Makedonsko-grcki odnosi
Makedonsko-grcki odnosi
Aj u Kafic Izvinite, ne najdov neshto slicno vo starite forumi, pa otvoruvam nov. Eve eden interview od Utrinski, pa iskreno kazhano ... po nekoi raboti ima pravo coekot, ama na kraj epten zagrozuva sve... Аристотел Циампирис, грчки аналитичар и експерт за македонско-грчките односи, за односите меѓу двете земји и за проблемот со името Предлогот на Нимиц е многу блиску до уставното име на Македонија Нимиц ја респектира грчката реалполитика која тргнува од позиции различни од оние пред една деценија Аристотел Циампирис е професор по меѓународни односи на Универзитетот †Пирејји во Грција, истражувач во најугледната грчка фондација за надворешна политика ЕЛИАМЕП и автор на три книги за македонското прашање, од кои последната посветена на грчко-македонските преговори за името ќе биде објавена напролет. Според неговата изјава, невладините организации во Грција, главно, работат со прашањата што традиционално се важни за земјата, т.е. Балканот, односите со Турција, спорот околу Кипар, Блискиот Исток и, секако, спорот за името со Македонија. Како го толкувате фактот дека овие прашања, по толку години, сў уште се отворени за Грција? - Конкретно, последниот голем обид да се реши спорот околу името се случи во 2001 година, кога беа вложени големи дипломатски напори да се постигне согласност за предлогот "Горна Македонијааи. Оттогаш не се правеше многу, до минатиот септември, кога грчката влада отиде во ОН и побара интензивирање на преговорите. Зошто го стори тоа? Делумно, тоа се случи бидејќи станува збор за нова администрација која можеби сакаше да го реши прашањето. Втора можна причина е институционалниот фактор, особено членството во НАТО и ЕУ, бидејќи од домашна перспектива полесно е да Ј се продаде на јавноста тезата дека правиме компромис за да се отвори патот кон овие организации. Се сомневам, сепак, дека причината беше тоа, бидејќи работите не се одвиваат на таков начин. Во ноември, како што знаете, се случи голем настан: пред референдумот во вашата земја САД ве признаа под уставното име Република Македонија. Ова беше пресвртна точка на многу начини. Следен исклучителен настан беше објавувањето на предлогот на Нимиц. Тој, не само што понуди предлог-име туку внатре ги вклучи прашањата за образованието и за текстовите во учебниците, кои влијаат на создавање на проблемот. Во последно време се појави и нов аргумент за забрзување на преговорите. Тоа е фокусираноста на новата администрација на регионалната стабилизација. Аргументот е приближно вака: ајде да го решиме спорот и да ја стабилизираме визијата колку што е можно повеќе пред одлуката за финалниот статус на Косово. Ова во основа е многу различен аргумент од тие што ги добиваше од нас меѓународната заедница во раните деведесетти години. Тоа е нешто како реалполитика, што мислам дека беше респектирано од страна на Нимиц. Најинтересно е што грчката влада предлогот на Нимиц го објави пред јавноста, за разлика од предлогот "Горна Македонијааи, кој се криеше од неа во 2001 година. Причините што спорот, сепак, не е решен водат до деведесеттите, кога се отвори прашањето. Тоа во Грција беше поврзано со внатрешната и партиската политичка сцена, но исто така и со историскиот идентитет и културата. Ваквите прашања се најтешки за решавање и мислам дека двете земји треба да отидат понатаму од името и да се концентрираат на образованието и на културата. Тоа, всушност, е нешто што треба да се случи во целиот регион на Западниот Балкан. Државите овде треба да воспостават комисии за да ги истражат текстовите во книгите и да се обидат да осигураат дека начинот на кој се третираат проблемите со малцинствата е толерантен, а фактите прецизни колку што е можно повеќе. Многумина во Грција сметаат дека по предлогот на Нимиц се напушта нашата претходна позиција и дека таа дојде многу блиску до уставното име. Република Македонија - Скопје е многу блиску до уставното име. Мислам дека тоа