Докажување на в.д Селекторот во Техеран.
Докажување на в.д Селекторот во Техеран.
a-pin-dim Гостување во Вадуц и Техеран ФФМ доби покана за учество на турнир во Техеран и пријателски натпревар во Вадуц на македонските фудбалски селекции и одлучи да ги прифати иако има поклопување на термините. Одлучено е една селекција која ќе ја предводи Мирсад Јонуз да учествува на турнирот во Техеран на кој покрај домаќинот Иран и Македонија ќе учествуваат и селекциите на Того и Парагвај. Турнирот ќе се игра по куп систем. Полуфиналните дуели се закажани за 11. а финалето за 13. Ноември. Двојките ќе бидат познати дополнително. Да потсетиме Иран, Того и Парагвај се учесници на СП 2006г во Германија. Експедицијата за Техеран ќе патува на 9. а се враќа на 14. Ноември. Сите трошоци за учество на овој турнир(30 члена) ги подмирува ФФ на Иран а ФФМ ќе заработи 40 000 долари. Предвидени се и парични награди за пласман. За победникот 50 000, за второпласираната селекција 30 000 и за освојувачот на третото место 20 000 долари. На 12.Ноември во Вадуц ќе се одигра пријателски натпревар со селекцијата на Лихтенштајн. Експедицијата (30 члена)патува на 11. Ноември а се враќа на 13. ФФ на Лихтенштајн ги подмирува сите трошоци плус финансиски надомест од 20 000 евра. На чело на оваа репрезентација ќе биде в.д. селекторот Боби Бабунски. И во Техеран и во Вадуц ќе настапат комбинирани А-селекции на Македонија. Собирот за двете селекции е на 8. Ноември. Избраниците на Јонуз ќе бидат сместени во х.Континентал, додека Боби Бабунски собирот го закажа во х. Карпош. Списоците на обете селекции ќе бидат објавени утре. Прес конференција ќе се одржи на 7. Ноември во х. Бест Вестерн.
wolf_pack За пуста пара да заработат тие у ФФМ, ако треба и на Антартико ќе играме[:D] Пошто не се квалификуваме за СП, ако ништо друго бар можат овие утакмици да ни го подобрат рејтингот на ФИФА листата.
a-pin-dim Со најсилен состав во Вадуц Селекторите на македонските фудбалски селекции Бобан Бабунски и Мирсад Јонуз денеска ги објавија списоците на играчите за натпреварите во Вадуц и Техеран. В.д селекторот Бобан Бабунски на репрезентацијата на Лихтенштајн ќе и со спротистави со тимот кој ремизираше со Холандија во Амстердам: ГОЛМАНИ: Томе Пачовски(Работнички К.), Љупчо Кметовски(Вардар). ОДБРАНА: Игор Митрески(Металург З),Гоце Седлоски(Дијарбакир) Николче Новевски(Мајнц), Александар Васоски(Ајнтрахт), Мирослав Вајс(Работнички К). СРЕДЕН РЕД: Величе Шумуликоски(Зенит), Тони Мегленски(Победа), Данчо Масев(Вардар), Дарко Тасевски(Металург З), Горан Попов(Егалео), Зоран Балдовалиев(МКТ Араз), Артим Шакири(Алборг), Драган Стојков(Беласица). НАПАД: Горан Пандев(Лацио), Илчо Наумоски(Матерсбург), Блаже Илиоски(Работнички К), Исмаил Исмаили(Македонија ЃП). По потреба можни се промени во списокот. Собирот на репрезентацијат е во х.Карпош на 8.11.2005 во 11.30ч. Селекторот на младата репрезентација Мирсад Јонуз за Техеран ќе патува со комбиниран состав: ГОЛМАНИ: Саша Илиќ(Пeгаз), Филип Маџовски (Работнички К.), Дарко Тофилоски(Победа). ОДБРАНА: Бојан Маркоски (Вардар), Даниел Ивановски (Силекс), Никола Карчев (Работнички К.), Ванче Шиков(Ксанти), Васко Божиновски (Камени И). СРЕДЕН РЕД: Александар Митрески (Грасхоперс), Борче Маневски (Победа), Мухарем Бајреми (Влазрими), Васко Митрев (Македонија ЃП), Роберт Попов (Литекс), Влатко Грозданоски (Омонија), Вулнет Емини (Шкендија ), Владе Лазаревски (Гроцлин), Тони Бандулиев (Победа), Роберт Петров (Локомотив П). НАПАД: Ристе Наумов (Вардар), Горан Мазнов (Дијарбакир), Сашо Крстев (Влазрими). Собирот во 11ч. х. Континентал на 07. Ноември. Експедицијат за Техеран патува на 8.Ноември во 13ч. на релација Скопје - Истанбул - Техеран.
a-pin-dim Репрезентацијата на Македонија која ќе учествува на турнирот во Техеран на стартот во рамките на првото полуфинале ќе ги одмери силите со домаќинот Иран: 11.05. 17ч (локал) Парагвај - Того 11.05. 19.30 (локал) Иран - Македонија 13.05 17ч. Натпревар за 3. место 13.05 19.30ч Натпревар за 1. место Сите натпревари се играат на Азади стадионот во Техеран.
a-pin-dim Иран - Македонија 1 - 2 Парагвај - Того 4 - 2 Македонија се најде во финалето на Турнирот во Техеран.
a-pin-dim Македонија и во Вадуц победи. Лихтенштајн - Македонија 1 - 2
StormAngel Sea so Paragvaj u finale kje igrame.[;)]
a-pin-dim
quote:
Originally posted by StormAngel
Sea so Paragvaj u finale kje igrame.[;)]
Da
StormAngel
quote:
Originally posted by a-pin-dim
quote:
Originally posted by StormAngel
Sea so Paragvaj u finale kje igrame.[;)]
Da
Ne be.[^]
a-pin-dim Парагвај - Македонија 1 - 0
StormAngel E, tashak.
a-pin-dim Makedonija po odigranite utakmici, skokna na 3 mesta i sega Makedonija e na 90 mestot na ranglistata od fifa.