Библијата за Александар Македонски и за неговите
Библијата за Александар Македонски и за неговите
Homer MakeDonski Библијата за Александар Македонски и за неговите наследници Превземено од книгата “Библијата за Македонија и Македонците’ на Ѓорги Поп Атанасов Почетоците на македонската државност се кријат некаде во длабоката древност. По тоа прашање историчарите искажуваат најразлични, спротивни една на друга, хипотези. Древните автори, исто така, не го расветлуваат овој проблем целосно, туку ни соопштуваат само одделни факти, кои, во повеќето случаи, се позајмени од народните преданија. Така, старогрчкиот историчар Херодот (484-425 год.) пишува: "Пердикас, прадедо на Александар од седмо колено, ја спечали власта над Македонците на следниов начин: од Аргос побегнале кај Илирите тројца браќа од потомците на Темена - Гаванес, Аероп и Пердикас; од Илирија тие поминале во горна Македонија и дошле во градот Лебеја62. Тука му слугувале на царот, а тој ' им давал награда. Едниот од нив ги пасел козите, другиот воловите, а третиот, најмалиот, Пердикас - ситниот добиток. Жената на царот сама, со свои раце, им приготвувала јадење, бидејќи во старо време и владетелите биле сиромашни со пари, а не само обичните луѓе. Секојпат кога се печел лебот на малиот Пердикас, тој станувал двојно поголем од почетниот свој размер. Бидејќи тоа секогаш така станувало, таа го соопштила ова на својот сопруг, а тој, откако го чул ова, се досетил дека ова е знак за нешто несекојдневно, ги повикал кај себе своите слуги и им рекол да ја напуштат неговата земја. Тие, пак, му одговориле дека е праведно да си ја добијат наградата за работењето, а потоа да си отидат. Царот, кого божеството го лишило од разум, кога чул за награда, им го посочил сонцето, чиишто зраци проникнувале во куќата низ оџакот и рекол: "Еве ја достојната за вас награда што ви ја давам". Постарите браќа Гаванес и Аероп, слушајќи го ова, останале вчудоневидени, додека малиот Пердикас, којшто случајно имал во себе нож, рекол: "Го примаме, цару, тоа што ни го даваш" и со својот нож нацртал на подот круг околу сончевата светлина, а потоа трипати ____________________ 62Местоположбата на овој древен град е непозната. *** загребал од сончевите зраци, ги ставил во својата пазува63 и си заминал со своите браќа. Кога тројцата браќа се оддалечиле, некој од царската свита му објаснил на царот, колку неразумно постапил тој и колку разумно најмладиот брат го зел она, што му било дадено. Откако го чул ова, царот се јадосал и испратил по нив колесници за да ги погубат. Во тие области има река64, на којашто потомците на овие аргоски мажи принесуваат жртви како на спасителка. Водата на таа река, откако, поминале преку неа Теменидите, така придошла, што царските коњаници не успеале да ја прегазат. Потоа Теменидите дошле во друга област на Македонија65 и се населиле близу до градините, коишто, како што велат, му припаѓале на Мидас66, синот на Гордиј ... Над овие градини се наоѓа планината по име Бермион, којашто е недостапна поради студот. Од таа месност, откако ја завладеале, тие ги покориле и останатите делови на Македонија. Од овој Пердикас потекнува Александар, кој бил син на Аминтас, а Аминтас - син на Алкетас. Татко на Алкетас бил Аероп; татко на Аероп -Филип; татко на Филип - Аргеј; татко на Аргеј - Пердикас, оној истиот што ја добил царската власт. Такво е потеклото на Александар, синот на Аминт"67. По Александар I царуваат последователно Пердик, Архелај и Филип II, таткото на Александар Велики Македонски. Тукидид во својата "Историја на Пелопонеската војна" (II,100), исто така, тврди дека пред Архелај царувале осум македонски цареви. Во случајот, меѓутоа, Херодот и Тукидид ја имаат во предвид само најпознатата македонска царска династија, на која и припаѓа _________________________ 63Со овој ритуал Пердикас симболички станува сопственик на огништето, каде што паѓале сончевите зраци, а оттаму и на сиот царски имот; освен тоа, тој го придобил сонцето како сведок за добивањето на царскиот дом и на целата царева земја во своја сопственост. Оттука потекнува традицијата како заштитен хералдички знак во македонската царска династија да се употребува сонцето. 64Најверојатно станува збор за реката Еригон (Црна Река). 65Можеби во централна Македонија, во областа на подоцнежниот главен град Еге. 66Под негово водство Бригите ја напуштиле планината Бермиј и се населиле во Мала Азија, прифаќајки го новото име Фриги (Фригијци). 67 Г. Кацаров и Д. Дечев, Цит. д., стр. 33-34.
Homer MakeDonski Миторлогијата по Херодот би можела да се спореди со она во Билблијата,каде надоаѓањето на водите на Морето ,ги оневозможиле фараоновите гонители да фатат еврејските отселеници ,исто како што и водите на “ реката Еригон’откако надошле оневозможиле бегалците да бидат фатени. И ако во приказната со отвореното море гонителите ,биле сите до еден истребени , останала непозната судбината на колесниците , кои биле пратени од царот,кој бил сиромашен да им дава пари на работниците , но веројатно не до толку за да плати гонители изнајмени заради нечие погубување.Непозната дали само биле спречени во гонењето или инастрадале во водите на надојдената река ,но едно е сигурно дека постојат примери на пресликување на митологијата од еден до друг народ (-zab.H.M) [;)]
Homer MakeDonski но да продолжиме ..и Александар Македонски. Инаку, ние видовме дека Херодот, во својот расказ, зборува и за друг македонски цар, кај кого што слугувале Пердикас и неговите браќа. Тоа, дека уште пред Пердикас Македонија имала свои цареви и свое општествено уредување, се потврдува и од други древни историчари. Еден од нив е Гај Јулиј Солин (III в. по Хр.),кој напишал труд во врска со историјата, географијата и природознанието, а во него се осврнува и врз прашањето за историјата на Македонија и нејзините жители. Во ова свое дело Гај Јулиј Солин, меѓу другото, го пишува и ова: "Ематиј, којшто прв ја примил врховната власт во Македонија, се смета за автохтон, или затоа што трагите на неговото потекло, со тек на времето, биле потполно избришани, или едноставно затоа што така стојат работите. Добиеното според него име кај Македонците Ематија се затврдило. Но Македон, внук на Девкалиона од мајчина страна68, којшто единствен, заедно со својата жена, ја избегнал општата пропаст, го променил тој назив и ја нарекол земјата според своето име Македонија. Македон бил наследен од Каран, водач на една пелопонеска дружина, којшто, според упатството на оракулот, основал град на местото, каде што забележал дека се одмара стадо кози и го нарекол Еге69. Во овој град, според прифатениот обичај, ги погребувале царевите и на никое друго место древните Македонци не ги погребувале истакнатите свои мажи. На местото на Каран доаѓа во дваесет и втората олимпијада70 Пердик, кој прв во Македонија бил удостоен со титулата цар71. Диодор Сицилиски во својата историја, напишана околу 60-30 год. пред Христа, зборува за 24 македонски цареви пред Александар Македонски, кои царувале вкупно 453 години. Ако го прифатиме за вистина тврдењето на Диодор и имајки го предвид тоа дека Александар Македонски започнал да царува во 336 год. пред Христа, тогаш основањето на македонското ______________________________________________ 68Митскиот родоначалник на Македонците бил, според легендата, син на Зевс и Тија, ќерка на Девкалиона. Единствено тој, со жена му Пира, се спасил од потопот. 69Легендата го поврзува македонскиот топоним Еге со грчкиот збор AIYOS-коза. 70692-688 год. пред Христа. 71Г. Кацаров и Д. Дечев, Цит. д., стр. 390. *** царство би требало временски да се лоцира приближно околу 789 год. пред нашата ера. Лопухин, исто така, го сместува основањето на Првото македонско царство приближно во истото време - околу 700 год. пред Христа72. Се чини меѓутоа, дека формирањето на првата македонска држава треба временски да се смести во значително постара епоха73. Во претходната глава на ова истражување ние имавме можност да се увериме дека Македонија и Македонците се спомнуваат уште во првата книга на библијата, којашто е пишувана околу XV-XII в. пред Рождество Христово, а засега собитија, кои се случувале во уште постари времиња, што секако, укажува на тоа дека Македонците живееле организиран живот уште пред пишувањето на таа книга. Во Четврта книга Мојсеева (24,24) читаме: "А бродовите (што ќе дојдат) од бреговите на Китим ќе го покорат Асур, ќе го покорат и Евир, но и самите ќе се уништат"74. Од наведениот стих станува јасно дека древните жители на Македонија (познати под името Китимци) уште во XV-XII в. пред Новата ера имале своја морска флота која, секако, може да биде плод само на стара и добро организирана држава. Co право би можеле да претпоставиме дека древните жители на Македонија, најверојатно, имале своја држава и пред XV в. пред Христа. Можеби нивниот организиран општествен живот започнува со самото нивно доаѓање од Азија на териториите на денешна Македонија, а не е исклучено тоа да се случило и порано. Првин древните македонски жители ____________ 72А. П. Лопухин, Библейская история, Нови Завет, с. 948 73Се разбира дека има и такви автори, кои си ги затвораат очите пред вистината и го сместуваат основањето на македонската држава во ІV-ІІІ в. пр. Хр. Така, бугарската историчарка Цветана Романска во својот труд "Славянските народи", издаден во Софија во 1969 год., на стр. 30 пишува: "Во текот на IV-III в. пред Новата ера, од племињата блиски по потекло со грчките племиња во Тесалија и од тракоилирски племиња, кои биле под силно грчко влијание, била создадена моќна робовладетелска држава по име "Македонија". И забележете: во таа држава Македонија имало секакви племиња, само Македонци немало! _____________________________ 74Во македонскиот превод на Библијата овој стих започнува така: "Ќе ги изведат од рацете Китиски ...". Соодветниот еврејски текст гласи: "...**********, од што се гледа дека преведувачот, најверојатно, го консултирал оригиналот, но при преведувањето ја испуштил именката ***(pl.****), која означува брод, додека пак за зборот *** го прифатил неговото основно значење (рака), заборавајќи, притоа, дека овој староеврејски збор има уште неколку значења, меѓу кои е и значењето "брег". ***
quote:
Но Македон, внук на Девкалиона од мајчина страна68, којшто единствен, заедно со својата жена, ја избегнал општата пропаст, го променил тој назив и ја нарекол земјата според своето име Македонија
Ова пак може да се спореди со Ное и неговите наследници-(zab H.M)
Homer MakeDonski ..се населиле во јужните приморски делови на Македонија, пред се во областа меѓу реките Вардар и Бистрица, а потоа постепено се ширеле и во останатите краишта на македонската територија. Во почетокот на своето организирано општествено живеење, Македонија била поделена на неколку области, кои биле управувани од одделни, независни еден од друг владетели. Притоа, покрај овие обласни владетели, во управувањето на македонската држава учествувале и таканаречените Аристократски совети и Народните собранија, во кои имале право да учествуваат сите слободни Македонци, кои биле способни да носат оружје. Таа раздробеност на Македонија на одделни властелинства и воопшто демократијата во управувањето, меѓутоа, влијаеле негативно врз одбранбената способност на македонската држава, поради што се појавила тенденција за обединување на сите самостојни властелинства во една централизирана и силна држава, на чие чело ќе застанат самостојни и одлучни владетели. Потребата од едно такво обединување на Македонија посебно силно се почувствувала, кога Персијците ги започнале своите ограбувачки напади во Европа, а особено во Македонија и Грција. За време на грчко-персиските војни (500-449 год.) Македонците не само што ја стабилизирале својата држава, туку установиле и потесни врски и соработка со грчките градови-држави (полиси). Во времето на Александар I (498-454 год.) конечно била обединета цела јужна Македонија. Наследниците на Александар I ја продолжиле неговата политика на стремеж кон територијално проширување на Македонија и зацврстување на врските со грчките градови. За време на Пелопонеската војна (431-404 год.) наследникот на Александар I - Пердик, стапува во сојуз ту со едната ту со другата страна. Во тоа време престолнина на Македонија бил градот Еге (Ајга), кој има мошне древна историја. Уште во длабока древност тука биле сечени монети, со коишто се служеле и Грците. Македонската монета од Еге била заменета со грчка дури во 594 год. пред Христа, кога архонт на Атина станал Солон. Постојат индиции, меѓутоа, дека Еге не бил прв главен град на Македонија, туку пред него Македонците имале и други престолнини, а еден од нив, најверојатно, бил и градот Китион, за којшто имавме прилика веќе да зборуваме. Во периодот од 413 до 399 год., кога во Македонија царувал синот на Пердик - Архелај, во македонската држава *** биле спроведени реформи во војската; изградени биле, исто така, многу тврдини и патишта, а извршена е и монетарна реформа. Посебно внимание царот Архелај му посветил на развојот на разните уметности. Во царскиот двор на Архелај твореле повеќе истакнати македонски и грчки уметници и поети, меѓу кои бил и познатиот атински драмски писател Еврипид. Во 399 год. Архелај бил убиен од заговорници. По неговата смрт, во Македонија долги години царувала атмосфера на политички недоразбирања и судири, при што царевите често биле сменувани. Зацврстувањето на централната власт и на државата во целина настапило со доаѓањето на царскиот престол на Филип II (359-336 год.). Во времето на Филип II Македонија ги проширила своите граници на север, а престолнина станал градот Пела. Царската власт била потполно стабилизирана, но сепак останале да постојат Аристократските совети - "гетерите" ("другарите" на царот) и Народните собранија кои, во определени моменти, вршеле силно влијание врз државниот поглавар. При царот Филип II конечно била привршена, започнатата во времето на Архелај, реорганизација на македонската војска. Јадрото на војската го сочинувала тешко вооружената пешадија - македонската фаланга, составена од селаните. Аристократите, пак, ја сочинувале тешко вооружената коњица. Покрај овие две самостојни тактички воени единици, постоеле, исто така, и лесно вооружена пешадија, лесно вооружена коњица, потоа помошни одреди, составени од потчинети на Македонците племиња и др. Во времето на Филип II била реорганизирана, исто така, и македонската воена морнарица. Притоа, мора да се истакне дека Филип II е првиот македонски цар за кого што се зборува во Библијата. Неговото име двапати се спомнува во Прва книга Макавејска (1,1 и 6,2), при што и во двата случаја авторот, зборувајќи за Александар Македонски, напомнува дека истиот бил син на царот Филип. Како што веќе рековме Филип II ја проширил својата држава на север, но тој не задоцнил да го сврти својот поглед и кон југ - кон Грција. По битката кај Херонеја во 338 год. пр. Хр., Македонците ја презеле цела Грција. Потоа на средбата во Коринт, истата година, сите грчки градови ја признале својата зависност од Македонија и й се потчиниле на врховната македонска државна власт. Две години подоцна, во 336 година, кога Филип II се готвел за војна со Персија, тој бил кукавички пронижан со меч од страна на гркот Павзаниј. По смртта на Филип II на македонскиот царски престол застанал неговиот син Александар. Тој е роден во 356 год. пред Христа, во почетокот на месецот Хекатомбион, наречуван од Македонците Лоос75, во истиот ден кога изгорел храмот на Артемида во Ефес. Кога станал цар на Македонија во 336 год., по загинувањето на татко му Филип, Александар имал само дваесет години, меѓутоа, возраста сосем не му пречела да направи такви воени освојувања, какви што светот до тој момент не познавал. Тој се истакнал како најголем освојувач на древноста; и не само на древноста, туку и во целокупната историја на човештвото друг таков голем војсководец не е познат. Ако за Библијата некои велат дека е "книга на книгите", тогаш за Александар Македонски би можеле да речеме дека е "цар на царевите".
