Патувањата на Апостолот Павле низ Македонија
Патувањата на Апостолот Павле низ Македонија
Homer MakeDonski Освен во Светото Писмо на Стариот Завет интересни податоци за Македонија и за Македонците наоѓаме и во Светото Писмо на Новиот Завет. Притоа, овие податоци, во најголемиот број случаи, се поврзани со животот и дејноста на светиот апостол Павле - овој апостол на апостолите, кој од прогонувач на христијаните станал ревносен проповедник на новото учење. По своето обраќање во христијанството апостолот Павле извршил повеќе благовеснички патувања, во текот на коишто тој го проповедал новото учење, организирал нови христијански општини, а старите ги утврдувал во новата вера. Своето прво патување надвор од Азија, како што веќе имавме случај да кажеме, светиот апостол Павле го направил во Македонија. Тоа започнало во 51 год. и завршило во 54 год., при што во текот на тие години апостолот Павле посетил и некои грчки градови, каде што, исто така, биле основани христијански црковни општини. Според книгата "Дела на светите апостоли", кога апостолот Павле се наоѓал во Троада, му се јавил насон "еден човек Македонец", којшто го молел велејќи: "Премини во Македонија и помогни ни!" (Дела 16,9). Народот, којшто, пред повеќе векови, штитејќи ја Европа се кренал против Азија и со силата на своето оружје ја покорил, сега самиот го повикува апостолот Павле, за да ја донесе во Македонија големата идеја што се родила во Азија; и апостолот Павле веднаш се одзвал на македонскиот повик. Уште истиот ден тој и неговите блиски соработници, кои го придружувале, - Сила, Тимотеј и Лука, отпловиле од Троада за Самотраки, каде што преноќиле, а на следниот ден се нашле во Неапол, којшто се наоѓал спроти островот Тасос и бил пристаниште на големиот град Филипи (Дела 16,11). Градот Филипи се наоѓал на три часа пат (15 километри) од брегот на Егејското Mope. Неговото најстаро име, познато на историјата, било Криниди (krvvides,h krhvis, - извор), што во превод би значело "Град на изворите". Така е наречен овој македонски град заради многуте извори што се наоѓале во неговата околина. Во близина на Филипи имало, исто така,богати наоѓалишта на сребро и злато, кои им биле познати и на Феничаните. Херодот (VI, 44-48) зборува дека жителите на островот Тасос граделе воени бродови и утврдени места, затоа што биле богати. Основните нивни приходи доаѓале од рудниците за злато во Скаптесила (брегот спроти островот Тасос)110. Тука, уште во најдлабока древност, било развиено рударството и ковањето на монети (Херодот V, 17,23; VII, 109). Подоцна градот бил наречен Датос, а откако Филип Македонски го проширил и утврдил, градот почнал да го носи името Филипи, во чест на овој знаменит македонски цар. Од тоа време градот Филипи започнал интензивно да се развива и долго време бил главен град на Македонија. Во 168 год., кога Павел Емилиј го победил македонскиот цар Персеј, заедно со цела Македонија и Филипи паднал под римска власт. Римскиот император Август го удостоил со посебна чест градот Филипи, доделувајќи им на неговите жители римско државјанство што значи дека тие станале римски државјани. Од тоа време градот Филипи почнале да го нарекуваат "колонија на Август Јулиј". Можеби имено затоа во "Дела на светите апостоли" (16,12) овој македонски град е наречен "прв град римска колонија" во тој дел на Македонија. Градот Филипи бил средиште на жива културна, религиозна и трговска дејност. Низ него поминувале сите поважни патишта што го пресекувале Балканскиот полуостров, вклучувајќи го и Via Egnatia (Егнатиевиот пат), којшто ја пресекувал Македонија од едниот до другиот крај. Познат е по тоа што е обновен од голем македонски цар, сведок е на настаните поврзани со паѓањето на Римската република (во 42 год. пред Рождество Христово кај Филипи Антониј и Октавиј ги победиле Брут и Касиј) и е првиот град во Европа, каде што било проповедано и прифатено христијанството. Уште со самото пристигнување во Филипи, апостолот Павле и неговите соработници започнале да го проповедаат новото учење. Тоа тие го правеле "надвор од градот кај една река", каде што месните жители имале обичај да излегуваат на молитва. Првите слушатели на апостолот Павле биле, пред сё, Македонци, кои, по стар обичај излегувале надвор од градот, да се молат кај реката. Тешко е да се прифати дека надвор од градот, кај ------------- 110Г. Кацаров, Д. Дечев, Цит. д., стр. 28.
