Balkan Racing
Balkan Racing
ProMKD Dali nekoj znae nesto okolu aktivnostite na avto-moto trkite sto se odrzuvaat na balkanot? Ili pak imate nekoj sajtovi so informacii, ili sliki od trkite? Jas go posetuvam sajtot www.pungas.com ima tamu sliki, interviewa, i gi pokrivaat skoro site trki na balkanot. Isto AMSM ima nov sajt http://sport.amsm.com.mk i tamu imaat nekoj informacii za trki ama nema mnogu izbor na sliki. Pisete
ProMKD АВТОМОБИЛИЗАМ - СУПЕРВОЗБУДЛИВ ФИНИШ НА ПРВЕНСТВОТО НА КРУЖНИ ПАТЕКИ Циркус пред МРТВ Супервозбудлива завршница имаше годинашново првенство во автомобилизам на кружни патеки. И контроверзи не ја одминаа вчерашната последна, четврта трка, што се возеше пред зградата на МРТВ. Виктор Давидовски Супервозбудлива завршница имаше годинашново првенство во автомобилизам на кружни патеки. И контроверзи не ја одминаа вчерашната последна, четврта трка, што се возеше пред зградата на МРТВ. Виктор Давидовски стана шампион во класата на "југовци" по дисквалификацијата на неговиот директен конкурент Мијалче Василевски уште на мерењето, додека Томислав Трајковски ја освои титулата во класата до 1.400 кубици по серијата судири со Владимир Димушевски во претпоследниот круг. Давидовски го освои второто место на вчерашната трка, со 4,366 секунди заостанување зад својот тимски колега од Скопје, Игор Стефановски (27:22,976), но таа, всушност, беше само формалност за него. Тој имаше четири поени помалку од Василевски во пресрет на трката, но на саботното мерење беше утврдено дека "југото" на возачот на Импегна е за три килограми полесно од дозволениот минимум од 720 килограми. Жирито затоа му изрече автоматска забрана за настап, што на Давидовски му го расчисти патот до титулата. Освоеното второ место му донесе осум бодови, доволни да ја надомести бодовната разлика во однос на Василевски. Тројната победа на возачите на Скопје ја комплетираше Влатко Наковски. Трката од втората дивизија заврши со вистински циркус во кој главните улоги ги одиграа Томислав Трајковски (Скопје) и Владимир Димушевски (Кастрол примо). Двајцата ривали за титулата во класата до 1.400 кубици стартуваа со ист број бодови, 24, и се чинеше дека Трајковски има чиста ситуација откако Димушевски уште во првиот круг го оштети предниот браник, што забележително го забавуваше. Но, на прагот на последниот круг, Трајковски се изврте на патеката, при што по малку неспортски го блокираше својот ривал кој се обиде да го помине. Контактот на нивните возила беше првата искра помеѓу двајцата возачи, кои уште еднаш се судрија веќе на првиот следен свијок. Димушевски притоа побрзо реагираше и се проби на првата позиција, но со драстично оштетен болид не успеа да му се спротивстави на Трајковски, кој целта ја мина како првопласиран (26:50,758), што му ја донесе и титулата. Третото место му припадна на Христаки Давитковски (Кастрол примо). Во класата до 1.600 кубици се беше јасно уште пред стартот. Благоја Димитровски (Автоклиника) ја имаше обезбедно титулата, што ја потврди и со победата на оваа трка (25:55,396), пред Југослав Милошевски (Коне спорт). Ниту трите победи на претходните три трки не му беа доволни на Блаже Јанакиевски да ја освои круната во класата до 2.000 кубици. Возачот на Макпетрол се соочи со механички проблеми, па со црно знаме му беше посочено да ја напушти патеката на половина од трката. На Дејан Георгиевски (Автоклиника) затоа му беше доволно само да ја заврши трката (26:17,740). Победата му донесе десет поени, два повеќе од негативата што претходно ја имаше зад Јанакиевски. Трката од втората дивизија не ја завршија дури седум болиди. Без пласман остана и Ахмет Орхан, кој го игнорираше црното знаме што му беше покажано во 13. круг, па продолжи да вози до крајот. Г. Конев http://www.vest.com.mk/default.asp?id=106522&idg=6&idb=1604&rubrika=Sport
ProMKD [IMG]http://img388.imageshack.us/img388/397/mkracing95er.jpg[/IMG] [IMG]http://img388.imageshack.us/img388/4691/mkracing150ak.jpg[/IMG] [IMG]http://img388.imageshack.us/img388/7862/mkracing196hc.jpg[/IMG]
ProMKD eve moj privaten sajt so sliki od trkite vo Makedonija: www.geocities.com/markoskopje