Homer MakeDonski За првпат во Библијата, во вид на пророштво, се споменува за Александар Македонски во Книгата на пророкот Даниил (7,6). Во оваа библиска книга Александар Македонски се споредува со леопард со четири птичји крила и четири глави, коишто, по секоја веројатност, се предзнак за распаѓањето на македонската империја на четири одделни царства. Во следната, осма, глава од истата книга, од трети до осми стих, се претскажува покорувањето на персиската империја од страна на Александар Македонски. Еве го текстот на спомнатите стихови: "(3) Ги кренав очите и видов: а таму при реката стои еден овен; тој имаше два рога и рогови високи, но едниот беше повисок од другиот и повисокиот се извиши подоцна. (4) Видов како тој овен бодеше кон запад, кон север и кон југ и ниеден ѕвер не можеше да устои против него, и никој не можеше да се избави од него; тој вршеше што сакаше и се осили. (5) Co внимание го гледав тоа и ете, од запад идеше еден козел, кој ја изоди целата земја, не допирајќи се до неа; и тој козел имаше знаменит рог меѓу очите свои. (6) Се впушти врз оној овен што имаше рог и кога го видов како стои крај реката, тој се фрли врз него со силна јарост. (7) И видов кога тој се приближи до овенот, свирепо се фрли врз него и му ги скрши двата рога; и на овенот не му стигаа силите да устои против него, па затоа го кутна на земја и го згази, и немаше никој овенот да го избави од него. (8) Тогаш козелот многу се возгордеа; но кога се засили, големиот рог му се скрши и на тоа место му изникнаа четири, свртени спрема четирите ветра небесни". Понатаму, во истата глава, самиот автор на оваа библиска книга, ставајќи ги зборовите во устата на ангел Господов, го толкува видението на пророкот Даниил. Имено, во 8,20-22 од истата книга читаме: "(20) Овенот со двата рога што ги виде, тоа се мидискиот и персискиот цар. (21)А косестиот козел, тоа е царот на Јаван76, додека големиот рог, што се наоѓа меѓу неговите очи, е првиот негов цар; (22) тој е здробен и место него излегоа други четири: тоа се четирите царства што ќе се издигнат од тој народ, но не со негова сила". Во преводот на Седумдесетмината толковници еврејскиот збор ***** (Јаван) сосем произволно е преведен со грчкиот збор ELLHNON. Најверојатно, александриските преведувачи биле под влијание на своето елинистичко расположение и затоа сметале дека е потполно нормално да го изедначат **** со ELLHNON и така Александар Македонски од цар на Јаван бил претворен во цар на Грција, респективно на Грците. Ние знаеме, меѓутоа, од Родословната таблица (1 Мој. 10,4) дека во родословието на Јаван се сместени не само Грците (Елиса), туку и Тарсис (Шпанците), Китим (жителите на древна Македонија) и Доданим (жителите на Родос и на соседниот малоазиски брег), така што, наречувајки го Александар Македонски "цар на Јаван" авторот на Книгата на пророкот Даниил сосем немал намера да го оквалификува како некаков си Грк, ниту како цар на Грци, туку само сакал да ги извести читателите дека тој бил цар на народ кој го водел своето потекло од Јаван. Грешката на александриските преведувачи, притоа, се покажала мошне трагична. Таа довела до суштинско оддалечување на подцнежните преводи на овој библиски стих од еврејскиот оригинал. За персиската империја и за нејзиното уништување од страна на Македонците се зборува, исто така во Дан. 11,1-4. Еве го текстот на овие стихови: "(1) И така, од првата година на Мидиецот Дариј јас му станав помошник и поткрепа. (2) Сега ќе ти ја кажам вистината: еве, уште тројца цареви ќе сe издигнат во Персија; потоа четвртиот ќе ги надмине сите со големо богатство, и кога ќе го намножи богатството свое, ќе ги крене сите против царството на Јаван77. (3) Потоа ќе се јави силен цар, кој ќе владее со голема власт и ќе дејствува според својата волја. (4) Но, кога ќе се издигне тој, царството негово ќе се сруши и ќе се раздели на четирите ветра небесни и нема да припадне на неговите потомци, и не со таква власт, со која тој господареше; затоа што царството негово ќе се растури и ќе падне на други, а не на нив". Додека во првите два стиха авторот зборува за персиските цареви, во третиот и четвртиот стих тој веќе пишува за Александар Македонски и неговото царство. И тука, како и во веќе цитираните места од Книгата на пророкот Даниил, главни теми се персиската држава и персиските цареви од една страна и македонската држава и нејзиниот најистакнат цар Александар Велики. Откако се споменува за големите освојувања на Александар Македонски, како и во другите случаи, и овојпат се зборува за поделбата на македонската империја помеѓу четворицата најистакнати војсководци и блиски соработници на Александар Македонски, по неговата предвремена смрт. ______ 75Плутарх, Цит. д., стр. 12. 76Во македонскиот превод на Библијата стои "царот на Грција". Во еврејскиот оригинал ја наоѓаме синтагмата ***** (meleh Javan) што буквално означува "царот на Јаван". пс.за оригиналниот еврејски текст наместото на **** проверете на линковиве http://mitglied.lycos.de/homermakedonski/str.66.jpg http://mitglied.lycos.de/homermakedonski/str.70.jpg http://mitglied.lycos.de/homermakedonski/str.73.jpg
Homer MakeDonski Најважните податоци за Александар Македонски ги наоѓаме во Прва книга Макавејска (1,1-9), чиешто настанување временски се сместува во II в. пред Христа. Во наведените стихови од Прва книга Макавејска, авторот, сосем накратко, но со соодветни за случајот зборови, го опишува, во општи црти, царувањето на Александар Македонски и неговото победничко освојување, на сите познати во тоа време, земни царства. Еве ги тие почетни стихови од Првата книга на Макавеите: "(1) Откако Александар, синот на Филипа, Македонец, којшто излезе од земјата Китим78, го победи Дарија, царот персиски и мидиски79, се зацари наместо него во Елада. (2) Тој водеше многу војни, презеде многу утврдени места и порази многу цареви земни. (3) И дојде до краиштата на земјата и ограби многу народи; целата земја молкна пред него, а тој се издигна и срцето негово стана гордо. (4) Тој собра многу силна војска и завладеа над многу краишта,народи и владетели и тие му станаа поданици. (5) Потоа тој падна во постела и откако почувствува дека ќе умре, (6) ги повика истакнатите свои помошници, воспитани заедно со него уште од младоста и им го подели своето царство додека сe уште беше жив. (7) Александар царуваше дванаесет години и потоа умре. (8) #913; неговите великодостојници владееја секој во својата област. (9) По неговата смрт сите тие се зацарија, ставајќи круна на своите глави, a пo нив и нивните синови во тек на многу години ...". Како што рековме веќе, Макавејските книги, коишто се три на број, не се зачувани на еврејски јазик. До нас дошол нивниот грчки превод. Co голема сигурност, меѓутоа, може да се претпоставува дека тие првобитно се пишувани на еврејски јазик. Авторот на овие три библиски книги не и е познат на науката, но од самата содржина на книгите може да се заклучи дека нивниот автор бил Евреин. Во трите Макавејски книги секогаш се возвеличуваат победите на Евреите, a ce омаловажуваат нивните порази. Во текот на воените судири секогаш загинуваат малкумина од Евреите (2 Мак. 12,34 и др.) и многумина од нивните непријатели (2 Мак. 8,30; 13,15 и др.), додека ако Евреите бидат поразени, тој пораз секогаш е "лесен" (2 Мак. 14,17)80. Освен тоа, не е исклучено јудејскиот автор на Макавејските книги да ги претворил некои порази во победи, а некои победи во порази, во зависност од тоа кој бил победникот, а кој поразениот. Мошне показателно во таа смисла е и тоа што кога зборува за еврејскиот народ, тој го нарекува "нашиот" (2 Мак. 14,34), a кога зборува за Евреите, ги нарекува "нашите" (3 Мак. 1,23)81 што категорички зборува во прилог на тоа дека авторот на Макавејските книги бил Евреин. ___________ 77 Во македонскиот превод на Библијата стои "грчкото царство". 78 Во македонскиот превод "од земјата Хетејска". 79 Во македонскиот превод стои "индиски". 80 Во бугарскиот синодален превод: "Симон, брат Иудин, излезе на бой с Никанора, но скоро, поради внезапно нападение от неприятелите, претърпя леко поражение". 81Во бугарскиот синодален превод: "Като видяха това и ония, що бяха с него, наченаха заедно с нашите да призовават Вседържителя ...".
Homer MakeDonski Што се однесува до зборот "Македонец", мораме да истакнеме дека тој во 1 Мак. 1,1 претставува квалификација, искажана во однос на Александар Македонски, а не во однос на неговиот татко Филип. Тоа сосем лесно може да се согледа и од самиот текст. Главното лице за коешто се зборува во првиот стих од Прва книга Макавејска е Александар, додека Филип само се спомнува и тоа затоа што е татко на Александар. Тоа дека зборот "Македонец" се однесува на Александар, а не на татко му Филип, најдобро се гледа од текстот на овој стих во црковнословенската Библија: "И Бысть егда поражаше АЛЕЗАNДРЬ МАКЕWNСКIИ, сынъ Филiппа, иже иzыде w zемли Хеттiмъ пораzи и Дарiа цара персскаго и мидскаго и воцар-са вмъстw егw первы во Елладъ ". Од наведениот црковнословенски текст јасно се гледа дека определбата "македонски" не стои по името на царот Филип, како што е во грчкиот превод на Библијата, туку директно се поврзува со неговиот син Александар, којшто е наречен "АЛЕЗАNДРЬ МАКЕWNСКIИ". Во овој случај чудење предизвикува тоа што во македонскиот превод на Библијата82, како и во бугарскиот синодален превод, Дариј е наречен "Персиски и индиски цар". Во грчкиот оригинал Дариј е наречен "Basilea Perswn kai Mhdon", додека во црковнословенскиот превод на истото место читеме: "Дарiа цара персскаго и міидскаго". Во бугарскиот превод на Библијата од 1925 год. не е доволно прецизно преведен овој стих од Прва книга Макавејска83. Тука произволно се променети некои работи и се испуштени зборови, коишто се апсолутно потребни за правилното разбирање на текстот. Од крајот на првиот стих на Прва книга Макавејска, така како што тој е преведен на бугарски јазик - "и се възцари вместо него в Елада", може да се сфати дека царот Дариј царувал во Грција, но бил победен и заменет од страна на Александар Македонски. ________ 82Бидејќи во времето кога беше пишуван овој труд македонски превод на Библијата не постоеше, оваа констатација е вметната за време на преведувањето на книгата на македонски литературен јазик.