Homer MakeDonski реката, имало Јудејска синагога или пак некаков друг помал молитвен дом на Јудеите, каде што тие се молеле и дека имено во тој молитвен дом Христовиот апостол го проповедал новото религиозно учење. Co таквата претпоставка не можеме да се согласиме заради следните неколку причини: 1. Евреите, коишто живееле во Филипи, биле сосем малобројни за да имаат свој молитвен дом и ако имале, тој сигурно ќе се наоѓаше во пределите на градот, а не надвор од него; 2. Од Посланието на светиот апостол Павле до Филипјаните може да се заклучи дека во Филипи немало многу Евреи. Во тоа свое послание апостолот Павле не употребува премногу цитати од Светото Писмо на Стариот Завет што упатува на тоа дека неговите читатели не биле Јудеи. Нам ни е познато дека апостолот Павле кога проповеда или писмено им се обраќа на свои сонародници, секогаш обилно се служи со цитати од старозаветните книги, сакајќи на тој начин да биде поубедлив, бидејќи Евреите им биле цврсто приврзани на Мојсеј и на другите старозаветни пророци. Мислењето дека во Филипи апостолот Павле проповедал исклучиво помеѓу Македонци, се прифаќа од голем број видни проучувачи на Библијата, меѓу кои е и истакнатиот теолог Schinz. Ho дури и да прифатиме дека во филиписката христјанска општина имало претставници и на други етнички групи, например Евреи и Грци, тие, и да ги имало, секако, биле сосем малобројни; 3. Прва го прифатила христијанството Македонката Лидија, за која не постои ниту еден доказ дека и припаѓала на јудејската религија, а тоа значи дека таа не ја слушала проповедта на апостолот Павле во еврејски молитвен дом. He може да се прифати, исто така, дека токму, крај бреговите на филиписката река, надвор од градот, постоел молитвен дом на грчката паганска религија, бидејќи таа како доминантна не само меѓу Грците, туку и меѓу Македонците, најверојатно, располагала со голем храм и тоа во самиот град. Навистина е невозможно во еден од најголемите македонски градови владеачката религија да имала храм надвор од градот и тоа толку безначаен што апостолот Павле да не најде за потребно да го спомне во своето Послание до Филипјаните, ниту пак светиот апостол Лука во "Дела на светите апостоли". Co полно право може да се прифати, како што веќе спомнавме, дека надвор од градот, крај реката оделе да ги вршат своите молитвени ритуали Македонците, затоа што и Страбон пишува дека тие ја обожавале водата и воопшто изворите и реките. По секоја веројатност, откако ја прифатиле грчката паганска религија, Македонците не ги заборавиле ниту своите традиционални верувања и обичаи. Имено со такви верувања и обичаи на етничките Македонци се сретнал апостолот Павле за време на својата прва посета на градот Филипи. Прва, како што веќе рековме, ја прифатила новата христијанска вера "една богобојазлива жена од градот Тијатир, по име Лидија". Тука таа била дојдена за да продава црвени ткаенини. Овој податок, секако, упатува на тоа дека во Филипи биле развиени занаетчиството и трговијата111. Имајќи го, притоа, предвид фактот дека во онаа далечна епоха жената била поврзана, пред се, со куќата и со домаќинството, не е тешко да се сфати до каков степен биле развиени занаетите и трговијата во македонскиот град Филипи, штом и една жена им била позната на филипјаните како продавачка на ткаенини. Поважното во случајот, се разбира, е тоа што новопокрстената христијанка Лидија била од градот Тијатир112, кој бил населен исклучиво со македонски преселници. Нам