Борците од НОБ против борците за самостојна МК
Борците од НОБ против борците за самостојна МК
трендафил Борците од Народноослободителната војна бараат да им се укинат правата на лицата прогонувани и затворани за идеите на самобитноста на македонскиот народ и државност. Тие сметаат дека во периодот од 1945 до 1991 година немало лица што се бореле за такви идеи, бидејќи самобитноста на македонскиот народ и неговата државност се остварени во 1944 година. Републичкиот одбор на Сојузот на борците покренал иницијатива пред Уставниот суд за укинување на повеќе одредби од посебниот закон со кој им се гарантираат правата на тие лица.
_________________________________
Според мене на сите борци треба да се гледа индивидуално. И покрај модата во Македонија на се` да се гледа во јато. Без разлика дали се работи за етнички заедници или за НАТО, на пример. Ниту сите членови на здружението на борци од НОБ не се вистински борци (некои се зачленети по војната со два сведока), ниту сите борци по војната не се бореле за самостојна Македонија, туку некои биле за зависност од друг. Самите борци од НОБ се имаат откажано прво од Методи Андонов - Ченто, после од Лазар Колишевски. Во двата случаја од политички причини. Значи ттеба да се разграничи прво кој навистина се борел, после за што се борел. И кај едните и кај другите.
Jakov Nasite borci...50 godini potoa seuste nemozat da smognat sili i da najdat sila vo sebe za nekoi raboti megu koi i ovaa. tie seuste na Sarlo gledaat kako na exponnet na bugarskata politika, site onie koi stradale za ideite za samostojnost gi gledaat kako neprijateli a nikogas ne komentiraat nisto za voenite penzii so dva svedoci i kako toa od 111 partizani 1941 vo 1944 stanaa 100 000
трендафил Ветераните на СДСМ очигледно мислат дека имаат монопол врз Македонија. Иако е неспорно дека имаат заслуги во формирањето на македонската држава. Поради тоа веројатно и државата е ваква каква што е. Самостојна Македонија ја ствараа луѓе кои не ја сакаа самостојноста. Не зборувам за борците во НОБ, туку за тие што дојдоа на чело на државата на II заседание на АСНОМ, т.е. на Колишевистите и кои станаа борци после војната, од кои понатаму произлезе СКМ-ПДП, односно СДСМ.
lav
quote:
Originally posted by трендафил
Ветераните на СДСМ очигледно мислат дека имаат монопол врз Македонија. Иако е неспорно дека имаат заслуги во формирањето на македонската држава. Поради тоа веројатно и државата е ваква каква што е. Самостојна Македонија ја ствараа луѓе кои не ја сакаа самостојноста. Не зборувам за борците во НОБ, туку за тие што дојдоа на чело на државата на II заседание на АСНОМ, т.е. на Колишевистите и кои станаа борци после војната, од кои понатаму произлезе СКМ-ПДП, односно СДСМ.
Како експлицитен пример за погореискажаното ете ви е ...како пример и Ќиро Глигоров(иќ) ...кој има СПОМЕНИЦА ПРВОБОРЕЦ од 1941 година и истатаква и пензиа (1000 Евра+кусур) а е заведен како адвокат во Скопје се до 1944 година , кога подоцна Бугарите покажаа (на друг сајт) МОЛБА за добивање на статусот разбора се со уверение за БЛАГОНАДЕЖЕН Б‘ЛГАРИН а е упатено до Царот на Б‘лгарите БорисII. Мислам дека сајтот беше од Бугарскиот Архив во Софија и Јас иако го имав некаде ми е по се изгледа и избришан така да не можам да ви го презентирам.
dejan http://www.dnevnik.com.mk/?pBroj=2867&stID=63518