Homer MakeDonski Сосем поинаку звучи текстот на грчки јазик, а имено: “kai eyeveto meta to патаxai allexavdrov tov фiliппov makedova,os exhlthev ek yhs xettim,kai eпataxev tov dapeiov Basilea пepswv kai Mhdwv kai eBasilevsev avt avtov,пpotepov eпi thv 'Ellada". Зборот "пpotepov", кој во бугарскиот превод е испуштен, означува "пред , порано". Co неа авторот сакал да прецизира дека Александар Македонски се зацарил над Елада пред Дариј, не во смисла дека и двајцата царувале над оваа земја и дека Александар Македонски прв царувал над неа, туку, бидејќи и двајцата настојувале да ја покорат Елада, Александар прв успеал да го стори тоа. Притоа, нам ни є познато дека уште таткото на Александар - Филип, ги победил Грците при Херонеја во 338 год. и тие на советувањето во Коринт ја признале својата зависност од Македонците, меѓутоа, во случајот авторот на Прва книга Макавејска зборува за целосното покорување на Грција, кога таа била приклучена кон македонската држава. Според традиционалното историско сфаќање, Александар Македонски првин ја покорил Грција, па дури потоа тргнал да војува со Персијците, но ниє гледаме дека според буквалниот текст на Прва книга Макавејска (1,1) испаѓа дека македонскиот цар првин го разбил царот Дариј и потоа се зацарил во Елада. Се разбира, дека не може да има сомнение дека Александар Македонски уште пред војната со Персија ги покорил малите грчки држави. Дури по покорувањето на Грција, тој го замислува и го остварува својот поход против моќната персиска империја. Во случајот библискиот автор сакал да истакне дека со својата победа над Персијците Александар Македонски конечно се зацврстил и како господар на Грција. Битката помеѓу македонската и персиската војска се случила во 334 год. пр. Хр. кај реката Граник во Мала Азија. Персиската војска била утврдена на спротивниот брег од реката, којшто бил значително повисок, а и бројноста на Персијците била неколупати поголема. Освен тоа, Македонците требало да атакуваат, а тоа ги ставало во голема опасност, особено при преминувањето на реката. Македонските војници го знаеле тоа и во извесна мера биле обесхрабрени. Се слушале гласови дека нападот нема да успее и дека е подобро да се причека поудобен момент. Александар Македонски, меѓутоа, секогаш бил доследен во извршувањето на своите замисли, поради што и овој пат немал на мера да попушти пред големата опасност. Трепет и неспокојство се вгнездиле во душата на македонскиот војник. Можеби дошол последниот ден. Во мислите кружат драгите ликови на таткото, мајката, сопругата, децата, пријателите; споменот за родната земја. Во битката, како и секогаш прв е царот Александар. Неговата храброст секогаш била образец за сите Македонци и не само за нив, туку и за другите војници од неговата војска: Грци, Тракијци, Илири и др. Македонскиот цар, со својот коњ Букефал, прв ја преминал реката и со сета своја храброст се нафрлил врз персиските позиции. Персијците се силни, но уште посилен е борбениот дух на македонската војска, предводена од Александар Македонски. Изненадени од беспримерната храброст на македонската војска, Персијците попуштаат и набрзо нивната војска била разбиена и натерана во панично бекство. Александар Македонски ја добил својата прва битка против Персијците, која се покажала решавачка за разгромот на персиската империја. Во битката кај Граник, според Плутарх, од Персијците загинале дваесет и пет илјади пешаци и две илјади и петстотини коњаници, додека Александар Македонски загубил само 34 војници, од кои девет биле пешаци84. По битката кај Граник, патот на Александар Македонски кон Азија и Африка бил отворен. Оттука започнува победничкиот марш на македонската војска низ Мала Азија, Сирија, Палестина, Египет, Месопотамија, па дури и низ далечната Индија, којашто им била позната на Македонците само од приказните. Овој победнички марш на Александар Македонски мошне успешно е прикажан од авторот на Прва книга Макавејска. Во 1 Мак. 1,2 го читаме следново: "Тој (Александар Македонски, б.н.) водеше многу војни, презеде многу утврдени места и порази многу цареви"; и подолу, во четвртиот стих: "Тој собра многу силна војска, и завладеа над многу краишта, народи и владетели, и тие му станаа негови поданици". Александар Македонски навистина "водел многу војни", "презел многу утврдени места" и "поразил многу цареви", но тој не го правел тоа секогаш со борба. Многу цареви, обласни управници, градоначалници и др. доаѓале кај него и доброволно му се потчинувале. Царевите, облечени во свечени царски одежди, доаѓале кај него и му укажувале највисоки државни почести, додека градоначалниците излегувале надвор од градот за да го пречекаат и да му ги предадат клучевите од тврдината. Само Тир и Газа се осмелиле да организираат отпор против македонскиот цар; или поточно - тоа го сториле персиските гарнизони, што биле стационирани во овие градови. Газа паднала по двомесечна опсада (од август до ноември 332 год. пр. Хр.), додека македонската војска успеала да го освои Тир дури по _____________ 83Во извесна мера тоа се однесува и на македонскиот превод. 84Плутарх; Цит: д., стр. 25.
Homer MakeDonski седуммесечна опсада. И двата града, за својата дрскост, добиле заслужена казна. Откако ги презел Тир и Газа, патот на Александар Македонски кон Ерусалим бил слободен. Голема вознемиреност настапила меѓу Евреите во Ерусалим. Ерусалимскиот првосвештеник, облечен во свечени црковни одежди, и придружуван од голем број свештеници и левити, излегол надвор од градот за да го пречека големиот војсководец и да измоли од него милост за светиот град и за неговите жители. И Александар Македонски, навистина, се однесол мошне благонаклоно кон молбата на првосвештеникот, ветувајќи му го своето царско покровителство над градот и неговите жители. Мораме да истакнеме дека Александар Македонски, во текот на целиот свој живот, се покажал како извонредно благороден и великодушен освојувач и само со оние, кои се обидувале да му пречат во остварувањето на неговите освојувачки планови, постапувал жестоко. Кога, пак, некој народ или цар доброволно ја признавале неговата врховна власт, тој им го гарантирал правото на тој цар и на неговиот народ, слободно да ја исповедаат својата религија, да ги негуваат религиозните обичаи, да располагаат со сета своја сопственост, чијашто неприкосновеност била загарантирана итн. Тој никогаш не ја наложувал, на покорените од него народи, грчката паганска религија, ниту пак македонските народни обичаи. Така тој постапил и со Евреите, на коишто им го дал полното право да живеат според правилата на нивниот религиозен закон. Откако ја примил делегацијата предводена од првосвештени-кот, Александар Македонски, во придружба на членовите на делегацијата и многубројниот народ, свечено поминал низ улиците на светиот град, влегол во ерусалимскиот храм и дури ја принесол вообичаената жртва, што се правела во такви случаи. Преданието вели дека во самиот храм првосвештеникот му го прочитал на големиот Македонец текстот од Книгата на пророкот Даниил, во којашто се претскажува за неговите големи победи и за освојувањето на сите, познати во тоа време, земни царства. По покорувањето на Палестина, Александар Македонски го поставил за нејзин управник Андромах со седиште во Самарија и заминал кон Египет. Во есента на 331 год., меѓутоа, Самаријците 76 се побуниле против царската власт, го фатиле Андромаха и жив го изгореле. Во тоа време Александар се наоѓал во Египет. Откако разбрал што се случило во Самарија, тој, патувајќи со својата војска кон Персија, поминал низ Самарија, жестоко ги казнил виновниците за смртта на Андромах и поставил нов управник по име Мемнон. Овојпат Александар, во градот Самарија, населил и извесен број македонски преселници, целејќи на овој начин да ја заздрави власта на новопоставениот управник. Говорејќи за воените походи на Александар Македонски, ние, притоа, мораме да истакнеме дека во неговите освојувања се криеле големи планови односно идната судбина на човештвото. Големиот македонски цар планирал да создаде светска држава, чија територија ќе се простира од местата каде што изгревало сонцето, па се до оние предели каде што тоа заоѓало; држава, во која нема да има граници меѓу одделните народи, кои, со тек на времето, ќе се обединат во еден единствен "светски" народ. Во овој случај, генијалниот дух на Александар Македонски, поради својата пројава на беспримерен, не само за древноста, туку и за денешнината, космополитизам, го заслужува вниманието на научниците-социолози. Во процесот на тоа обединување меѓу народите, Александар Македонски, меѓутоа, барал да се зачува потполната рамноправност помеѓу различните етноси, без да се даваат привилегии на ниту еден народ, вклучувајќи го тука и македонскиот. Александар Македонски е првиот светски државник, којшто во основата на своето државно управување ја поставил рамноправноста на одделните народи. За жал, имено тој народ, којшто, наоѓајќи се во височините на своето величие, со ништо не ја притеснувал етничката самосвест на покорените од него народи, доживеа да трпи притеснувања од овој вид од понови народи, коишто во древноста дури и не постоеле. Се разбира, дека македонскиот цар не се залагал само за меѓуетничка толеранција и за почитување на етничката индивидуалност на секој народ што живеел во склопот на македонската империја, туку барал од своите потчинети да го спроведуваат и принципот за еднаквост на сите религии и доследно да се залагаат за интеррелигиозна толеранција и почитување меѓу одделните верски групации. И не само што тоа го барал од своите потчинети, туку и самиот постапувал така. Така, во Египет тој им оддавал почит на Апис и Амон, во Палестина - на Јахве, а во Вавилон- на халдејските божества. Храмот на вавилонскиот идол Вил (Јер. 50,2), кој бил разрушен од царот Артаксеркс, по негова наредба бил одново изграден. Рамноправноста меѓу одделните народи и религиозната толеранција, меѓутоа, не биле доволни за да ја загарантираат стабилноста на големата македонска империја. Тие биле во состојба само да обезбедат едно релативно спокојство во империјата, без ни најмалку да помогнат за вистинското обединување на тие народи. Прв чекор кон обединувањето на тие народи биле освојувањата на Александар Македонски: "Тој (Александар Македонски, б.н.) водеше многу војни, презеде многу утврдени места и порази многу цареви" (1 Мак. 1,2). Дејствувањето на Александар Македонски, меѓутоа, не се состоело само во тоа да води војни и да покорува народи, туку на него му претстоела многу потешка задача: да ја спечали довербата на покорените народи и да направи од нив интегрален дел на својата империја. Големиот стратег и визионер Александар Македонски многу добро знаел дека со силата на своето оружје можел да разруши многу царства и да покори многу народи, но со него тој не можел да приопшти кон својата имдерија ниту еден човек, затоа што мечот може да стигне до срцето на човекот, но тој не стигнува таму за да го приопшти, туку за да го погуби. Вистинското обединување на одделните народи тој можел да го постигне единствено преку налагање на заеднички јазик и заедничка култура за сите народи во империјата; a најпогоден за воведување во општа употреба во тоа време бил грчкиот јазик. Тој веќе бил развиен јазик, со многувековна писмена традиција, поради што без поголеми проблеми бил прифатен од другите народи во империјата. Така, грчкиот јазик бил воведен во меѓуетничката комуникација на целата територија на создадената од Александар Македонски огромна држава, a старогрчката култура станала доминантна. Доминацијата на старата грчка култура, меѓутоа, не довела до елиминација на културите на другите народи, кои живееле во македонската империја. Тие и натаму егзистирале во своите етнички средини и на свој начин ја дополнувале културата што била поразвиена од нив. Таквата мултиетничка култура, според замислата на старомаке-донските државотворци, требало да лежи во основите на идната македонска светска империја.