ни е познато дека по освојувањето на бројните територии од страна на Александар Македонски, многу Македонци биле раселени во разни делови на империјата, за да може на тој начин полесно да се зачува македонското владеење над другите народи. Но и покрај раселувањето и навидум непремостливата просторна оддалеченост од родниот крај, при немање на какви и да е модерни превозни и телекомуникациони средства, тие стародревни иселеници не ги заборавиле својот род и својата татковина. Тие се наоѓале во непрекинато општење со своите еднородни браќа од Македонија не само во времето на македонското владеење, туку и векови потоа. Имено оваа голема љубов кон родната грутка ја довела Македонката Лидија од далечниот град Тијатир во Филипи. Каква беспримерна приврзаност кон род и родина; какво духовно --------------------------------- 111Хејзеј открил во Филипи натпис, во којшто се зборува за трговија со пурпур (в. А. П. Лопухин, Библейская исторія, Нови Завет, Санктпетербург 1895, стр. 939). 112Тијатир е лидиски град, кој бил основан од македонски преселници, a ce наоѓал близу до реката Лик, помеѓу Сардис и Пергам. Тој бил познат по производството на разни видови ткаенини.
Homer MakeDonski величие поседувала оваа древна Македонка живеејќи толку далеку од татковината на своите прадедовци и притоа жена, нашла во себе доволно сили и поминувајќи стотици километри, доаѓа имено тука, помеѓу своите сонародници да ја врши својата трговска дејност. Во личноста на Лидија денешните Македонки имаат, навистина, светол пример, бидејќи и денес тие можат да дадат свој придонес во остварувањето на вековните стремежи на онеправданиот и измачен македонски народ. Македонката Лидија го пројавила и така типичното за Македонците гостопримство. Таа ги поканила апостолот Павле и неговите соработници да живеат во нејзиниот дом и не само што ги поканила, туку и повеќе од тоа - таа била толку упорна во своето настојување, што тие не биле во состојба да ја одбијат нејзината покана (Дела 16,15). Во нејзиниот дом тие престојувале во текот на целиот свој престој во Филипи. Тука тие го проповедале новото учење, разговарале со новопокрстените и сл. Притоа, освен од Лидија и од нејзините блиски, новата вера била прифатена и од многу други граѓани на Филипи. Така се родила првата христијанска општина во Европа. Основана од апостолот Павле, таа, во почетокот на своето постоење, била организирана и раководена од светиот евангелист Лука. Откако дошол од Троада во Филипи, заедно со апостолот Павле, Сила и Тимотеј, тој не отпатувал со нив за Солун, туку останал во Филипи, каде што продолжил да го проповеда христијанското учење и истовремено се грижел за уредување на тукушто формираната црковна општина. Тоа дека евангелистот Лука останал во Филипи по заминувањето на апостолот Павле, со Сила и Тимотеј, за Солун, се гледа од самиот начин на раскажување од 17 глава натаму. Додека до нивното пристигнување во Филипи, свети Лука, кој е автор на "Дела на светите апостоли", раскажува во прво лице множина, по заминувањето на апостолот Павле, со Сила и Тимотеј, за Солун, расказот од прво лице множина поминува во трето лице множина, а тоа покажува дека авторот (евангелистот Лука) натаму веќе не учествувал во патувањето. Еве што читаме во Дела 16,9-12: "(9) Преку ноќта имаше Павле видение: стоеше пред него еден човек, Македонец, кој го молеше и му велеше: "Премини во Македонија и помогни ни!" (10) По тоа видение веднаш посакавме да тргнеме