Уметност (теоретско потсетување)
Уметност (теоретско потсетување)
angel УМЕТНОСТ Иако денес под поимот уметност обично се подразбира визуелна уметност, концептот за тоа што е уметност се има менувано постојано низ вековите. Можеби најконцизна дефиниција е најопштата - поимот уметност се однесува на сите креативни човечки дејствија, со исклучок на дејствата директно врзани за опстанок и репродукција. Од поширока перспектива, уметност е едноставно изведен поим за било кој производ на креативен импулс, од кој произлегле сите други човечки активност, како наука преку алхемија, и религија преку шаманизам. Поимот уметност не нуди друга вистинска дефиниција освен оние врзани за културниот, историскиот и географскиот контекст во која таа е применета. ВИЗУЕЛНА УМЕТНОСТ Визуелните уметности се класа на уметнички форми, вклучувајќи сликарство, скулптура, фотографија и други, што се фокусираат на создавање дела што се главно визуелни во природа. Визуелните уметности се разликуваат од различните изведувачки уметности, јазични уметности, кулинарски уметности, и други класи на уметност. Дефиницијата не е стриктна и многу уметнички дисциплини вклучуваат аспекти на визуелните уметности комбинирани со други уметнички типови. фИЛМСКА УМЕТНОСТ Филмската уметност е како популарна форма на забава, така и бизнис. Еден филм се произведува преку снимање на „вистински“ луѓе и предмети со камера и/или преку анимација. Листа на филмски жанрови Филмски жанр е груба категоризација на филмови по жанрови што ја опишуваат типичната предмет материја т.е. на што се однесува филмот: еден вестерн филм е за американскиот запад, љубовните приказни се за љубов итн. Филмскиот жанр се разликува од филмски стил што претставува филмска конвенција што може да се примени за било кој жанр. Се разбира, што повеќе жанрови се дефинирани, толку поверојатно е за еден филмски работник да се обиде да ги комбинира и надмине категориите, така што не секој филм е фино сврстен и обележан. Најпознати филмски жанрови се: Акциона-авантура Трилер филм Уметнички филм Биографски филм Филм за девојки Комедија филм Црна комедија Романтична комедија Стрип филм Документарен филм Cin#233;ma v#233;rit#233; Мокументарец Драма филм Историски драма филм Ефемерален филм Експлоататорски филм Експресионистички филм Фамилијарен филм Фантастичен филм Готски филм Хорор филм Слешер филм Карате филм Средновековен филм Мјузикл филм Мистерија филм Порнографски филм Пропаганден филм Патепис филм Научно-фантастичен филм Спортски филм Шпионски филм Тинејџерски филм Воен филм Вестерн филм Види исто така Независен филм Култен филм Снаф филм Филмски стилови 3Д филм Анимиран филм Аниме Догме95 Филм ноар Приказна во приказна Надреалистички филм (види исто така надреализам) Краток филм Тивок филм ВАЈАРСТВО Вајарство во уметностите најчесто се однесува на скулптура. Скулптура е било која тридимензионална форма креирана како уметнички израз. Поимот скулптура исто така се однесува на уметничката дисциплина, акт или уметност на правење скулптури низ манипулација на материјали или, во современа уметност, низ поставување на предмет или дури и акт како скулптура. Уметникот што го прави ова е наречен скулптор. Скулптура е исто така колективниот поим за колекција или жанр на скулптури т.е. грчка класична скулптура или егзибиција на скулптура. МУЗИКА Поимот музика обично се дефинира како уметност, забава или друг вид на човечка активност, што вклучува организиран звук. Што е музика? Музика често се дефинира како контраст на врева или говор. Некои дефиниции го сместуваат поимот „музика“ експлицитно во културен контекст дефинирајќи го како она што луѓето го прифаќаат како музичко. Грубо земено, следат некои групи на дефиниции: Оние што дефинираат музика како надворешен факт, на пример „организиран звук“ или како категорија на перцепција Оние што обележуваат музика според контекстот како општествена конструкција или субјективно искуство Оние што бараат платонски или квази-платонски идеал на музика што не е вкоренет во специфично физички или ментален поим, туку во повисока вистина. Продукција Музичка индустрија Изведба Музички запис Композиција Жанрови Електронска музика Хип-хоп Класична музика Рокенрол Реге Метал Поп Панк Гранџ Народна музика Композитори Јохан Себастијан Бах Лудвиг ван Бетовен Рихард Вагнер Волфганг Амадеус Моцарт Џузепе Верди Франц Лист Франц Шуберт
angel ТЕАТАР Театар е гранка на изведувачките уметности што се занимава со изведба на приказни пред публика комбинирајќи инструменти како говор, гест, музика, звук и спектакл. Во продолжение на стандардниот наративен дијалог, театарот завзима такви форми како опера, балет, пантомима, кабуки, класични индиски танци и кинеска опера. [промени] Театарски жанрови Постојат повеќе жанрови што писателите, продуцентите и режисерите можат да ги искористат за да одговорат на различните вкусови. Ова е нецелосна и ексклузивно евроцентрична листа: „Музички театар“ е театарски жанр во кој главните средства за изведба се пеењето и музиката. „Фарса“ е комично драмско дело што се користи со многу неверојатни ситуации, стеретипни ликови, екстравагантно претерување и агресивна физичка глума. „Комедија“ доаѓа од грчкиот збор „комос“ што значи „прослава“. Не мора да значи дека драмата е смешно, но таа се фокусира на проблем што води кон одредена форма на катастрофа која на крајот се разрешува со среќен крај. „Мелодрама“ е, оригинално, сентиментална драма со музичка подлога. Често приказната е нверојатно и се фокусира на патењето на доброто под рацете на злото, но завршува среќно со победа на доброто. Содржи стандардни ликови како племенитиот херој, хероината што патела долго време и ладнокрвниот негативец. „Трагедија“ е драма што преку сериозен и достоинствен стил ги прикжаува ташните или страшните настани што му се случуваат на или се предизвикани од главниот херој. „Монолог“ е обично било кој говор од подолго траење што еден лик му го упатува на друг, но како форма на драма, тој подразбира лик што директно и се обраќа на публиката или искажува своите мисли гласно додека е сам или додека другите актери се тивки. „Театар на абсурдот“ е поим составен од Мартин Еслин и претставува театар во кој ликовите се дел од абсурдни, бесмислени активности. Поврзан со егзистенцијализмот.