Администрариум
Администрариум
ozonce Sigurno si pomislivte deka ovaa tema e za nekoj Administrator, no ne e taka iako do nekade mozebi pri nekoja parafraza na ova moze da se najdat dopirni tochki. Ova e navistina interesno:

На 10-ти септември оваа година беше соопштено дека е откриен најтешкиот елемент на светот од страна на истражувачите од Neverwhere University. Неговото име е администрариум (хемиски симбол: Аd). Елементот нема протони ниту, пак, електрони. Значи неговиот атомски број е 0 (нула). Сепак, има 1 неутрон, 125 помошници неутрони и 75 заменици неутрони и 111 помошници на замениците неутрони. Тоа значи дека неговата вкупна атомска маса изнесува 312. Овие 312 елементарни честички во јадрото се држат со нуклеарни сили кои вклучуваат континуирана размена на честички од мезонски тип кои се викаат морони.
Администрариумот е инертен зашто нема електрони, со сепак хемиски може да се детектира зашто ја попречува секоја реакција во која е присутен. Според д-р М. Langour, еден од откривачите, многу мали количества од овој елемент може да направат реакција која трае помалку од една секунда да трае три-четири па и повеќе денови.
Администрариумот има период на полутрансформација од приближно 4 години, за тој период елементот всушност не се распаѓа, туку претрпоува реорганизација при која помошниците неутрони, замениците неутрони, и помошниците на замениците на неутрони ги менуваат своите места. Некои студии покажуваат дека атомската маса, всушност се зголемува после секоја реорганизација.
Елементот беше случајно откриен кога д-р М. Langour поднесе оставка на функцијата шеф на одделот за физика и во лутина ги фрлил сите докуленти во универзитетскиот акцелератор. „Одеднаш како последица на интеракции помеѓу сите тие извештаи, сметки, поплаки итн. и честичките во акцелераторот новиот елемент беше откриен“ вели д-р М. Langour.
Истражувачите од други лаборатории велат дека постојат индикации дека администрариумот може да се најде и во атмосферата. Според некои научници веројатноста е поголема да се најде во близина на убаво одржуваните владини згради.

Thomas Kyle од M.I.T