за Македонија, бидејќи разбравме дека Господ не повикал таму да го проповедаме Евангелието. (11) И така,откако отпловивме од Троада, стигнавме право во Самотраки, a на вториот ден - во Неапол, (12) а оттаму во Филипи, кој во тој дел на Македонија е прв град, римска колонија. Во тој град престојувавме неколку дена". #913; еве како звучи текстот по заминувањето на апостолот Павле, со придружниците Сила и Тимотеј, од Филипи за Солун: "Минувајќи преку Амфипол и Аполонија, дојдоа во Солун, каде што имаше јудејска синагога" (Дела 17,1). Од посочените примери јасно може да се види дека евангелистот Лука не го продолжил патувањето, туку останал во Филипи. По евангелистот Лука епископ на Филипи станал Епафродит113, којшто бил филипјанец и градски првенец. Тој бил поставен за епископ на Филиписката христијанска општина, според сведочењето на свети Јован Златоуст и Блажени Теодорит, од самиот апостол Павле. Филипјанецот Епафродит бил познат по своите големи христијански добродетели, поради што апостолот Павле се однесувал кон него со чувство на длабока почит. И не само кон него, апостолот Павле чувствувал посебна љубов воопшто кон сите филиписки христијани заради нивната добродушност, човекољубие, приврзаност кон Христовото учење и сл. Големата љубов на апостолот Павле кон филиписките христијани се забележува уште во првите стихови од неговото послание до нив. Тука тој не го истакнува своето апостолско достоинство, како што тоа го прави во некои други свои посланија (на пр. во Првото послание до Коринтјаните и во посланијата до Тимотеј), Туку се наречува себеси раб на Исуса Христа, при што, на тој начин, ги третира филипјаните како да се рамни по чест со самиот него. Апостолот Павле ги пофалува филипјаните за нивната ревност во верата, за готовноста им за духовни и матерјални жртви во името на новата идеја. Додека некои христијани, во тешки моменти, го напуштале апостолот (1 Тим. 4,10; 2 Тим. 1,15), тоа филипјаните секогаш му се притекувале на помош, поткрепувајќи го во најтешките моменти од неговата проповедничка дејност, независно од тоа каде се наоѓал тој. "Јас се зарадував необично многу во Господа -пишува апостолот - затоа што вие одново почнавте да се грижите за мене, но немавте згодно време. Ова го велам не ---------------------- 113Илюстрированная полная популарная библейская знциклопедія. Трудъ и изданіе Архимандрита Никифора, Москва 1891, стр. 240.
Homer MakeDonski поради немање, бидејќи се научив да се задоволувам со она што го имам. Знам да живеам и во скудност, знам да живеам и во изобилство; научен сум на се и секако, и сит да бидам, и глад да трпам, и во изобилие да сум, и во немање. Се можам преку Исуса Христа, Кој ме крепи. Покрај сето тоа, добро направивте што зедовте учество во мојата скрб. #913; знаете и вие, Филипјани, дека во почетокот на Благовестието, кога излегов од Македонија, немаше ниту една црква нешто да ми даде или нешто да примам освен од вас; зашто и во Солун, еднаш, и по втор пат, ми пративте нужни работи. Ова го велам не дека сакам да ми давате, туку го барам плодот, кој се умножува во ваша полза" (Филип. 