Homer MakeDonski Македонското светско владеење помогнало многу за брзиот цивилизациски развој на древниот свет. Прифаќајки ги старогрчкиот јазик и старогрчката култура, Македонците ги распространиле низ сите средоземноморски земји и на тој начин значително ја зголемиле културата на народите што ги населувале тие земји. Освен тоа, војните на Александар Македонски предизвикале големи миграции и раздвижувања меѓу народите, поради што тие взаемно се опознавале и разменувале соодветни знаења и искуства од областа на духовната и материјалната култура. Воените походи на Александар Македонски ги прошириле, исто така, географските и етнографските сознанија на човештвото и ја зголемиле неговата култура во сите области на човековиот живот. Ширењето на старогрчкиот јазик и на елинизмот како доминантни во целата македонска империја, укажало големо влијание врз иднината на целиот човечки род. Пред сё, без македонската империја и без воведувањето на старогрчкиот јазик како официјален јазик во меѓуетничката комуникација во таа империја, би било незамисливо проширувањето и опстојувањето на христијанството. Христијанските идеи успеаја да се прошират толку брзо благодарение на грчкиот јазик, кој продолжувал да ја игра улогата на меѓународен јазик и во времето на римското владеење. И во римската империја, како и во претходната македонска империја, старогрчкиот јазик ја играл улогата на обединител на различните народи. Големиот познавач на древноста проф. Михаил Поснов пишува дека "обединувањето на одделните етноси во римската империја се постигнало, пред сё, благодарение на грчкиот јазик"85 . "Елинизмот - пишува истиот автор - станал главна опора на светското единство. Тој й дал култура на римската држава и ја снабдил со светски јазик"86. Ние знаеме дека Исус Христос и неговите апостоли го проповедале неговото учење на грчки јазик; сите новозаветни книги се напишани, исто така, на библиски грчки јазик; имено затоа Христовото учење мошне брзо било прифатено од народите што ја населувале огромната римска империја. Ако Исус Христос и неговите апостоли го проповедаа христијанството на евреЈски јазик и ако Светото Писмо на Новиот Завет беше напишано, исто така, на еврејски јазик, тоа великите Христови идеи ќе останеа, можеби, засекогаш непознати за другите народи, задушени од еврејското закоништво и фарисејштина. И не само Новиот Завет, туку и Светото Писмо на Стариот Завет им стана познато на другите народи благодарение на грчкиот превод на старозаветните книги, направен на барање на египетскиот цар од македонско потекло Птоломеј Филаделф, неколку децении по смртта на Александар Македонски. Човештвото треба да му биде благодарно на народот на древна Македонија и посебно на Александар Македонски за неговите големи освојувања и за ширењето на старогрчкиот јазик и старогрчката култура низ сите земји што тој ги освоил, бидејки без нив би било невозможно ширењето на христијанството, кое, како што видовме, одиграло важна улога во културниот развој на човештвото. Освојувањата на Александар Македонски по својата големина се единствени во целокупната светска историја. Само за неколку години тој успеал да го завладее целиот, познат во тоа време, свет. "(Тој) дојде до краиштата на земјата ... (и) целата земја молкна пред него" - пишува библискиот автор (1 Мак. 1,3) и кој знае дали би можеле да се пронајдат попригодни зборови, кои ќе го претстават истакнатиот македонски цар во неговата вистинска величина и историска неповторливост. Тоа се зборови, кои и денес не тераат да трпнеме пред споменот за овој голем Македонец. He случајно Наполеон Бонапарта имал обичај да се споредува со него87, при што настојувал да му подражава не само во својата воено-државничка дејност, туку и во својот личен живот. И сите овие победи на Александар Македонски не се должеле на бројноста на неговата војска, туку, пред сё, на нескршливиот боен дух на македонскиот војник. Војската на Александар Македонски, кога тргнал за Индија, броела околу четириесет илјади војници88, но тоа не им попречило на Македонците да ја разбијат кај реката Инд многубројната, придружувана од стотици обучени за борба слонови, војска на индискиот цар Пориј. ___________ 85Михаилъ Еман. Посновъ, История на християнската църква, части I и II, София 1933, стр. 20. 86Исто, стр. 19. 87К. В. Керам, Цит. д„ стр. 99. 88Исто.
ZOTE Homer MakeDonski Најважните податоци за Александар Македонски ги наоѓаме во Прва книга Макавејска (1,1-9), чиешто настанување временски се сместува во II в. пред Христа. ZOTE Da gi prochitav stihovite vo makedonskata Biblija i se e isto kako shto napisha. No mene me interesirashe dali e isto taka napishano i vo Biblijata na srpski jazik. Normalno na internet pobarav, i veruvajte se iznenadiv deka oni vo nivnata Biblija vo stariot zavet nemaat naslov so ime "kniga Makavejska". Prvin pomisliv da ne e pod drugo ime, no detalno ja prochitav, stvarno nema takvov naslov. I ne samo toa tuku ja nemaat vo nivnata Biblija i "vtora kniga na Ezdra" i "treta kniga na Ezdra", i naslovite "kniga Tovit" i kniga Judita". Pa zatoa sakam da prasham dali moze nekoj da proveri dali e nekoja greshka i dali nie denes chitame ispravni Biblii shto se napishani od bozji luche (mislam koja Biblija denes e najverodostojna). Pa sakam da go postavam prashanjeto zashto kaj niv gi nema tie delovi? http://www.istocnik.com/cgi-local/biblija/biblija.cgi/indexstari3l.html Copyright © 1998 by Serbian Orthodox Diocese of Canada http://biblija.info/ekavski/index.htm Sveto Pismo na srpskom jeziku, prevod Danicic-Karadzic. http://www.antamedia.com/Pretrazivac/ Pretra#382;iva#269; Biblije , verzija 1.51 Za razlika od srpskata pa me interesirashe da vidam shto che pishuva vo Hrvatskata. Tamu e se isto kako kaj nashata, samo shto e normalno na nivni jazik e napishan naslovot "Prva knjiga o Makabejcima". No zabelezav deka i oni nemaat "treta kniga Makavejska" http://www.hbk.hr/biblija/popis.php?vrati=1 Inache mi se dopadnaa ovie izvadoci od knigata na Chorchi Pop Atanasov shto ni ja prezentirashe Homer Makedonski.
Homer MakeDonski Поздрав Кристијан мило ми е што пак си тука .Бидејќи долгите текстови се заморни и ретко се читаат,јас вчера намалив со интензитетот на постирањето и денес пак ќе додадам Зоте ,а, си проверил ли во грчкото издание дали ќе има.Може некои нешта нема да ти се чудни ако провериш дека и таму нешто може да недостасува.
Homer MakeDonski Откако во 1 Мак. 1,4 библискиот автор, со неколку реченици, соопштува дека Александар Македонски владеел "над многу краишта, народи и владетели, и тие му станале негови поданици", тој преминува кон опис на предвремената смрт на големиот македонски стратег: "Најпосле падна во постела и, откако почувствува дека ќе умре, ги повика своите доверливи, кои заедно со него се беа воспитувале во младоста, додека уште беше жив, и им го раздели царството. И така, откако царуваше дванаесет години, Александар умре" (1 Мак. 1,5-7). Автентичноста на овие стихови од Прва книга Макавејска била оспорувана во текот на XVIII в. од некои протестантски теолози. Притоа, оние што ја ставаат под сомнение вистинитоста на 1 Мак. 1,5-7, најчесто, се потпираат врз тврдењето на латинскиот писател Квинт Курциј, којшто пишува: "Некои верувале дека Александар преку завештание ја поделил својата империја, но ние се убедивме дека таа фама е неточна иако89 истата е пренесена од некои писатели". Грешката што ја направил Квинт Курциј подмамила извесен број истражувачи, кои претпочеле да му веруваат на еден подоцнежен автор, каков што е Квинт Курциј, наместо да му веруваат на подревниот автор, каков што е авторот на Прва книга Макавејска. Во случајов требало да се подложи на опстојна научна анализа оспоруваниот текст, а не без многу размислување, подражавајќи му на Квинт Курциј, тој да биде прогласен за неавтентичен. Всушност авторот на Прва книга Макавејска сакал да каже дека Александар Македонски уште додека бил жив ја поделил империјата на делови и ги овластил своите најблиски соработници да управуваат со нив, но не како независни кралеви, туку како негови помошници (заменици). Тоа дека Александар Македонски при управувањето на својата огромна империја се служел со полномошници или заменици е засведочено кај старогрчкиот писател Плутарх. Во неговиот живопис на Александар Македонски тој пишува дека Хефестион станал посредник на Александар Македонски кај варварите, а Кратер - кај Грците и Македонците90. Освен тоа, како што веќе рековме, македонскиот цар се стремел кон обединување на целиот свет во една сеопфатна светска држава, така што сосем неприродно би било за него, да го дели своето царство помеѓу своите војсководци, со цел тие да управуваат како самостојни монарси.
Homer MakeDonski Единствено нешто, кое, најверојатно, е вметнато по грешка во текстот, е тоа дека Александар Македонски божем разбрал дека ќе умре и затоа го поделил своето царство помеѓу најблиските свои соработници. Од понатамошниот текст на Прва книга Макавејска (1,9-10) станува јасно дека војсководците на кои Александар Македонски им доделил делови од македонската империја, дури по неговата смрт се прогласиле за независни цареви: "По неговата смрт сите тие се зацарија, ставија круни на своите глави, a пo нив и нивните синови во тек на многу години ..." (1 Мак. 1,9). Всушност Александар Македонски, како што веќе рековме, се стремел кон обединување на одделните народи и на сиот свет во една целина. Имено затоа, по конечниот разгром на персиската империја тој ја пренел престолнината на своето царство од Пела во Вавилон - во градот на градовите. Повеќе од јасно е дека со овој гест тој имал за цел да го потврди светскиот карактер на својата држава. Според Библијата Вавилон е првиот град на земјата, чиј основач е Нимрод (Бит. 10,10). Книгата на книгите го поврзува најдревниот град со познатата Вавилонска кула и измешувањето на јазиците од каде што дошло и името на градот (Сп. 1 Мој. 11,9).
Homer MakeDonski Користејќи податоци од вонбиблиски извори, некои научници го преведуваат зборот "Вавилон" со "живеалиште на животот", други го толкуваат како "Врата Господова" и сл. Едно, меѓутоа, е потполно сигурно, а тоа е дека Вавилон бил седиште на голема древна куктура и престолнина на моќни древни царства - вавилонското, халдејското, асирското. Титулата "цар на Вавилон" се сметала во древноста за највисока почест, со којашто можел да биде удостоен еден цар на древниот Исток. Веројатно поради истата причина и поради централното место, коешто го заземал Вавилон во опширната македонска империја, Александар Македонски ја пренел престолнината на империјата од Пела во овој азиски град. Јустин пишува (XII. 13,3) дека на овој начин големиот македонски цар сакал да постигне групирање на целиот свет околу најдревниот град Вавилон. ---------------------------------- 89Ф. Вигуру, цит. д., стр. 185. 90Плутарх, Цит. д., стр. 56.
Homer MakeDonski Мошне прецизен е библискиот автор и кога зборува за времетраењето на Александровото царување. Во 1 Мак. 1,7 тој пишува: "И така откако царуваше дванаесет години, Александар умре". Соопштението на библискиот автор е потполно идентично со она што ни го кажуваат историските извори за Александар Македонски. Дури и повеќе од тоа, врз основа на ова известување на библискиот автор, во кое се кажува дека Александар Велики царувал дванаесет години, ние можеме да го утврдиме времето кога тој застанал на царскиот престол. Земајќи го како појдовна точка соопштението на Плутарх91 дека Александар Македонски починал на триесеттиот ден од месецот дезиј92 и соопштението на библискиот писател, де ка истиот царувал дванаесет години, може со сигурност да заклучиме дека Александар Македонски застанал на македонскиот царски престол во втората половина на 336 год. пред Христа. Александар Македонски умрел сосем млад - во најубавите години од својот, исполнет со подвизи, живот, поради што не успеал да ги реализира своите големи планови во врска со обединувањето на целокупното човештво во една единствена држава. Тој дури не оставил, пред својата смрт, законски наследник на царскиот престол93, што резултирало со големо безредие во целата империја по неговата предвремена смрт. Александар Македонски оставил зад себе плеада истакнати и испитани во стотици битки војсководци и ако тие би биле разумни да постигнат меѓусебна согласност во името на единството на империјата и зачувувањето на освоените со толку многу македонска крв земји, би се зачувала, исто така, и рамнотежата во државата. Тие, меѓутоа, ги поставиле своите лични интереси над државните интереси и така го упропастиле делото на својот велик сонародник. Александровите наследници, како што пишува академикот Лопухин, иако етнички биле различни од Грците94 и дури понекогаш се однесувале со презир кон нив, поради нивната надменост и лукавство, овојпат, имено, од нив го позајмиле овој безогледен стремеж кон власта, ставајки ги своите лични интереси над интересите на државата и народот.
