Antikorupciska komisija:))
Antikorupciska komisija:))
Tik Tak E taka im e na ovie "glupavite" azijci koga ne si gi merat pred i po mandatot

Тајландскиот премиер е во потрага по министерот во својот кабинет кој го нарушил дигнитетот на Владата. Човекот не земал мито, не бил мрза, не шурувал со опозицијата, не го вработил вујко му... единствениот грев на министерот по чиј идентитет се трага на највисоко ниво е тоа што - си го зголемил пенисот! "Кој е, кажете ми кој е?," луто ги прашал своите министри премиерот Таксин Шинаватра на последната седница на Владата. Потрагата по "зголемениот министер" трае од минатата недела кога една жена тужена за клевета од една клиника за пластична хирургија изјави дека нејзините тврдења дека и била дадена погрешна доза силикон би можел да ги потврди и еден министер кој во исто време бил на клиниката. "Не сакам цел свет да мисли дека сте опседнати со такви работи и дека немате попаметна работа", им рекол премиерот на своите министри. Така им е кога немаат 'антикорупциска' да ги измереше "пред и по", па да се види кој колку сантиметри заработил за време на својот мандат.