Купи ми мила ле мајко ТОП ?
Купи ми мила ле мајко ТОП ?
lav А зашто баш ТОП? А зашто на овега подоолуопишаниов му требал а?. 02.09.2005 Безбедноста е подобрена, Кондово уште не е целосно решено. Премиерот Бучковски ја соопшти својата оценка за судскиот скандал со Красниќи, според него и владата - судиите постапиле исправно кога ги повлекле потерниците, а полицијата работела според законот. Но Премиерот соопшти што содржел разузнавачкиот извештај на МВР - на 15-ти јули кај Кондово имало група од 80-тина вооружени, биле снимени со беспилотно летало, имале тешки митралези и топ. Тогаш Бучковски не можел да ги изнесе овие разузнавачки детали, што веќе за него не се државна тајна. „Групата која беше под патронат на Рамадан Шити - пребега во Косово. Другите се разоружани. Тоа е групата која беше под патронат на Агим Красниќи“, изјави Владо Бучковски, претседател на владата на Македонија. 03.09.2005 По неколкумесечните уверувања на власта дека Кондово не ја загрозува безбедноста и вчерашниот налет на искреност на Премиерот дека таму имало 80-тина вооружени, полицијата конечно го најде оружјето. МВР по досегашниот неуспех да го заплени арсеналот на Красниќи, ја реши енигмата која произлезе по повлекувањето на потерниците за локалниот командант, но и една од задачите кои Премиерот вчера си ги постави. Еден топ, рачен фрлач, 7 РПГ, по 2 зољи, автоматски и полуавтоматски пушки, 2 пушкомитралези и 4 бомби. Тоа е оружјето со кое Агим Красниќи и неговата 80-члена група биле вооружени и се закануваа со гранатирање на Скопје. Сега го нашле кај пругата во Кондово. А1 дознава дека и локалниот командант од Брест, Бреза, по кого има потерница, сакал да го примени рецептот на колегата од Кондово. Преку политичари од албанскиот блок изразил готовност да се појави во судот тој или неговиот адвокат. Сакал да види за каков прекршок го гонат и какви докази имало против него. Бреза знаел само дека го товарат за киднапирањето полицајци во Арачиново пред 2 години, за што бил подготвен да докаже дека не бил инволвиран. Премиерот вчера рече дека Кондово ќе го анализираат повторно откако полицијата ќе го најдела оружјето и кога ќе се видел исходот од судењето за Красниќи, кое ќе почнело во октомври. пс И накрај и Јас да си изигрува(м) фактор во оваа убава земја.
трендафил Само ако Македонец купи топ нема Бучковски да прави политички компромис туку ќе ги подигне хеликоптерите. Со ракети, не без оружје како во војната 2001 година. Се сеќавате како помина Диме Ицковски - Поштарот. И со топ не ќе поминеше подобро.
трендафил
quote:
Пронајдено дополнително оружје околу Кондово Макфакс 05.09.2005 Македонската полиција, во неделата, пронашла дополнително количество оружје и муниција во околината на село Кондово, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи. Оружјето е пронајдено по полициски активности во истиот регион во околината на Кондово, каде во петокот вечерта, беше пронајдено одредено количество оружје. Како што се наведува пронајдени се еден минофрлач, пушкомитралез без и со постамент, митралез со барабан, пет автоматски пушки, една зоља и еден РПГ. Полицијата соопшти дека во втората акција се пронајдени и две гранати за минофрлач, шест тромблони, девет пакетчиња запалки за гранати, муниција, противпешадиски мини и експлозив ТНТ. Полицијата врши увид на лице место, а оружјето е превземено на вештачење, се додава во соопштението на МВР.
Уште вчера кога беше пронајдена првата количина на оружје кај Кондово се сетив на еден стар виц кога двојца Цигани (се извинувам на изразот но се работи за време кога не ги викаа Роми), војници во непријателски војски, си ги менувале пушките (наводно заробиле непријателска) за да добијат наградно одсуство. По некое време не давале одсуство за пушка и едниот од својот ров почнал да вика на Ромски: „Рамче, имаш ли топ?!“ Порано беше обичај МВР да покаже снимка од најденото оружје на местото на наоѓање. Сега такво нешто не видовме. Дали за да не се види и оружјето останато кај терористите во нивниот магацин?