Александар Станишев III
Александар Станишев III
Миле Во погрешка си Модераторе - модератор произлегува од модераре (што значи "посредувам мегу лугето"), а не од заклучаре (заклучувам теми)

И премногу лесно си се извртел - темата "Александар Станишев II" не беше посветена на премиерот Станишев, како што си писал за последно тамо - ова е абсурд, каков и овде досега немам видено - негу беше посветена на големиот син на Македониjа, убиениот от комунистите (без разлика дали се балгарски, србски или виетнамски, сите се криминалци) на 02.02.1945 год. во Софиjа д-р Александар Станишев од Кукуш.

Чим почна да заклучуваш теми, посветени на чувени Македонци, сам покажуваш колку си способен да модерирааш...
toni_a Александар Димитров Станишев 1 e познат научник и лекар во првата половина на ХХ век. Исто така, познат е по тоа што бил министер за внатрешни работи и за здравје во бугарската влада, за време на Втората Светска војна. Документите на АСНОМ, го третираат како "фашистички агент", додека бугарски историски извори сметаат дека тој се залагал за "ослободувањето на Македонија од грчко и српско ропство", и нејзино припојување кон Бугарија. Роден на 15 декември 1886 во Кукуш, Егеjска Македониjа. Му припаѓа на познатиот кукушки преродбенички род Станишеви. Средно училиште го завршува во Солун. Студирал општествена историja во Софиja (1904-1905), а потоа завршил на Медицинскиот факултет во Минхен, Германиjа (1905-1910). Работи како асистент во Универзитетската хируршка клиника во Минхен и во болници во Берн и Ландау (1910-1912). Во Балканските и Првата светска воjна учествувал како хирург во бугарски воjни болници во Тракија и Македонија.
toni_a Политичката деjност на Александар Станишев е поврзана со борбата за ослободувањето на Македониjа од српско и грчко ропство, и нејзино припојување кон Бугарија, а потоа со окупацијата на Македонија од страна на прохитлеровскиот режим на Бугарија во Втората Светска Војна (во бугарската верзија, оваа окупација е претставена како ослободување на Македониjа од српско и грчко ропство). Од 1 jуни 1944 до 2 септември 1944 година е министер на внатрешните работи и народното здравје на Бугариjа. После промените во Бугариjа на 9 септември 1944 е осуден на смрт од Народниот суд и на 1 февруари 1945 г. е стрелан заедно со други интелектуалци поврзани со политичкиот живот на Бугариjа за време на Втората Светска Војна.