Масакр во Скопска Зоолошка градина
Масакр во Скопска Зоолошка градина
OooOo Масакр во Скопска Зоолошка градина

Заклани три срни и фрлени на мечките


Непознати хулигани во Скопската зоолошка градина упаднале ноќе и sверски заклале три незаштитени срни. Тие дивјачки им ги отсекле главите и ги фрлиле во живеалиштата на мечките. Настанот се случил пред една недела, но раководството на Зоолошката градина и полицијата го криеле настанот од јавноста.
Колењето на срничките почнало ноќта меѓу четврти и петти овој месец. Првин настрадала една од трите беспомошни срни, со име Ленче. Ноќните посетители вооружени, најверојатно, со стапови и со нож, лесно и без да бидат забележани од обезбедувањето, влегле во живеалиштето на срничките и ја нападнале Ленче. Првин ја претепале со стап, sверски ја мачеле и на крајот полумртва им ја фрлиле на мечките за да ја изедат. Оваа срничка беше омилена кај посетителите, особено кај децата, бидејќи толку беше питома што им јадеше на луѓето од раце.
Настанот, по наредба на директорката Верица Ефремовска, се чувал во најголема тајност. Но извори на "Вест сведочат дека мртвото тело на срната утрото по масакрот го нашле чуварите, кои веднаш пријавиле во полиција. Од МВР ни потврдија дека бил пријавен ваков инцидент и дека се уште полицијата трага по хулиганите.
Изживувањето со невините животни, познати како најкротките на Земјата, не застанало само со колењето на срничката Ленче. Обезбедувањето на Скопската зоолошка градина затаило и по два дена. Убијците на 7 август вечерта повторно се вратиле да ги доколат преостанатите две срни во живеалиштето. На мажјакот и на женката им биле отсечени главите. Главата на едната срна била најдена надената на жицата од оградата. Дека sверството го извршиле, најверојатно, истите сторители, кажува фактот дека тие одново им ги дале полумртвите тела на мечките да ги докасапат.
Мечките во Скопската зоолошка досега не се хранети со месо, но мирисот на свежата крв ги натерало да ги јадат полуживи. Еден од труповите на срната бил затрупан од мечката.
Директорката на Скопската зоолошка градина Верица Ефремовска вчера не беше достапна за коментар. Таа веднаш по настанот си заминала со ветеринарниот техничар и асистентката, двајцата нераздвојни колеги, на службено патување во Нирнберг. Рекоа, се враќа в четврток.
Минатата пролет беше претепан нилскиот коњ Ниско. И тогаш директорката Ефремовска им забрани на вработените да зборуваат за случајот. Откако веста излезе во медиумите, таа го демантираше настанот и објаснуваше дека "Ниско имал пролетно крвавење".
Во Зоолошката градина во Скопје овојпат се случи масакр, несфатлив за цивилизираните зоолошки градини каде било во светот. Во скопското живеалиште животните не само што се оставени на голо преживување, за што сведочат испакнатите коски на нивните грбови, млитавоста и валканиот и запуштен изглед, туку Зоолошката станува опасно место за живеење.
Ветеринарните експерти што ги консултиравме вчера, згрозени и револтирани од најновиот настан во Скопската зоолошка, апелираат барем Градот, под чија ингеренција е таа, итно да преземе мерки за заштита на животните. Велат, "најопасно од се е лицето Верица Ефремовска да остане и натаму на чело на оваа институција". Според нив, како што тргнала работата со претепување, масакрирање, изгладнување и болести поради неводењето сметка за хигиената на животните, Зоолошката и натаму ќе ја има на насловните страници на најтиражните медиуми во Европа, како лани во "Дејли мирор" и на Интернет, а Македонија може да биде опсервирана, па дури и санкционирана со европски методи за нехуман третман на животните.
Jakov Da mu posakame sreka na Trifun. Utre treba da mu se predade Gradinata pod gratska uprava da bide. Mozebi ke se smiluva toj konecno da go zatvori toa cudoviste vo sred grad. A za tie sto gi zaklale srnite..ja ednas porano za Nisko koga bese muabetot rekov samo Armija na 12te Majmuni za takvite.
трендафил За жал овој случај зборува за целокупната состојба во Македонија. Не само со власта, туку и со нацијата. Не велам дека лудаци нема секаде во светот. За жал, кај нас и ако некој ги видел би премолчал и не би ги пријавил во полицијата. Веројатно многумина и не знаат дека повикот на 192 е бесплатен и од мобилен и од фиксен телефон, па не се јавиле од објективни причини. Некои не се јавуваат од страв дека државата не е во состојба да ги заштити од насилниците. Трифун најави засилено обезбедување на зоолошката од денес (иако во владеење на градот треба да помине во септември), кога министрите ќе се вратат од годишните одмори. Но може ли градот да обезбеди чувари за секое животно, но и за секоја корпа за отпадоци, ѕид, дрво и друго, кое ќе ги чува од граѓаните на Скопје. Можеме ли малку да направиме и ние, граѓаните.
Jakov Можеме еве јас се пријавувам за доброволец. Да се организираме и да идеме да ја затвориме зоолошката во Скопје и да се спасат на тој начин животните. А кој сака да гледа интересни животинки има на Анимл планети и на Дискавери секој ден по цели саати со емисии од типот на Опстанок.
lav Срамота за нас (луѓето) а грев сторен кон затворените животни. пс ЗАДОЛЖИТЕЛНА ОСТАВКА на менаџментот и тоа моментална ако имаат доблест , а НА КЛОЦИ ...ако не сакаат со цивилизирани методи да ја напуштат таа за нив неприкладна работа.
Inkognito Zooloshkata gradina ne e vcherashen problem, seushte se sekjavam na slikata od tigarot so skrshena noga kako "moli" od posetitelite da mu dadat neshto za hrana. Rabotava e: ako mozhe nekoj da ja oddrzhuva neka postoi .. megjutoa ako nema.. togash neka se zatvori i neka se podarat zhivotnite na drugi ZOO.
dejan E bas 'ZOO' e ova...