Ја менуваат историјата на македонскиот народ
Ја менуваат историјата на македонскиот народ
dejan Издавачката куќа "Просветно дело" и авторите на новиот учебник по историја за осмо одделение ги демантираа обвинувањата од Социјалистичката партија на Македонија дека со новиот учебник ја менуваат историјата на македонскиот народ. Ели Маказлиева, главен уредник на Просветно дело, вели дека не е точно тврдењето на СПМ дека во учебникот од авторот Владо Велковски и коавторите Халид Сејди, Аријан Аљдеми, Димка Ристовска и Ѓорѓи Павловски, Охрид и Струга се опишани како албански етнички предели, Западна Македонија како албанска етничка територија, и дека наместо Македонци е употребен терминот Словени. Таа тврди дека обвинувањата од СПМ се тенденциозни со намера да се урне продажбата на нивниот учебник, за да им се даде време на нивните конкуренти да го понудат за продажба вториот учебник по историја што добил согласност од Министерството за образование.
"Нашиот учебник на конкурсот беше прворангиран, а согласноста ја добивме на 18 август. Во петокот минатата недела го пуштивме во продажба и оттогаш почна хајката против нас", рече Маказлиева.
Авторот на учебникот Владо Велковски рече дека на изработката на учебникот работеле тим македонски и албански историчари и дека тој е направен по препораките од Министерството за образование. На прашањето зошто балистите не се прикажани како соработници на фашистичка Германија и зошто за нив се употребува терминот албански борци, тој рече дека одговара само за македонскиот дел од историјата, а за албанскиот неговите колеги Албанци што работеле на учебникот.
Маказлиева рече дека новиот учебник е вака направен бидејќи такви биле препораките од Министерството, кое со новата политика препорачало термините фашисти, клети турци и балисти, да не се употребуваат во учебници со педагошки карактер.
Министерот за образование Азис Положани рече дека Министерството нема намера да коментира вакви обвинувања, кои се апсолутно неточни.
"Изнесените обвинувања не се точни и се во функција на манипулација со чувствата на луѓето. Со учебникот се настојува подобро се запознаваат луѓето меѓу себе и е во функција на афирмација на вредностите кои се општо прифатени, а не да ја смени историјата и историските факти", рече Положани.

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=103263&idg=6&idb=1554&rubrika=Makedonija

Mmm....znaci ova e sve vo ramkoviot dogovor????
OooOo http://forums.vmacedonia.com/topic.asp?TOPIC_ID=10965&whichpage=3