беше добар предлог, прифатлив за Грција, иако анкетите сугерираа дека не е популарен во јавноста. Но, некогаш политичарите носат одлуки што се спротивни на јавното мислење. Инаку, не ви треба влада, би ви требале само испитувачи на тоа мислење. Предлогот предизвика длабоко разочарување во Грција, бидејќи многумина мислеа дека е премногу блиску до оригиналното име на вашата држава и дека Грција јавно ја менува својата позиција и го признава зборот Македонија како дел од спогодбата. Од грчка гледна точка ова беше многу голем пресврт. Како го објаснувате фактот дека веќе осум месеци се целосно замрзнати политичките односи меѓу двете земји?- Мислам дека тоа е одраз на незадоволството од одбивањето на предлогот на Нимиц, но нема да трае вечно. Можеби веќе на крајот на годината ќе се случи нешто што ќе ги смени работите. Важно ќе биде што ќе се случи во ноември, кога ќе дојде препораката на Европската комисија за апликацијата, која може да биде "дааи, но со одредени услови за земјата. Таа препорака потоа оди во Советот на министрите, а тој всушност ја носи одлуката. На пример, кога Грција бараше членство во ЕУ, Европската комисија не Ј даде позитивна препорака. Но, тоа беше изменето во Советот. Затоа, не знаеме што ќе се случи во ноември. Каква ќе биде реакцијата ако Атина го прифати уставното име на Македонија? - Нема да биде толку жестока како пред десет години, но ќе биде многу чувствителна и ќе има политичка криза околу тоа прашање. Не сум сигурен дека ќе може да се постигне консензус околу таквото решение. Запрепастувачко околу предлогот на Нимиц беше дека официјалните лица го прифатија во голема мера и го поддржаа. Ако се случи тоа што го велите вие, мислам дека тој консензус ќе се распадне, бидејќи нема да има значаен компромис во тоа решение. Многу е тешко, затоа, за која било влада да направи таков потег и не сум сигурен дека која било влада би сакала да го стори тоа. Тоа што грчката влада минатиот септември отиде во Обединетите нации да бара интензивирање на преговорите сугерира на процена дека и одлагањето за Атина не е добра опција. Исто така, важно е да се види каква ќе биде позицијата на САД околу ова прашање. Секако, тие го признаа уставното име, но во меѓународната политика работите некогаш се покомплексни. Можеби посетата на премиерот Владо Бучковски во октомври ќе се покаже значајна околу спорот. По толку години преговарање некое решение мора да се најде и мора да има компромис. Останува да се види во колкав обем името ќе создаде проблем при вклучувањето на вашата земја во НАТО или во ЕУ. Очекувам тоа прашање да биде отворено на некое ниво и во некој момент од процесот и можеби при приемот во НАТО да има некаков вид препорака за спорот околу името. Според Вас, на што се должи фактот дека над 110 земји го признаа уставното име на Македонија? - Овој развој е некако чуден, бидејќи Грција успеа во 1994 година да издејствува привремено име во Обединетите нации, и покрај големите симпатии во Светската организација за новоформираните демократии. Од академска гледна точка, всушност, не е толку изненадувачко што толку многу држави го признаа уставното име, туку како дојде привременото име. Невозможно е, сепак, да Ј кажете на која било држава како да именува друга. Покрај тоа, целата идеја на Нимиц е да предложи име за меѓународна употреба, кое нема да има ефект ако некои земји решат да користат друго име. Исто така, предлогот нема да влијае и врз уставното име. Тоа нема да се смени поради предлогот на Нимиц. Билатералните признавања, според мене, не се базирани на академски независни процени, туку повеќе на таа реална политика. На пример, дури и во САД никој не вели овие се во право, оние не се. Начинот на кој се спроведува меѓународната политика е со земање предвид на пошироки размислувања и интереси: дали сакаме нестабилност во одреден регион, дали сакаме промена на границите, дали сакаме герилски војни и слично? Ако одговорот е не, ќе се заклучи дека