Homer MakeDonski Непосредно пo смртта на Александар, навистина, било зачувано спокојството во империјата, со тоа што Пердик, на кого Александар, пред својата смрт, му го предал прстенот со државниот печат, бил назначен за привремен управник на империјата до раѓањето на законскиот Александров наследник, којшто се очекувало да го роди жена му Роксана. Мирот во империјата, меѓутоа не траел долго. Управителот на Египет Птоломеј прв прогласил независност, прогласувајќи се себеси за цар на Египет под името Птоломеј Први. Тој е основач на македонската царска династија "Птолемеиди", којашто се задржала на власт во Египет до 30 год. пред Рождество Христово. Последни претставници на оваа царска династија биле Клеопатра и нејзиниот син Цезарион, кого што таа му го родила на големиот римски император Јулиј Цезар. Во 321 год. пред Рождество Христово, кога законскиот Александров наследник веќе бил роден, дијадосите95, не почитувајќи ја власта на регентот и неполнолетното царче, се собрале во градот Трипарадиза во Северна Сирија и си ги поделиле меѓусебе Александровите поседи што се наоѓале надвор од Македонија и Грција. Така, Египет, Либија, Киренајка и Палестина ги добил Птоломеј Лаг; Салвек ја добил Сирија и околните й области, заедно со земјите на индиските вазали Пор и Такзил; Антигон Циклоп се зацарил над Памфилија, Фригија и Ликија, додека Лизимах останал да царува над Витинија и Тракија. Верни на врховната државна власт останале само управителите на Македонија и Грција - Антипатор и Кратер. Дознавајќи за подмолната поделба на империјата, престарениот регент Пердик, со мала свита придружници, заминал за Египет, со цел да го убеди египетскиот дијадох Птоломеј Лаг да се возобнови единството на империјата во името на Александровиот законски престолонаследник Александар IV. Меѓутоа, уште пред да пристигне во новата египетска престолнина Александрија, Пердик бил предавнички убиен, некаде при устието на Нил, најверојатно, по наредба на Птоломеј Лаг. По смртта на Пердик, регентството го презел Антипатор, но и тој, веќе следната 319 год., паднал покосен од непозната предавничка рака. Регент на малолетниот цар Александар IV станал Полисперх, а за негов прв помошник бил назначен синот на Антипатор -младиот и енергичен војсководец Касандар. Касандар, пак, ги убил сите, кои и припаѓале на македонската царска династија, почнувајки од Олимпијада, мајка му на Александар Македонски (која, пред тоа, наредила тајно да биде убиен Аридеј, синот на Филип #928; од втората му жена Клеопатра), сестрата на Александар велики по таткова линија Клеопатра, како и неговите жени Роксана и Статира, заедно со нивните синови Александар IV и Хераклиј. Од македонската царска династија жива останала само Тесалоника, ќерка на Филип II Македонски од жена му Клеопатра, за којашто Касандар се оженил и се прогласил за цар на Македонија и Грција. По Касандар на македонскиот царски престол застанал Димитриј Полиоркет (297-284 год. пр. Хр.)· По смртта на Полиоркет Македонија попаднала под власта на Лизимах, кој се прогласил за нејзин цар и царувал до 282 год. По смртта на Лизимах се водела жестока борба за македонскиот царски престол помеѓу сирискиот цар од македонско потекло Селевк I Никатор и Птоломеј II Кераун, син на египетскиот Александров наследник (Дијадох) Птоломеј Лаг. Во тој судир победил Птоломеј II Кераун, кој, меѓутоа, немал среќа да царува подолго време, бидејки уште во 279 год. бил убиен во една битка со Келтите, коишто мошне често навлегувале во Македонија и ја опустошувале. По гибелта на Птоломеј II Кераун (281-279) на македонскиот престол застанал синот на Димитриј Полиоркет Антигон Гонат (279-242). Околу 272 год. пред Христа Антигон Гонат конечно успеал да ја зацврсти власта на династијата "Антигониди". Антигон Гонат бил наследен од неговиот син Димитриј II (242-232), по кого што на македонскиот престол застанал Антигон II Дозон (232-221), внук на Димитриј Полиоркет од неговиот син Димитриј Убавецот. Син на Антигон II Дозон е Филип IV (221-179)96, кој се прочул со војните што ги водел против Римјаните. Во времето на Филип IV Грција одново била целосно потчинета на Македонија, но овојпат во односите помеѓу Македонија и грчките полиси се замешал Рим. _____________________________ 91 Плутарх, Цит. д., стр. 80. 92 Македонски месец (мај - јуни). 93 Кога Александар Македонски умрел, жена му Роксана била бремена. Потоа таа родила син, кој бил наречен по името на татко му - Александар. 94 А. П. Лопухин, Цит. д., стр. 882. 95 Така биле именувани оние Александрови војсководци, кои, по неговата смрт, ја поделиле македонската империја и се прогласиле за самостојни владетели. 96 Некои историчари го именуваат Филип V.
Christian intersen tekst, fala Homer
Enigma Koj e ovoj Gjorgi Pop Atanasov, shto si dozvoluva da si izmisluva svoja Biblija?
RaGeAnGeL zas dan planiras da go tepash?ti procita so se pishit gore ili samo pretpostavuvash?
Homer MakeDonski За волја на корекноста Енигма донекаде ви држи забелешката бидејќи како што е насловена книгата упатува на помислата дека Поп Атанасов пишувајќи за Македонија и Македонците ,црпи информации што се наоѓаат само во Библијата.Мое лично видување е дека покоректен назив би можело да биде “Библијата и небиблијски извори за Македонија и Македонците’,бидејќи се користи и со текстови кои не се составен дел од Светото Писмо .Меѓутоа ,зарем токму авторството не остава за слободно секој да си избере наслов по сопствен избор,сходно проблематиката која што ја обработува ? И ако постои книга во која најголемиот дел од текстот се зема од Библијата а помал дел од други извори, зарем не е нешто најлогично фокусот “назив на книга’ да се избере така што би отсликувал најголемиот дел од напишаниот текст? Сеуште немам прочитано дека авторов на книгата ,од која што пренесувам одредени делови напишал Библија и не разбирам зошто наведувањата како “своја’ Библија.Од текстовите што читав понајмалку можев да дојдам до таков заклучок Инаку ако имате расположение повелете и постирајте тема околу тоа, кои се книгите што ја сочинуваат Библијата,а кои не и зошто во некои Библии ,како што и ZOTE ќе примети ,има а во некои нема одредени текстовни целини. Верувам има и такви што со интерес би следеле таквата тематика.
RaGeAnGeL
quote:
Originally posted by Homer MakeDonski
За волја на корекноста Енигма донекаде ви држи забелешката бидејќи како што е насловена книгата упатува на помислата дека Поп Атанасов пишувајќи за Македонија и Македонците ,црпи информации што се наоѓаат само во Библијата.Мое лично видување е дека покоректен назив би можело да биде “Библијата и небиблијски извори за Македонија и Македонците’,бидејќи се користи и со текстови кои не се составен дел од Светото Писмо .Меѓутоа ,зарем токму авторството не остава за слободно секој да си избере наслов по сопствен избор,сходно проблематиката која што ја обработува ? И ако постои книга во која најголемиот дел од текстот се зема од Библијата а помал дел од други извори, зарем не е нешто најлогично фокусот “назив на книга’ да се избере така што би отсликувал најголемиот дел од напишаниот текст? Сеуште немам прочитано дека авторов на книгата ,од која што пренесувам одредени делови напишал Библија и не разбирам зошто наведувањата како “своја’ Библија.Од текстовите што читав понајмалку можев да дојдам до таков заклучок Инаку ако имате расположение повелете и постирајте тема околу тоа, кои се книгите што ја сочинуваат Библијата,а кои не и зошто во некои Библии ,како што и ZOTE ќе примети ,има а во некои нема одредени текстовни целини. Верувам има и такви што со интерес би следеле таквата тематика.
so zadoVOLstvo ke sledime i ke citame se shto ke postirate i ti pa i taa..ama ako veke se stavaat delovi od Bibilijata treba da se naglasi KOJA verzija na KOJA Biblija
Homer MakeDonski Кој е Ѓорги Поп Атанасов Македонец од пиринскиот дел на Македонија,пребегнат своевремено во тогашна СРМ ,некогашен свештеник на БПЦ,потоа градежник,есперантист поранешен затвореник во Пазарџишкиот затвор .Но освен основните генералии ,согледувањето на ликот на било кого е преку неговите дела.Еве што тој вели за себе и својата книга Бидејќи ова истражување е поврзано со Библијата, којашто стои во основата на христијанството, наш долг е да се обратиме со неколку зборови специјално кон христијаните, особено кон оние, коишто живеат на Балканот или, пак, потекнуваат од овие простори. На сите ни е познато дека балканските држави веќе повеќе децении прават напори да ја елиминираат македонската нација. Секоја од овие држави има претензии да владее со Македонија, тврдејќи дека Македонците не постојат и дека тие се, всушност, Бугари, Грци, Срби и сл. т.е. дека тие се дел од нацијата на соодветниот претендент.
Homer MakeDonski Оваа бесмислица била поддржувана во минатото, а и денес се поддржува во некои од балканските земји и од соодветните национални цркви. Поткрепувајќи го, меѓутоа, големодржавниот шовинизам на своите држави и обидите на истите да го негираат постоењето на македонскиот етнос, тие цркви се објавуваат против сопственото учење, против христијанството и неговата светиња - Библијата. За атеистите, да го одречуваат постоењето на, Македонија и на Македонците (древни и сегашни, бидејќи тие се неразделиво поврзани), и покрај обилните податоци за нив во Библијата, и без многу размислување да ги претворат во "Северна Грција" и "Грци", "Југозападна Бугарија" и "Бугари", "Јуужна Србија" и "Јужносрбјанци" и сл. е сосем лесно, затоа што за нив Светото Писмо не е ништо друго освен мит, обична измислица; меѓутоа, да го прават тоа истото христијани и тоа такви, кои стојат во врвовите на една црква и да го налагаат тоа на сите членови на црквата е, навистина, неразбирливо; бидејќи, да го одрекуваш постоењето на Македонија и Македонците значи да ја одречуваш вистинитоста на Библијата, да ги негираш дејноста и посланијата на најголемиот меѓу апостолите - апостолот Павле. На сите им е познато дека апостолот Павле проповедаше меѓу Македонците, основа во Македонија црковни општини, испрати до Македонците од Филипи и од Солун посланија, кои и до ден-денес претставуваат интегрален дел од текстот на Библијата и кои секојдневно се читаат во целиот културен христијански свет. Македонија е библиска земја, а Македонците се библиски народ, затоа залудни се усилбите на соседните држави да ја избришат Македонија од географските карти и да го асимилираат нејзиниот народ. Македонија и Македонците се неуништливи и крајно време е тоа да го сфатат оние, кои се уште живеат со сопствените илузии.
Homer MakeDonski ...Првата војна помеѓу Македонија и Рим (214-205 год.) не дала решавачки резултати, меѓутоа, Втората македонско-римска војна (200-197)резултирала со пораз на Филип IV во битката кај Киноскефале. Бил потпишан мировен договор според којшто Македонија требало да им плати на Римјаните контрибуција (воена отштета), ги изгубила Тесалија и Коринт и истовремено се обврзала дека повеќе нема да се обидува да ја потчини под своја власт Грција. Синот на Филип - Персеј (178-168), во 171 год. започнал трета војна против Римјаните и во почетокот бележел успеси, но во 168 год., во битката кај Пидна, македонската војска била разбиена, а Македонија паднала под власта на Римјаните. Павел Емилиј, освојувачот на Македонија, триумфирал, и неговата радост била потполно оправдана, затоа што, како што ќе рече големиот историчар Ернест Ренан "Македонците биле најсилниот народ со којшто Римјаните требало да се судрат на Истокот"97. Македонците, меѓутоа, не можеле или не сакале да го поднесуваат римското владеење. Веќе во 149 год. тие организирале бунт против римската власт, којшто, со голема жестокост, бил задушен од римските легиони. По задушувањето на бунтот, Македонија, заедно со Тесалија и Илирија, била претворена во римска провинција. Како што се гледа, и во најдлабока древност биле правени обиди Македонија да биде избришана од истриското битие на човештвото, но таа и во најкритичните моменти од своето многувековно постоење не го губела чувството за сопственото достоинство или како што ќе каже Ернест Ренан: "и под Римјаните Македонија останала достојна и чесна земја"98. За паѓањето на Македонија под римска власт пишува и авторот на Прва книга Макавејска. Во почетокот од осмата глава тој го пишува следново: "Тогаш Јуда чу за славата на Римјаните, дека се силни и благонаклонети кон сите што се обраќаат кон нив, и што им се приврзани и дека со секого склучуваат пријателство. My раскажуваа за тоа дека се моќни и силни, за нивните војни, за јуначките подвизи, со кои се истакнале над Галатјаните, како биле покорени и направени нивни поданици; исто и за она што го направиле во Шпанија, за да ги завладеат тамошните рудници на злато и сребро; дека со својата разумност и истрајност ги завладеале сите земји,иако тие биле многу далеку од нив. Исто така, и за царевите што станувале против нив, кои доаѓале од најоддалечените краишта, а тие ги победувале и ја кршеле нивната сила, нанесувајќи им големи порази, а другите им плаќале годишен данок; тие го победиле во војна и Филипа99, и китискиот цар Персеј100, и сите други што станувале против нив" (1 Мак. 8,1-5). Од наведениот текст сосем јасно се гледа дека библискиот термин "Китим" (односно "китиски") се однесува на Македонија и Македонците, .. Значително поопширни податоци наоѓаме во Библијата за сириските и за египетските наследници на Александар Македонски; и тоа е лесно објасниво: Палестина била под власта ту на Селевкидите ту на Птоломеите, поради што сосем нормално е авторот на Макавејските книги, кој ја опишува борбата на Евреите против спомнатите дијадоси, да даде повеќе податоци за нив и за нивните наследници.
