МПЦ ќе бара враќање на „Св. Прохор Пчински“
МПЦ ќе бара враќање на „Св. Прохор Пчински“
dejan МПЦ ќе бара враќање на манастирот „Свети Прохор Пчински“ во рамките на територијата на РМ. Портпаролот на Светиот Синод на Македонската црква, господинот Тимотеј, денеска најави покренување на правна постапка пред меѓународните институции за враќање на манастирот.

„САС исто така размислува да покрене постапка на меѓународен план за повраќање на манастирот „Свети Прохор Пчињнски“ на РМ онака како што историски и припаѓа“, изјави г.Тимотеј, портпарол на МПЦ.

Постојат меѓународни конвенции кои мора да ги почитуваме и ние и Србите, ќе почнеме од Стразбур, изјави за А1 портпаролот на МПЦ, несакајќи да ги открие следните постапки на Македонската црква.

Во „Пчински“ 44-тата е одржано првото заседание на АСНОМ, но брзо потоа Македонија го изгуби, велат историчарите.

„Го изгубивме или не манастирот, тоа е од административна природа, од државна природа. Духовно, тој треба да потпаѓа под, не само владеење, и управување од нашата МПЦ“, вели Ставре Џиков.

„Во периодот од 2000/2001 година се потпишува договор со меѓународни посредници, каде во делот према нашата северна граница, за територијата на манастирот „Свети Прохор Пчински“ се потврдува дека и ние имаме право да го користиме манастирот, тоа значи и да го користи нашата МПЦ“, рече Џиков.

„Со тоа практично се дава и правен легитимитет да бараме правно и во билатерални односи и на меѓународен план за да се утврди статусот на манастирот „Прохор Пчински“ како заеднички манастир“, додаде Ставре Џиков.

Вратите на манастирскиот комплекс „Прохор Пчински“ годинава за Илинден беа затворени за македонската државна делегација.

На Пелинце се изгради скап алтернативен комплекс, но никој не го ни посети. Минатата година претседателот Црвенковски на „Прохор Пчински“ беше пречекан од бившиот владика Јован Вранишковски.
http://a1.com.mk/vesti/vest.asp?VestID=50281