Фестивал по пример на големите фестивали
Фестивал по пример на големите фестивали
dejan [img]http://217.16.70.245/izdanija/1889/30077.jpg[/img] Дваесет и шестиот фестивал на филмската камера "Браќа Манаки", кој се одржа од 20 до 25 септември, годинава за разлика од претходните изданија најмногу личеше на фестивал по примерот на големите филмски фестивали. Нивото на фестивалот дефинитивно беше подигнато и во смисла на материјали, на организација, прес центар и поголема професионалност во комуникацијата соиnbsp; медиумите без кои едноставно фестивалот не е фестивал. Нивото кое тој го достигна годинава резултираше со вистинско фестивалско живеење во текот на овие пет дена, со посетеност и со интензитет кој никако не би смеел да се намали. Тоа не значи дека фестивалот немаше пропусти и дека овде треба да се застане, но во секој случај годинава добрите страни беа толку видливи и за поздравување па лошите ќе ги оставиме за крајот. Годинешниот фестивал успеа да донесе голем број гости, но и критичари и новинари со што дефинитивно ги помина своите граници. Не смее да се заборави дека годинава во Битола беа четворица мајстори на фотографијата, четворица култни сниматели кои се влезени во 100-те најголеми директори на фотографија во светот. Тука првенствено беше Виторио Стораро, добитникот на наградата за животно дело, потоа Кристијан Бергер, Австриец, кој во Битола одржа семинар за новиот начин на осветлување, како и двајца легендарни сниматели од поранешна Југославија, Томислав Пинтер од Хрватска и Карпо Година од Словенија. Оваа година се одржаа две предавања, на Стораро и на Бергер, секој ден се одржуваа прес конференции, се одржа една тркалезна маса на која се зборуваше за состојбите во балканските кинематографии, а беше оформено и едно меѓународно жири со новинари и критичари од седум различни земји. Оваа година беше доделена и една нова награда, која ја даде големиот филмски концерн од Русија "Мос филм", а традиционалната студентска програма годинава доби професионално жири. Во чест на 100-годишнината од македонската кинематографија беше подготвен видео-клип, кој ќе беше уште поефектно да одеше пред секоја проекција, а исто така и фестивалската палата (која беше тоа многу повеќе надворешно отколку во самата сала која дефинитивно треба да се реновира) беше цела во знакот на македонскиот филм преку плакатите кои беа поставени низ нејзините холови, а исто така и соиnbsp; познатата камера 300 изложена во фоајето на палатата. Во неа беа поставени и три екрани на кои постојано одеа сцени од филмовите и од случувањата на фестивалот. Средбата со Стораро, како и тркалезната маса за "Балканика" одеа со симултан превод со слушалки (што не ни е јасно зошто не се примени на с?), а материјалите беа функционални, комплетни, се разбира заедно со билтенот и добро, сосем умерено дизајнирани. Токму затоа и многу изненадија отворањето и затворањето на фестивалот, кои делуваа како неподготвени и многу лошо организирани. За отворањето веќе пишувавме и тоа навистина беше многу лошо осмислено и изведено. Останува и замерката дека 100-годишнината требаше малку на поинаков начин да биде акцентирана и на отворањето, а и низ текот на целиот фестивал, едноставно таа требаше да се чувствува, да им се оддаде почест на бројните легенди на македонскиот филм присутни на фестивалот, да се направи прес-конференција со нив и друго. Што се однесува до затворањето пак, тоа навистина делуваше многу хаотично, особено што никако во Битола да се среди и професионализира состојбата со симултаниот превод во живо. Понекогаш е навистина штета и покрај целиот влог да се уништи она што треба да биде врвот. А она што заслужува најголема критика, дефинитивно, е тоа што немаше кому да се доделат наградите. Таквиот факт и неприсуство на директорите на фотографија чии филмови се во програмата, создава едно чувство дека станува збор за некоја локална приредба. Организаторите мора да водат сметка за тоа кого можат да доведат. Вака излегува дека сме премногу амбициозни, вклучуваме во програмата филмови кои одеа на големите фестивали и чии автори нема никакви можности да ги донесеме. Тогаш кому таа почест, чија работа вреднуваме, како си доделуваме награди. На тој начин целиот рејтинг кој сакаме да го постигнеме, особено пред бројните гости годинава, паѓа во вода, бидејќи излегува дека фестивалот не е вреднуван. Интересно е дека станува збор за почитување на работата на снимателите, што е еден од поретките фестивали, а освен тоа и најстар, и ние мораме на тој начин да му дадеме тежина. Вака што и да направиме, тој ќе го има вкусот на локалното. http://217.16.70.245/?pBroj=1889&stID=44050&pR=5 [:)]