4, 10-17). Од цитираните стихови јасно се гледа дека филипјаните го помагале апостолот Павле не само духовно, туку и матерјално, снабдувајки го со потребните за живот работи. Така, откако разбрале за тешката положба, во којашто се наоѓал апостолот Павле во Рим, филипјаните веднаш го испратиле спомнатиот погоре градски првенец и прв филиписки епископ Епафродит, за да му биде поткрепа во тешките за него денови, при што по него испратиле и соодветна материјална помош за апостолот. Притоа Епафродит бил испратен кај апостолот Павле од името на целата филиписка христијанска општина што се гледа од зборовите на апостолот: "Најдов за потребно при вас да го испратам братот Епафродит, мој сотрудник и другар во војувањето, а ваш пратеник и помагач во потребите мои, бидејќи тој копнееше да ве види сите вас и многу жалеше што сте чуле дека бил болен. Зашто тој боледуваше дури до умирање; но Бог го помилува, а не само него, туку и мене, за да не ми се натовари жал врз жал. Поради тоа го испратив поскоро, та, штом ќе го видите пак, да се израдувате, a jac да бидам помалку нажален. Примете го, пак, во Господа со секаква радост, и такви почитувајте, бидејќи за Христовото дело тој беше скоро на умирање, откако го презре својот живот, за да го дополни недостигот на вашата служба кон мене" (Филип. 2,25-30). Слична мисла искажува апостолот и кон крајот на своето Послание кон Филипјаните: "Добив се и имам во изобилие, се пренаполнив со блага, кога го примив од вас испратениот дар преку Епафродит, кој е мирис сладок, жртва пријатна, благоугодна на Бога" (Филип. 4,18). Почитта, којашто апостолот Павле ја чувствувал кон филипјаните, постепено прераснала во љубов. Својата љубов кон нив тој ја изразува со карактеристичните за него длабоки мисли, велејќи: "Како што е и право да го мислам тоа за сите вас, оти ве имам на срце - и кога сум во окови, и кога го бранам и го утврдувам Благовестието, бидејќи сите вие сте ми соучесници во благодатта. Бог ми е сведок колку многу ве сакам сите вас со љубовта на Исуса Христа" (Филип. 1,7-8). Апостолот Павле ги нарекува филипјаните "браќа мои возљубени и многупожелани, радост моја и венец" (Филип. 4,1). Свети Јован Златоуст, зборувајќи за односот на апостолот Павле кон филипјаните, вели: "О, каква нежна љубов имал тој кон Македонија!" И веднаш додава - "и на солунјаните им го соопштува истото, велејќи "А ние, браќа, откако се одделивме од вас за кратко време114 по лице а не по срце, со уште поголема желба се грижевме да го видиме лицето ваше. Поради тоа, ние, најмногу јас, Павле, и еднаш и другпат, посакавме да дојдеме при вас ; но не попречи сатаната. Оти, кој е нашата надеж или радост, или венец за пофалба? Та тоа не сте ли и вие пред нашиот Господ Исуса Христа за Неговото доаѓање? Да, вие сте нашата слава и радост" (1 Сол. 2,17-20). Истакнувајќи ја љубовта на апостолот Павле кон филипјаните, св. Јован Златоуст сосем непринудено го заменува името на градот Филипи со името на целата земја кон којашто тој припаѓа, а имено Македонија. За св. Јован Златоуст, кој живеел во втората половина на IV в. и почетокот на V в. по Христа, да ги сакаш филипјаните било исто како да ги сакаш сите Македонци, додека да го сакаш Филипи било исто како да ја сакаш цела Македонија. Таа мисла на св. Јован Златоуст покажува дека во неговото време Македонците биле познати како одделна етничка група. Понатаму, пак, гледаме дека големиот христијански проповедник за да ги поткрепи своите мисли за љубовта на апостолот Павле кон Македонија, ги цитира и зборовите на апостолот упатени кон солунјаните, а тоа значи дека св. Јован Златоуст го однесува, исто така, и Солун кон Македонија, како и солунјаните - кон Македонците. ---------------------------------- 114Иоан Златоуст, Тълкувание на посланията на апостол Павел, София 1942, стр. 190.