ова или она може да стабилизира, и затоа е приоритет. Тоа особено беше видливо кај американското признавање на името пред референдумот. Затоа тоа не се случи во 1993 година, 1912, 1944, 1949 или некоја друга дата. Тогаш имаше други регионални интереси. Погрешна ли е позицијата на Грција или начинот на кој се обидува да ја наметне? - Во меѓународните односи не е важно дали е нешто исправно или не, туку дали е изводливо. Можеш да имаш најисправна позиција, но да не можеш да ја имплементираш меѓународно. Меѓународните релации често се базираат на компромиси и секој мора да се постави меѓу желбите и можностите. Затоа, што се однесува до грчката позиција, не е важно дали таа е погрешна или исправна од историска гледна точка. Ако се навратите сега на првите предлози за спорот околу името, од предлогот на Пињеиро, извештајот на Робин О'Нил, Привремената спогодба, предлогот "Горна Македонијааи и, на крајот, предлогот на Нимиц за †Република Македонија - Скопјееи, очигледна е тенденцијата тие да бидат полоши за грчката страна. Тоа е факт. Времето не работи за Грција. Големо е искушението да се каже - да не правиме ништо, зашто исходот е видлив. Но, тоа може да се случи, а може и не. Мислам дека првпат во историјата Грција најави дека сака да направи компромис. А сепак, на таквата најава дојде одбивање од ваша страна. Тоа речиси повредува. Впечаток кај нас е дека Грција како европска земја води старомодна политика во однос на соседите, во голема мера балканска... - Не би рекол дека е така. Во 2001 година, како што знаете и самите, под прашалник беше дури и опстојувањето на вашата земја. Грчките политичари, и покрај тоа, категорично изјавуваа дека не сакаат промени на границите. Дури и во време на ваква слабост ние никогаш не притиснавме силно за да добиеме согласност околу проблемот со името. Покрај тоа, немаше ниту грчка унилатерална акција во ЕУ и во НАТО, како обид да се дестабилизира и да се конфронтира прашањето со етничкиот раздор. Како што покажаа настаните, тоа беше модерна политика. Не сакаш промени на границите, туку државата да постои и да функционира. Ова е модерна политика, не од 19 век. Овој мултилатерален пристап јас го гледам и кај новата администрација во Атина. Сепак, ние во Грција сме експресно сензитивни на прашањата кои се однесуваат на античка Македонија. Јас, на пример, бев многу изненаден кога видов овде вино со името "букефалли. Тешко е за кого било Грк, особено ако е историчар, да најде некаква врска меѓу античка Македонија и вас. Ако погледнете во мапата, античка Македонија е многу мал дел од територијата на вашата денешна држава. На крајот на краиштата, тука беа и Турците, а вие не велите дека сте Турци, исто така. Отоманска Македонија беше турска. © 2001 Утрински Весник, сите права задржани
Pro Patria 2 prezemeno od "Vreme": Грците се Турци и обратно Истражување на генетичари од британскиот универзитет „Оксфорд“ покажало дека денешните Грци се генетички идентични со Турците. И покрај долготрајните непријателства и војувањата во минатото, метаболизмот кај овие два народи и ДНК-структурата им се сродни, што укажува дека потекнуваат од иста група народи. Истражувањето на „Оксфорд“ покажало дека денешните Грци немаат никаква врска со древните Грци, односно со хеленската цивилизација, која ги дала демократијата, Аристотел и Александар Македонски. Република Грција се претставува како наследник на древна Грција и на нејзините придобивки. Од друга страна, денешните Турци, според науката, се потомци на племе што од средна Азија се ширело кон Балканот и денешна Турција, како и кон Каспискиот басен, па се до Монголија. На Балканот Турците почнале да се доселуваат откако ја победиле Византија во 15 век.
dejan [:(!]http://www.vecer.com.mk/tekst.asp?tid=16388 I od koga ima 'atakuvaat' vo Makedonskiot jazik?!
Aj u Kafic smeshno e toa dejan, ama tie se sitni diplomatski igli koi sepak bolat a ostavaat losh vpechatok za toj shto upotrebuva takvi instrumenti.