Homer MakeDonski Како што веќе рековме, основач на македонско-сириската царска династија "Селевкиди" е Селевк I Никатор (312-280 год. пред Христа). Co започнувањето на неговото царување во 312 год. започнува нов систем на броење на годините или таканаречената Селевкидова ера. Во Макавејските книги годините се даваат, имено, според принципите на Селевкидовата ера. По Селевк I Никатор царувале еден по друг Антиох I (280-261), Антиох II Теос (261- 246) - син на Антиох I, Селевк II Калиник (246-226) - постар син на Антиох II, Селевк III Керавна (226-222) - постар син на Селевк II и Антиох III Велики (222-187) -брат на Селевк III Керавна, за кого што се однесуваат најраните податоци, коишто Библијата ни ги дава за сириските наследници на Александар Македонски. Непосредно по стихот, во којшто се споменува за разбивањето на Филип и Персеј од Римјаните, авторот на Прва книга Макавејска додава дека во исто време Римјаните "го победиле и Антиоха, великиот цар на Азија", кој излегол против нив "со сто и дваесет слонови, со коњица, со ојни коли и со многубројна војска" (1 Мак. 8,6). Римјаните го заробиле Антиох III Велики (1 Мак. 1,10; 8,7) и го принудиле да им плаќа данок, додека Индија, Мидија, Лидија и некои други области од неговото царство му ги одзеле и му ги дале на царот Евмениј (1 Мак.; 8,8). По Антиох III Велики на сирискиот царски престол дошол неговиот првороден син Селевк IV Филопатор (187-175). Тој ги одзел од Птоломеите Ерусалим и голем дел од Палестина. За него во Втора книга Макавејска (3,3) се вели дека бил "азиски цар" и дека редовно давал од своите приходи прилози во полза на ерусалимскиот храм, за да можат нормално да се одржуваат жртвените ритуали. Меѓутоа, овој благонаклонет однос на царот кон јудејскиот храм и воопшто кон јудејската религија и јудејските религиозни ритуали, според авторот на Макавејските книги, не траел долго. Еден Јудеин по име Симон отишол кај воениот командант на Келе-Сирија и Феникија Аполониј и му јавил дека во ерусалимскиот храм се чуваат огромни богатства, коишто сосем не се потребни за издршка на храмот, на свештениците и на другиот храмов персонал. Аполониј веднаш му го соопштил тоа на царот, а Селевк IV Филопатор го испратил својот службеник Илиодор лично да ги посети трезорите на ерусалимскиот храм. На Илиодор, меѓутоа, не му успеало да влезе во ризниците на Божјиот храм. При неговиот обид да влезе во скривницата на храмот, "од Божјата сила", тој бил "соборен ... и лежел безгласен и лишен од секаква надеж на спасение" (2 Мак. 3,29). Има историчари кои тврдат дека Илиодор, без знаење на царот Селевк IV Филопатор, направил обид да ја ограби ризницата на ерусалимскиот храм, поради што бил жестоко казнет. На Илиодор му биле врзани очите, а потоа сам царот го тепал со стапови, при што бил уверуван дека "го тепаат ангели". Илиодор, меѓутоа, многу добро знаел кој го тепа. По оваа понижувачка казна Илиодор барал погоден момент за да му се одмазди на царот и одмаздата, навистина, не задоцнила, бидејќи Илиодор успеал да го отруе Селевк IV Филопатор. --------------------- 96Некои историчари го именуваат Филип V. 97Ernest renan, Saint Paul, Paris 1869, стр. 137. 98 Исто. 99Македонскиот цар Филип IV (некои научници, како што рековме погоре, го именуваат Филип V), кој царувал од 221 до 179 год. пред Христа, е татко на последниот македонски цар Персеј. 100Во македонскиот превод на Библијата Персеј погрешно е наречен "кинески цар".
Homer MakeDonski Царот Селевк IV Филопатор бил наследен од неговиот брат Антиох IV Епифан (2 Мак. 4,7). Последниот "се зацарил во сто триесет и седмата година на Елинското царство"101 (1 Мак. 1,10) и веднаш започнал жестоко да ги прогонува Евреите, поради што авторот на Макавејските книги го нарекува "корен на гревот" (1 Мак. 1,10). За одбележување е тоа дека непосредните наследници на Александар Македонски, како и нивниот велик претходник, се однесувале мошне благонаклоно кон различните народи што ги населувале нивните држави, вклучувајќи ги и Евреите. Така, за време на царувањето на Птоломеј Лаг во престолнината на Македонско-Египетското царство - Александрија, биле населени голем број Јудејци, кои имале исти права со Македонците и Грците. На тој начин постапувале и првите цареви од династијата на Селевкидите. По основањето на Антиохија во 300 год. пред Христа и прогласувањето и за престолнина на сириското македонско царство, тука, исто така, биле населени илјадници Евреи, кои ги имале истите права како и Македонците102. Подоцна, меѓутоа, египетските и сириските дијадоси отстапиле од заветот што им го оставил Александар Велики Македонски и започнале да ги притеснуваат некои од народите што живееле во нивните држави, пред сё Евреите (1 Мак. 1,44-64, 2 Мак. 7 глава и др.)· Стремејќи се да им ја наложи на Евреите и на другите народи елинската култура Птоломеите и Селевкидите, всушност, сакале да ги стабилизираат сопствените држави; или како што сам напишал Антиох Г#1140; Епифан до сите што живееле во неговата империја дека тој имал желба "секој својот закон да го напушти", та на тој начин "сите негови поданици ... да бидат како еден народ" (1 Мак. 1,41-42). Прогонувањата, меѓутоа, против Евреите и против другите народи, кои не сакале да се откажат од својата традиционална религија, предизвикале негативни последици. Тоа посебно се однесува за Евреите, кои имале многу силна вера и кои фанатизирано се придржувале кон своите религиозни закони. Тука му е местото да го кажеме и тоа дека елинизмот им помогнал на македонските владетели на Истокот да создадат високоцивилизирани држави; тој му овозможил на целиот медитерански свет да се запознае со елинската мудрост и култура, но истовремено ја пројавил и својата негативна особина. Елинизмот ја насадил во македонските владетели од типот на Антиох Епифан грчката надменост, а тоа, од своја страна, ги натерало тие владетели да отстапат од праведните принципи на својот велик претходник. He почитувајќи ја етничката самостојност и религиозната неприкосновеност на другите народи, тие самите си создале непријателски гнезда во сопствените држави и ја нарушиле нивната стабилност. Имено такво нешто се случило и со Евреите: повеќето од нив не сакале да се откажат од законите и обичаите на своите татковци и и објавиле света војна на Селевкидовата монархија. На чело на јудејскиот бунт застанале Мататија и неговите пет синови (1 Мак. 2,1-5). Освен тоа, Селевкидите и Птоломеите биле во постојана војна помеѓу себе, поради што взаемно се исцрпувале и го изложувале на опасност дури и самото постоење на нивните огромни империи. Така, уште со самото доаѓање на царскиот престол на Антиох IV Епифан, покрај прогонувањата на Евреите, тој се зафатил и со конечното одземање на Палестина од Птоломеидите, кои, во времето на Птоломеј IV Филопатор (222-205 год.) ја одзеле од татко му Антиох III Велики (3 Мак. 1,1-10). Кога пак царството му станало премногу силно, тој посакал да се зацари и над Египет, па затоа со силна војска, "со бојни коли и слонови, со коњаници и со многу бродови" го нападнал Египет (1 мак. 1,17), завладеал повеќе утврдени египетски градови и во "сто четириесет и третата година"103 Египет конечно паднал во негови раце (1 Мак. 1,19-20). Сето тоа се случувало во време кога Македонија агонизирала под силните налети на римските легиони; и наместо потомците на Александровите дијадоси во Египет и во Сирија да и пружат помош на својата постара сестра, ако можеме така да се изразиме, тие војувале еден против друг, разорувајќи ги на тој начин сопствените држави. Таа кусогледост на наследниците на македонските дијадоси во Сирија и во Египет им помогнала на Римјаните постепено да ги покорат Македонија (168 год.), Сирија (64 год.) и Египет (30 год. пред Христа). Ако Македонија, Сирија и Египет беа пројавиле повеќе разумност во своето дејствување, ако тие се договореа да формираат заеднички фронт против Римјаните, на последниве, најверојатно, немаше да им успее да ги ликвидираат остатоците од Македонската империја на Александар Велики и на нивно место да создадат своја империјална држава. Ho пo сево ова доаѓа и бунтот на Евреите, којшто посебно лошо се одразува врз стабилноста на Селевкидовата монархија, под чија власт, во тоа време, се наоѓала и Палестина.
Homer MakeDonski Јуда Макавеј, третиот син на Мататија, по смртта на својот татко во 166 год., застанал на чело на востанатите Евреи и отпочнал една мошне успешна борба, според авторот на Макавејските книги, против државата на Селевкидите. Тој ги победил, еден по друг, заповедникот на градот Самарија Аполониј (1 Мак. 3,10-11) и заповедникот на Сирија Сирон (1 Мак. 3,23). Кога разбрал што се случило, царот Антиох многу се налутил и веднаш му заповедал на Лисиј, кој бил негов прв помошник и воспитувач на неговите деца, да испрати силна војска против Евреите, а самиот заминал, со друга војска, да војува против Персијците. Извршувајќи ја наредбата на својот господар, Лисиј ги испратил Птоломеј, Никанор и Горгиј (1 Мак. 3,38) со четириесетилјадна војска (пешаци) и седум илјади коњаници да го задушат востанието на Јуда Макавеј104. Во битката што се одиграла во близина на Емаум, победиле Јудејците (1 Мак. 4,MI. 5). Следната година Лисиј одново ја нападнал Јудеја, со уште помногубројна војска (1 Мак. 4,28), но и овојпат, според авторот на Макавејските книги, победата била на страната на малобројните Јудејци. Истата судбина ја снашла и војската на војсководецот Тимотеј (1 Мак. 5,34). Во тоа време Антиох IV Епифан, поминувајќи "преку горните области", дознал дека во Персија имало град по име Елимаис (2 Мак. 9,2 - Персепол), прочуен по своето богатство. Во овој град имало храм, во којшто се чувале "златни предмети, оклопи и оружје, оставени од Александар, синот на Филипа, македонскиот цар" (1 Мак. 6,2). Денешните Македонци треба да му бидат благодарни на авторот на Макавејските книги за овој библиски стих (1 Мак. 6,2), бидејќи само со неколку збора ги поништува усилбите на некои истражувачи да го докажат наводното грчко потекло на древните Македонци. Тука, авторот на Макавејските книги на еден мошне категоричен начин потенцира дека во негово време (II в. пред Христа) Македонците претставувале одделна етничка група, потполно различна од Грците. Истакнувајќи го фактот дека Александар Велики бил "македонски цар" и дека бил син на филип Македонски, авторот додава дека истиот (Александар Македонски) "прв се зацарил над Елините" (Грците) - " os evasileos prwtos ev iois ellhsi"- случајов зборот "prwtos" означува "прв на ред", при што со него авторот сакал да истакне дека Александар Македонски прв помеѓу македонските цареви се зацарил над Елините (Грците)., штом Александар Македонски прв се зацарил над Елините односно Грците, тоа значи дека македонските цареви пред Александар, според сведочењето на овој древен автор, не царувале над Елини (Грци), туку над друг народ; а тој народ биле, имено, Македонците. Ние знаеме од историјата дека уште таткото на Александар Велики Филип II Македонски ги разбил Грците кај Херонеја во 338 год. пред Христа и тие ја признале неговата врховна власт т.е. му станале вазали, но сепак ја зачувале својата условна самостојност. Мошне значајно сведочење во тој однос наоѓаме кај древниот писател Помпеј Трог. Во својата "Историја на Македонија", напишана околу дваесеттата година пред Христа, Помпеј Трог изјавува дека по својата победа над Грците во 338 год., Филип II Македонски не се прогласил за цар и на Грција, туку само ги ставил грчките полиси (градови-држави) во извесна степен на потчинетост во однос на Македонија. Конечното присоединување на Грција кон Македонија станало по убиството на Филип Македонски, кога Грците се побуниле против врховната македонска власт и чија побуна, за изненадување на самите Грци, била задушена мошне брзо од младиот Александар. Откако не успеал да го заземе градот Елимаис и да се добере до скапоценостите и оружјата, чувани во овој град уште 105Во македонскиот превод на Библијата цитираната овде грчка фраза е преведена произволно - "кој прв се зацари над Египет". Во бугарскиот синодален превод од 1925 год. стои "който пръв се възцари над елините". Имајќи го предвид фактот дека во Septuaginta со терминот "Ellhsi" се означуваат "Елините" (Грците), а исто така, и тоа дека слична фразеолошка конструкција наоѓаме и во 1 Мак. 1,1 - kai evasilevsev avi auiou,Proterov epi ihv ellada", но тука на местото на " ellusi" (Елини односно Грци) стои "ellada" (Елада односно Грција) повеќе од јасно станува дека во случајот авторот го имал во предвид Александровото зацарување над Грција и Грците, а не над Египет како што стои во македонскиот превод на Библијата. ---------- *101 во 175 год. пред Христа. *102 А. П. Лопухин, Цит. д., стр. 886. *103 во 169 год. пред Христа според нашиот систем на броење на годините. *104 Според Втора книга Макавејска (8,8-9) не Лисиј, туку Филип, кој бил еден од најдоверливите луѓе на царот Антиох IV Епифан, му напишал писмо на заповедникот на Келе-Сирија и Феникија Птоломеј, со кое го известил за Јудејското востание, а последниот ги одбрал заповедниците Никанор и Горгиј и ги испратил, со силна војска, против Јудејците.
