toni_a |
Имотот на Љубчо и Снежана Георгиевски се состои од два стана со површина од вкупно 300 квадратни метри, семејна куќа во Делчево, дел од семејна куќа во Владимирово, џип "тојота", 50.000 евра, осум декари земја, 25 овци, 18 свињи, 15 кокошки, две крави, три вола и еден мотокултиватор, соопшти вчера ВМРО-Народна партија.
------------------------------------
Половина час и требаше на заменик-јавниот обвинител Славица Темелковски да го прочита обвинителниот акт против расчинетиот владика Јован Вранишковски, кој се товари за кривично дело затајување. Вранишковски, пак, својата одбрана ја образлагаше неколку часови. Тој е обвинет дека во периодот од 24.6.1998 до 9.7.2002 година, кога бил владика во три епархии на МПЦ - Преспанско-пелагониската, Брегалничката и Повардарската, противправно присвоил значајна сума пари. Обвинителот тврди дека Вранишковски во четири случаи примил на рака околу 130 илјади евра од неколку цркви и манастири што ги користел за свои потреби. Се тврди дека во дваесетина случаи ненаменски потрошил 18 милиони денари, средства од тековното работење на трите епархии. Дел од средствата биле ненаменски употребени за опремување на неговите простории со луксузни предмети, за купување на три луксузни автомобили, но и на трактори за хуманитарното здружение "Воскресение", со кое управувале негови блиски роднини. Вкупната вредност на средствата што тој ги затаил е околу 550 илјади евра.
------------------------------------
Функционерите не плаќаат патарина
Пратеници, судии, вработени во МВР, Владата и во други државни институции ги користат службените легитимации за да не платат патарина, дури и кога патуваат приватно. Ова го изјавува директорот на Инспекторат за транспорт, Љупчо Мијајлевски.
------------------------------------
Универзитетски професори им ги продаваат испитните прашања на "трговци", кои потоа ги дистрибуираат и продаваат на студенти. Ова е новиот тренд на корупција на факултетите, кој го посочија претставници на Младинскиот образовен форум (МОФ) во Скопје на вчерашната прес-конференција.
Уплата од студенти на жиро-сметка на име на професори, заради спонзорство за книга, е втор пример на корупција во изминатите неколку месеци на некои факултети.
------------------------------------
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во имотниот лист доставен до Антикорупциската комисија пријавил стан од 85 квадратни метри, кој е во сопственост на неговите родители, а истиот е купен на кредит. Од подвижен имот поседува автомобил "фиат пунто" произведено во 1995 година и околу 37.000 евра заштеда...
http://www.dnevnik.com.mk/?pBroj=2893&stID=65636
------------------------------------
im se isplati li na "funkcionerite" da rabotat? nekako se slabo "podhraneti" [:)]
imate li informacii za drugite imoti i privilegii na nashi "budzovani"? |
zlotty_co_380 |
Имотот на Љубчо и Снежана Георгиевски се состои од два стана со површина од вкупно 300 квадратни метри, семејна куќа во Делчево, дел од семејна куќа во Владимирово, џип "тојота", 50.000 евра, осум декари земја, 25 овци, 18 свињи, 15 кокошки, две крави, три вола и еден мотокултиватор, соопшти вчера ВМРО-Народна партија.
----------------------------------------------------
Ete be koj vikase deka nema seljacana vo makedonija, gledas koj se zanimavl so zemjodelie i zivinarstvo, samo bas me interesira kolku dekari tutun nasadile i sto sto gi orale tie 8 dekari zemja so volovite ili motokultivatorot? Nekoj da ne ima nekoj informacii okolu ova prasanje. |