва е следниов: Целокупната пастирска дејност во епархијата, која успешно се одвива во сите тела и органи, под раководство на надлежниот Епархиски архиереј, ја изврашуваат 57 активни свештенослужители. Во Брегалничката епархија монаштвото е релативно младо. Во моментот има 6 монаси и 5 монахињи и повеќе искушеници и искушенички, чиј број последниве години се зголемува. Покрај активните свештеници во Епархијата има и осум пензионирани кои работеле на нивата Господова и се наоѓаат на заслужен одмор. Црковно-духовниот живот во Брегалничката епархија се извршува во 136 цркви и 28 манастири, чија состојба прикажна табеларно по намесништва е следнава: Во периодот од возобновувањето на нашата Светиклиметова црква (1958) па до 1998 година се изградени и осветени повеќе цркви и манастири, а не мал е бројот на цркви и манастири и други пропратни објекти, кои се во овој период реновирани. Бројот на новоизградени цркви и манастири е следниов: Во тек на изградба се уште осум цркви и три манастири кои, очекуваме, во догледно време да бидат завршени и осветени. На просторот од Брегалничката епархија се наоѓат повеќе архиеолошки локалитети со црковен карактер кои датираат од ранохристијанскиот период. Меѓу попознатите ќе ги спомнеме: Мордвис, Барагала и Крупиште. Во Епархијата постојат објекти, односно цркви и манастири чија градба датира од 11, 12,13, 14 век и т.н.. Брегалничката епархија располага и со богато културно и сакрално наследство. Со цел истото да биде што подобро заштитено и презентирано во јавноста, во 1971 година, во храмот “Успение на Пресвета Богородица” - Ново Село, Штипско, е формирана галерија, а во 1990 година формирана е уште една галерија при Соборниот храм “Свети Никола” во Штип. Во 2000 година, на тронот на оваа Епархија е востоличен Неговото Високопреосвештенство миторполитот г.Агатангел.
a-pin-dim [img]http://www.mpc.bregalnicka-eparhija.org.mk/images/map-mk-brep_g.gif[/img]