Homer MakeDonski He само св. Јован Златоуст, но и св. Поликарп Смирненски (II в. по Христа), индиректно сведочи, во едно свое писмо до филипјаните, дека Филипи и Солун се градови кои й припаѓаат на иста земја и на ист народ. Во тоа свое писмо до филипјаните св. Поликарп Смирненски, зборувајќи за дејноста на апостолот Павле во Филипи, меѓу другото го пишува и тоа дека апостолот на апостолите испратил до филипјаните посланија (epistolas). Недоумица предизвикува, притоа, употребата на именката послание во множина, бидејќи во текстот на Библијата фигурира само едно послание на апостолот Павле до филипјаните. Скоро сите истражувачи (Тилман, Мајнерц и др.) се на мислење дека св. Поликарп во овој случај ги имал предвид и посланијата на апостол Павле до солунјаните. За св. Поликарп Смирненски таквата констатација била сосем нормална, бидејќи и Посланието до Филипјаните, и посланијата до Солунјаните се пишувани и испратени до македонски христијански општини. Важното во случајов е тоа дека и во II в. по Христа, Македонците, и покрај повеќевековното римско ропство, се зачувале како одделна народносна група. #913; тоа било непосредно пред доаѓањето на Словените на Балканот и нивното населување на македонската територија, што значи дека кога дошле тука, Словените нашле старомакедонско население, кое етнички било разграничено од Грците и од другите етнички групи што ги населувале овие простори. Во почетокот на своето Послание до Филипјаните апостолот Павле пишува: "Од Павла и Тимотеја, слуги на Исуса Христа, до сите светии во Христа Исуса, што се во Филипи, со епископите и ѓаконите". Од цитираниот текст се добива впечаток како да имало повеќе епископи во Филиписката христијанска општина. Имајќи го, меѓутоа, предвид фактот дека Посланието на апостолот Павле до Филипјаните е пишувано во првата половина на 63 год. по Христа и било испратено по Епафродит (Филип. 2,25) и дека самата Филиписка црковна општина била основана околу 51 год. од Новата ера т.е. 12 години порано, мошне тешко е да се прифати дека за еден толку краток временски период филиписките христијани станале толку многубројни што се појавила потреба да имаат повеќе епископи. По секоја веројатност Филиписката христијанска општина немала повеќе од еден епископ, меѓутоа, по се изгледа во тоа време епископи биле нарекувани и презвитерите (o presvuteros - постар, старешина; ) (episkopos - надзорник, раководител). Во времето на апостолите овие две хиерархиски степени се уште не биле потполно разграничени. За тоа сведочи и св. Јован Златоуст во своето толкување на Посланието на апостолот Павле до Филипјаните. Тука е местото да си го поставиме и прашањето: зошто апостолот Павле дојде да ја проповеда новата идеја првин во Македонија, а не во некоја друга европска земја!? Како да си го објасниме овој факт? Зошто апостолот Павле не отишол, на пример, во Тракија, во којашто тој многу полесно можел да дојде, поминувајќи низ Протоците (Босфорот или Дарданелите)? Co што македонскиот народ го привлекол вниманието на Христовиот апостол? Објаснувањето може да биде само едно: апостолот Павле бил извонредно мудар човек и тој многу добро знаел дека за да има успех новото учење, тоа треба да придобие на своја страна еден славен и достоен народ, кој ќе биде во состојба да се мери по силата на својот дух со Римјаните; а таков народ во таа далечна епоха бил народот на Македонија. Големиот познавач на древноста Ернест Ренан пишува: "Македонците се антички народ, кој најмногу личел на Римјаните"115. Освен тоа, апостолот Павле добро знаел дека во поголемите македонски градови тој ќе најде добра почва за својата проповедничка дејност. Во позначајните македонски градски населби се одвивала жива културна дејност, поради што проповедта на апостолот Павле тука би била слушана и правилно разбрана. Така и се случило. Во Македонија апостолот Павле за кратко време основал христијански општини, кои, судејќи според нивната активност и разнострана дејност, долго време ќе претставуваат образец за христијанските заедници во другите делови на Европа. Тоа посебно се однесува за филиписката христијанска општина. Во градот Филипи апостолот Павле ги напишал некои од своите посланија, а светиот апостол Лука овде го напишал своето евангелие, кое, заедно со другите три евангелија, претставува основа на христијанството. He случајно познатиот западен богослов Греднер, зборувајќи за прифаќањето на христијанството од страна на граѓаните на Филипи, истакнува дека "од Филипи Евангелието го победи светот"116. ---------------------- 115Ernest Renan, Цит. д., стр. 137. 1І6Проф. д-р Христо Гяуров, Тълкувание на посланието на Св. ап. Павла до филипяните, София 1963, стр. 8.