Homer MakeDonski од времето на големиот македонски цар, Антиох IV заминал со својата војска кон градот Вавилон - некогашната престолнина на огромната македонска империја. На пат за Вавилон, кога се наоѓал во близина на Екбатана (2 Мак. 9,3), на Антиох му јавиле за неуспесите на Лисиј, Никанор, Тимотеј и Горгиј во нивната борба против Јудејците, поради што неговата тага, по неговиот личен неуспех при опсадата на Елимаис, двојно се зголемила. "Изнемоштен од тага", царот Антиох IV Епифан тешко се разболел (1 Мак. 6,8) и откако почувствувал дека ќе умре, го повикал Филипа, негов прв помошник и пријател и го назначил за управник на целото царство; му ја дал царската круна, својата царска облека и државниот печат и, притоа, му оставил аманет да го воспитува неговиот син Антиох и "да го учи како треба да управува со царството" (1 Мак. 6,14-15). Антиох Епифан умрел "во сто четириесет и деветтата година" (1 Мак. 6,16) на Селевкидовата ера т.е. во 163 год. пред Христа, некаде во планинските предели на Персија, пред да пристигне во Вавилон. Неговото тело било пренесено од првиот му помошник и совоспитаник Филип, најверојатно, во престолнината Антиохија кадешто бил погребан (2 Мак. 9,28-29). Кога разбрал за смртта на Антиох IV Епифан, Лисиј, не чекајќи да го добие писмениот тестамент на починатиот цар, веднаш го прогласил за нов цар син му Антиох, давајќи му го името "Евпатор" ("благородник"; 1 Мак. 6,17). Оваа постапка на Лисиј довела до поделба во државата. На една страна бил Филип со војската на починатиот цар, а на другата - Лисиј со новопрогласениот цар Антиох V Евпатор. Притоа, настанатата ситуација ја искористиле Евреите. Мислејќи дека царската власт се наоѓа во рацете на млад и неискусен владетел, тие заклучиле дека моментот е мошне погоден да си го повратат потполно градот Ерусалим и ја опсадиле ерусалимската тврдина, во којашто се наоѓале лојалните на власта Јудејци и царскиот гарнизон. Притоа, побунетите Евреи не само што ја опседнале ерусалимската тврдина, туку се погрижиле и за безбедноста на оние градови, кои веќе се наоѓале во нивни раце (на пр. Ветсура и др.). Откако разбрал за опсадата на Ерусалим (162 год. пред Христа), царот Антиох V Евпатор собрал силна војска - "сто илјади пешаци, дваесет илјади коњаници и триесет и два слона,обучени за војна"106 (1 Мак. 6,30) и поминувајќи низ Идумеја, ги улогорил своите војски спроти утврдениот од Јудејците град Ветсура. По неколкудневни борби Евреите ја напуштиле Ветсура и се улогориле кај Ветсахар, каде што се одиграла главната битка помеѓу царската војска и побунетите Јудејци. Притоа, при опишувањето на Ветсахарската битка, авторот на Макавејските книги ни дава мошне важни податоци за вооружувањето на македонско-сириската војска и за начинот на водење на војната. Ако го имаме предвид фактот дека битката кај Ветсахар се случила во 162 год. пред Христа, точно 162 години по смртта на Александар Македонски и дека царевите од Македонските царски династии во Сирија и Египет во се настојувале да му подражаваат на својот велик претходник, особено во воените работи, ние можеме да се здобиеме со една, до голема степен прецизна, претстава за вооружувањето на македонската војска во времето на Александар Велики и за воената тактика, којашто тој ја практикувал во времето на својот победнички поход низ Европа, Азија и Африка. Според описот што го наоѓаме во шестата глава од Прва книга Макавејска, при подготовката на војската за борба, специјални групи трубеле со труби (1 Мак. 6,33). Обединувачка алка во македонско-сириската војска биле воените слонови. Околу секој слон се групирале по илјада пешаци, со железни оклопи и бакарни шлемови на главите, а исто така, и по петстотини коњаници (1 Мак. 6,35). Врз слоновите, со ремени, зацврстувале дрвени кули, под чија заштита се бореле триесет и двајца "јаки мажи" (1 Мак. 6,37). Војската на Селевкидите била вооружена со штитови (1 Мак. 6,39), стрелофрлачки машини, огнофрлачи, каменофрлачи, копиефрлачи (1 Мак. 6,51), праќи (1 Мак. 9,11), бојни коли со коси (2 Мак. 13,2) и др. Во Ветсахарската битка победила царската војска. Востанатите Евреи биле принудени да отстапат под притисокот на добро вооружената армија на Антиох Евпатор. Последниов склучил мир со жителите на Ветсура, оставил вооружена стража во градот и тргнал со својата војска кон Ерусалим. Меѓутоа, кога се ближело времето ерусалимската тврдина да падне во рацете на Антиох, бидејќи Евреите веќе ги привршувале резервите на храна и муниција, дошла вест дека Филип - оној Филип на кого царот Антиох IV Епифан му даде големи овластувања односно управувањето на царството, се вратил во Антиохија и се обидувал "да завладее во царството" (1 Мак. 6,55-56). Тоа го натерало младиот цар да ги послуша советите на своите воени команданти, да склучи мир со Јудејците, а потоа веднаш да се врати во престолнината Антиохија. Филип, кој претходно се утврдил во градот, не успеал да и одолее на опсадата на Антиох Евпатор и напуштајќи го градот, избегал во Египет кај царот Птоломеј Филопатор (1 Мак. 6,63; 2 Мак. 9,29). За одбележување е дека Антиох Евпатор царувал сосем кратко време (163-161 год. пр. Хр.), но и покрај тоа што бил сосем млад, тој управувал цврсто и неговите воени потези скоро секогаш завршувале со успех. Ова, најверојатно, се должи на тоа што тој уште во самиот почеток на своето царување извршил радикални промени во начинот на управувањето со државата. Така, заповедникот на Келе-Сирија и Феникија Птоломеј Макрон107 бил сменет од должноста, при што за управник на тие области бил назначен Лисиј. Откако, пак, Лисиј бил земен од царот за помошник во управувањето на целата држава, управник на Келе-Сирија и Феникија станал Горгиј. -------------- 106 Според 2 Мак. 13,1-2, кога Антиох Евпатор тргнал да војува против Јудеја имал на располагање "сто и десет илјади пешаци, пет илјади и триста коњаници, дваесет и два слона и триста бојни коли со коси".
Homer MakeDonski Во 161 год. пред Рождество Христово (151 год. според Селевкидовата ера) од Рим во Сирија дошол Димитриј, син на Селевк IV Филопатор. Неговите легиони се истовариле во пристаништето Триполи и постепено ја зазеле целата земја. Антиох V Евпатор и неговиот најблизок соработник Лисиј биле заробени, а потоа и убиени (1 Мак. 7,1-4; 2 Мак. 14,1-2). Уште со самото стапување на царскиот престол Димитриј го испратил својот доверлив војсководец Вакхид, во придружба на Јудеецот Алким и на силна војска, да ги смири јудејските области. Евреите, притоа, не дале никаков отпор, поради што Вакхид го поставил за управник на Јудеја Алкима и се вратил со војската во престолнината. Алким, кој имал аспирации да се добере до првосвештеничката должност, меѓутоа, со своите безаконија што ги вршел меѓу своите сонародници, ги разгневил Јуда Макавеј и неговите пријатели и тие се побуниле против него. Исплашениот Алким немал друг избор освен да ја побара помошта на централната власт. Овојпат против Јудејците бил испратен Никанор. Тој дошол во Јудеја со добра намера и сакал да склучи мир со Евреите, но тие се посомневале во неговата искреност и започнале да се готват за војна. И војната не задоцнила. Во двете битки, кај Хафарсалама и Веторон, Евреите ја разбиле царската војска, додека заповедникот на војската Никанор бил убиен. По разгромот на Никаноровата војска за Јудејците настапиле мирни денови или како пгго сам библискиот автор во 1 Мак. 7,50 се изразува: " ... Јудејската земја се смири за извесно време". Евреите, меѓутоа, биле доволно умни за да сфатат дека по големото затишје ќе има и голема бура, затоа тие решиле да го искористат моменталниот мир и да склучат воен сојуз со Римјаните, заштитувајќи се на тој начин од евентуалните напади од страна на царот Димитриј. За таа цел Јуда Макавеј избрал двјца мажи: Евполем, син Јованов и Јасон, син Елеазаров и ги испратил во Рим со порака да го склучат посакуваниот воен сојуз со Римјаните. Последниве биле поласкани од понудата на Евреите и веднаш се согласиле да го склучат бараниот сојуз. Текстот на потпишаниот од двете страни договор бил испишан врз "бронзени плочи", при што една од нив останала во Рим, a другата била испратена во Ерусалим по самите пратеници на Јудејците. Еве го текстот на овој договор: "(23) Римјаните и јудејскиот народ да имаат вечно добро на море и суво! Мечот и непријателството да бидат далеку од нив! (24) Ако настане војна кај Римјаните или кај нивните сојузници во сите нивни владенија, (25) јудејскиот народ е должен да им укаже помош со сето свое срце, доколку приликите ќе го наложат тоа. (26) На непријателите нема да им даваат ни жито, ни оружје, ни пари, ни кораби. Така му е угодно на Рим. И тој верно ќе ги извршува своите обврски, без да добива надополнување. (27) Исто така, ако настане војна во јудејскиот народ порано, Римјаните од душа ќе им помогнат во војната, како што ќе наложат приликите. (28) На напаѓачите нема да им дадат ни жито, ни оружје, ни пари, ни бродови. Така е договорено во Рим и тие се должни да ги извршуваат своите задолженија без измама" (1 Мак. 8,23-28).
Homer MakeDonski Покрај потпишаниот договор, Римјаните испратиле и писмо до царот Димитриј, со кое го убедувале да не им прави зло на Јудејците, бидејќи тие се нивни сојузници. За испратеното писмо Римјаните ги известиле и Јудејците, пишувајќи им го следново: "А што се однесува до злото што царот Димитриј го прави на Јудеите, ние му пишавме вака: "Зошто си им наложил тежок јарем на нашите пријатели и сојузници - јудејците? Ако ни се обратат пак со жалба против тебе, ние ќе им дадеме справедлива помош и ќе војуваме против тебе и по море и по суво" (1 Мак. 8,31-32). Предупредувањата на Римјаните, меѓутоа, не го уплашиле царот Димитриј. He можејќи да ја поднесе загубата на својот верен војсководец Никанор, тој побрзал да им се одмазди на Јудеите за нивното злосторство. Овој пат кон Јудеја одново тргнале Вакхид и Алким. Co силна војска тие тргнале "на пат кон Галгал", го освоиле Месалот и "во првите месеци108 на сто педесет и втората година" (160 год. пред Христа) стигнале пред ѕидините на светиот град Ерусалим (1 Мак. 9,1-3). Јуда Макавеј се наоѓал во тоа време улогорен кај Елеас, поради што царската војска веднаш заминала кон ова место, каде што жестоко се судрила со одредите на побунетите Евреи. Отпорот на Јудеите бил скршен, а нивниот славен водач Јуда Макавеј бил убиен. По победата над востанатите Јудеи Вакхид ги утврдил позначајните градови во Јудеја: Иерихон, Емаум, Веторон, Ветил, Тамната, Фаратон, Тефон, Ветсура и Газара и поставил во секој од овие градови силен царски гарнизон. Потоа тој се вратил во престолнината Антиохија, каде што бил пречекан како победник со големи почести. По заминувањето на Вакхид од Јудеја, за еврејскиот народ настанале мирни денови, кои продолжиле до оној момент, кога на политичката сцена се појавил Александар, син на Антиох Епифан и брат на, убиениот од царот Димитриј, Антиох Евпатор. Во 152 год. пред Рождество Христово (160 год. од Селевкидовата ера) Александар ја освоил Птоломеида и се прогласил за цар на Сирија. По овој настан следувала жива дипломатска активност на претендентите за царскиот престол: Александар и Димитриј. ------------------------ 107 Птоломеј Макрон бил заповедник на Кипар, којшто се наоѓал под власта на Египет. Тој, меѓутоа, го изневерил египетскиот цар Птоломеј Филометор и поминал на страната на Антиох Епифан, кој, пак, го назначил за управник на Келе-Сирија и Феникија. Птоломеј Макрон ова го доживеал како големо понижување поради што извршил самоубиство (2 Мак. 10,13). 108 Првиот месец на еврејската свештена година е Авив или Нисан (2 Мој. 12:2,18; 13,4; Ест. 3,7). Тој започнувал кон средината на март и завршувал кон средината на април.
Homer MakeDonski И едниот, и другиот настојувале, по секоја цена, да ги придобијат на своја страна Јудеите. Во врска со тоа и двајцата претенденти им се обратиле на Јудеите со специјални писма. Александар дури го прогласил водачот на Евреите во тоа време Јонатан за управник на Јудеја и за првосвештеник на јудејскиот народ. Тој му испратил порфирна облека и круна, убедувајќи го да биде на негова страна во претстојната борба со царот Димитриј. Димитриј, меѓутоа, бил значително поштедар во своите ветувања. Во своето писмо тој им ветил на Евреите дека ќе ги ослободи од плаќање на даноци, ќе им дозволи слободно да ги празнуваат своите празници онака како што тоа го налагаат нивните религиозни закони, ќе им овозможи да служат во царската војска, да бидат назначувани за воени заповедници, градоначалници итн. Јудеите, меѓутоа, не им поверувале на широкоградите ветувања на царот Димитриј, туку претпочитале да се сојузат со новиот претендент за царскиот престол на Селевкидовата монархија - Александар. И тие, навистина, не погрешиле во својот избор, бидејќи наскоро војската на Димитриј била разбиена, а тој бил убиен (1 Мак. 10,48-50). Новиот цар на Сирија, уште со самото стапнување на царскиот престол, му се обратил со писмо на египетскиот цар Птоломеј VI Филометор и побарал од него двете земји, во иднина, да живеат во мир и меѓусебно разбирање. Царот Птоломеј го прифатил со задоволство предлогот на новиот сириски цар и дури му предложил лично да се сретнат во Птоломеида и да ги разгледаат прашањата што ги засегаат односите меѓу двете соседни држави. Средбата меѓу двајцата монарси се остварила во 150 год. пред Христа (162 год. од Селевкидовата ера, 1 Мак. 10,57) во спомнатиот погоре град и на таа средба тие склучиле сојуз, кој бил поткрепен со женидбата на царот Александар со ќерката на Птоломеј - Клеопатра. И на царот Александар, меѓутоа, не му било судено да царува спокојно. Синот на убиениот од него цар Димитриј -Димитриј Втори, уште во 147 год. пред Христа (165 год. според Селевкидовата ера, 1 Мак. 10,67) се вратил во Сирија и со помош на Аполониј, заповедник на Келе-Сирија, настојувал да ја освои власта во државата. Поради тоа во периодот од 147 до 145 год. во Сирија постоело еден вид двовластие. Правото да управуваат со царството меѓусебно си го оспорувале царот Александар и Димитриј Втори, а тоа решил да го искористи египетскиот цар Птоломеј VI Филометор. Тој како да заборавил за склучениот сојуз со својот зет Александар и коварно и се доближил на сириската престолнина Антиохија. Во тоа време Александар војувал во Киликија, чиишто жители се побуниле и никако не го насетувал коварството на својот тест; дури повеќе од тоа: тој им наредил на своите потчинети да го дочекаат со почести како што доликува за еден цар, роднина и сојузник. Птоломеј, пак, "со мирољубиви зборови" поминувал од град во град и во секој од нив оставал своја стража, така што за кратко време сите приморски градови (дури до поморскиот град Селевкија) паднале во негови раце (1 Мак. 11,8). Откако се почувствувал доволно силен, Птоломеј Филометор и јавно се објавил против Александар: ја зазел Антиохија, ја дал својата ќерка Клеопатра, Александровата жена, за сопруга на Димитриј и се прогласил за цар на Египет и на Азија (1 Мак. 11,12-13).
Homer MakeDonski Кога разбрал за коварната постапка на својот тест, царот Александар се вратил со својата војска од Киликија, но бил разбиен од војската на Птоломеј, при што самиот одвај се спасил со бекство; избегал во Арабија, каде што некојси Арабин по име Завдиил го убил, а отсечената Александрова глава тој му ја испратил на Птоломеј (1 Мак. 11,17). Интересно е што Птоломеј умрел "на третиот ден" откако ја добил отсечената глава на својот зет Алекеандар. Што се случило со него е тешко да се каже. Во секој случај станува збор за мошне загадочна смрт. Тој, најверојатно, бил отруен од приврзаниците на Димитриј II, кој, по смртта на Птоломеј во 145 год. пред Христа (167 год. од Селевкидовата ера, 1 Мак. 11,19), наредил да бидат убиени египетските стражи во сириските приморски градови, прогласувајќи се, истовремено, за цар на Сирија. Царувањето на Димитриј II било мошне спокојно. Co Јудејците тој одржувал мирни односи, а истото го правел и со другите народи што живееле во неговата држава. Димитриј II дури ја распуштил својата војска, оставајќи за свои потреби само еден мал одред странски платеници. Мирољубивата политика на царот Димитриј, меѓутоа, не им се допаднала на неговите војници. Тие останале без издршка и затоа започнале да негодуваат против него. Незадоволството на бившите војници на царот Димитриј го искористил Трифон, кој бил приврзаник на претходниот цар Александар. Тој отишол кај Арабјанецот Емалкуј (1 Мак. 11,39), при кого што се криел малолетниот син на царот Александар -Антиох, го известил за незадоволството на бившите царски војници и за можноста тој, во овој погоден момент, да се добере до царскиот престол. И Трифон, навистина, имал право. Co самото свое појавување на политичката сцена, иако бил уште сосем млад, тој, за мошне кратко време, спечалил бројни приврзаници. Кон неговата војска пристапиле сите војници, кои, пред тоа, биле отпуштени од царот Димитриј, поради што последниов не успеал да даде сериозен отпор на новиот претендент за царскиот престол. Така, во сириската држава одново настанало двовластие и несигурност, а настанатата ситуација ја искористиле Евреите, прогласувајќи ја својата независност (142 год. пр. Хр., 1 Мак. 13,41). Во меѓувреме Трифон го убил малолетниот цар Антиох IV и самиот се прогласил за цар, додека пак Димитриј II отишол кај Арсак, царот персиски и мидиски, за да бара од него воена помош против узурпаторот Трифон. Меѓутоа, наместо да добие помош, тој бил заробен и по наредба на Арсак бил ставен во затвор. Во своите меѓусебни борби за царскиот престол, Селевкидите до таков степен биле заслепени, што биле готови дури и да ја продадат својата татковина за да ја добијат царската круна. Постојаните внатрешни војувања, притоа, ја ослабиле моќта на државата и го овозможиле отцепувањето од неа на Јудеја и на некои други области. Меѓусебните пресметки продолжиле и по затворањето на Димитриј II. Неговиот син Антиох, кој, по заробувањето на неговиот татко, се криел некаде по "морските острови", во 138 год. пред Христа (174 год. од Селевкидовата ера, 1 Мак. 15,10) се вратил во Сирија и се прогласил за цар под името Антиох VII. Војската на Трифона била разбиена, a самиот Трифон бил принуден да побегне во приморскиот град Дора, од каде што со брод заминал за Ортосијада (1 Мак. 15,37). Антиох VII, синот на Димитриј II, е последниот цар од потомците на сириските наследници (дијадоси) на Александар Македонски, за кого што наоѓаме податоци во Библијата. Внатрешните недоразбирања и судири во Сирија продолжиле и по Антиох VII - дури до времето на Антиох XIII Азиецот, последниот цар од династијата на Селевкидите. Тој бил детрониран во 64 год. пред Христа од истакнатиот римски војсководец Помпеј. Значително подоцна паднала, пак под ударите на римските легиони, египетската македонска царска династија на Птоломеите. Тоа се случило во 30 год. пред нашата ера, кога на царскиот престол во Египет се наоѓала прочуената убавица Клеопатра со својот син Цезарион. На крајот да го кажеме и тоа дека македонското владеење во Азија и Африка оставило длабоки траги во битот и самосвеста на оние народи, кои, во тоа време, ги населувале овие краишта. Многу древни градови биле обновени и населени со македонски и грчки колонисти, при што добиле нови имиња. Така се појавиле градовите Птолемеида, Селевкија, Антиохија, Пела, Дион и др. Посебно голема била почитта на азиските и африканските народи кон личноста на Александар Македонски. Тие и се восхитувале на неговата храброст и се преклонувале пред неговата моќ и величие. Некои народи дури му оддавале почит како на бог, граделе храмови во негова чест и сл. Така, меѓу урнатините на древниот град Арке (Сирија) и денес постојат остатоци од храм, кој му бил посветен на Александар Македонски109. Евреите, исто така попаднале под културното влијание на древните Македонци. По македонското владеење, на пример, кај Евреите се среќаваат имиња како Иасон (2 Мак. 4,22-23), Менелај (2 Мак. 4,23), Лизимах (2 Мак. 4,29), Птоломеј и др. Подоцна и помеѓу синовите на Ирод Велики среќаваме такви со имиња: Александар, Архелај и Филип што, исто така, упатува на македонско влијание. Освојувањата на Александар Македонски извршиле големо влијание и врз културниот развој на целокупното човештво. Co својата победа над Персијците, Македонците ја спасиле Европа од поазијатување. Co воведувањето, пак, на старогрчкиот јазик за меѓународен во својата огромна империја, тие го трасирале патот за проникнувањето на христијанството надвор од пределите на Палестина. Се разбира, дека не треба да го забораваме и тоа дека Македонците се првите христијани во Европа, a Македонија е првата европска земја во која христијанството било проповедано и прифатено. _____________ 109 Б. Пиперов, Древната етнография на Изтока, стр. 93.
Homer MakeDonski Enigma procitaj go gorniov naslov vaka (od) Biblijata za Makedonija i Makedoncite
RaGeAnGeL tebe ak ti smetat ne citaj !I ne e EDNA Biblija !Ako imas neso da kazis vo konteks na ova so Homer pisit kazi ako ne ne ja upropastvi temava bash e super
RaGeAnGeL
quote:
Originally posted by Enigma
Ako si pravoslavna hristijanka ne bi trebalo da prifakjash nikakvi sveti knigi, koi shto ne se odobreni od pravoslavnata Crkva. Ova ne e forum na istorija, a nie govorime za Biblijata, koja e Bozhja Sveta Kniga.
na ovaj topik se prajt muabet za neshto drugo ama ti ocigledno niso ne kontas ili glumis ludilo zs taka ti odgovarat. Koja e taja Bozja Sveta Kniga ?Pravoslavnava?Katolickava?Protestanskata?ili Gospod na sive im dal razlicni?ili mozda odvreme-navreme se predomisluval?Pravoslavieto e neshto pojke od drugive religii? Mene ne mi e jasno zaso moras da isprevrtish sve i da tupis ko nikoj i da ja upropastish temava.... Otvori nova i tamu drzi monolozi ostaj ovdeka da si se postirat to so e tema na topikov.
Enigma Koja e tvojata vera i Crkva: rimokatolichka, protestantska ili pravoslavna?
cyberlady Pa dobro, Biblijata e dosta star tekst. Ja procitav vo 1999. Koj e sega glaven, Isus Hristos ili Aleksandar Makedonski?
Enigma Kakvo e ova prashanje? Sekoj, shto ja prochital Biblijata bi trebalo da znae, "KOJ E GLAVEN"?! Prvata i edinstvena Biblija, koja bila, e, i sekogash kje bide Sveta Kniga na pravoslavnite hristijani (pravoslavnata Crkva) bila napishana i izdadena na grchki jazik, patem e prevedena na razni jazici. Znachi, postojat PREVODI, a razlichnite VERZII se proizvod na chovekot, i ne se priznati od pravoslavnata Crkva.
Christian
quote:
Koja e taja Bozja Sveta Kniga ?Pravoslavnava?Katolickava?Protestanskata?ili Gospod na sive im dal razlicni?
tuka e greskata. Sectarianism is sin 1 Corinthians chpater 1, verses 10-17 "I appeal to you, brothers, in the name of our Lord Jesus Christ, that all of you agree with one another so that there may be no divisions among you and that you may be perfectly united in mind and thought.My brothers, some from Chloe's household have informed me that there are quarrels among you.What I mean is this: One of you says, "I follow Paul"; another, "I follow Apollos"; another, "I follow Cephas[a]"; still another, "I follow Christ." Is Christ divided? Was Paul crucified for you? Were you baptized into the name of Paul? I am thankful that I did not baptize any of you except Crispus and Gaius, so no one can say that you were baptized into my name. (Yes, I also baptized the household of Stephanas; beyond that, I don't remember if I baptized anyone else.) For Christ did not send me to baptize, but to preach the gospel—not with words of human wisdom, lest the cross of Christ be emptied of its power. od NIV verzija
cyberlady Ne bev taa sto ja procita. [:)][:)]