Да го симнеме насилството од ѕидовите
Да го симнеме насилството од ѕидовите
dejan Првата детска амбасада во светот "Меѓаши", денеска во 11 часот, под мостот кај хотелот "Александар палас" и во 13:30 пред гимназијата Никола Карев, ќе организира акција на бришење графити под мотото "Да го симнеме насилството од ѕидовите". Таа ќе биде спроведена од 30 ученици на средни училишта од Тетово, Куманово и Скопје. На местата на графитите со насилна содржина, ќе бидат напишани нови, мировни пораки. - Акцијата е организирана по повод интернационалниот ден против фашизмот и антисемитизмот, а целта е во јавноста да промовираме вредности на траен мир, солидарност, ненасилство и почитување на правата на сите луѓе кои живеат во Македонија. Со овие позитивни пораки се надеваме дека ќе влијаеме на јавното мислење за потребата од унапредување на меѓуетничките односи и воопшто борба против секаков вид омраза и насилство, велат во Првата детска амбасада во Светот "Меѓаши". Активностите се дел на проектот "Другарување преку меѓуетничка соработка во пет мултиетнички клуба во средни училишта во Скопје, Тетово и Куманово", финансиран од Европската унија преку Делегацијата на Европската комисија во Скопје. Проектот истовремено е и дел од програмата "Европска иницијатива за демократија и човекови права" поддржана од ОБСЕ, Совет на Европа, Министерството за образование и Управа за унапредување на јазиците на припадниците на малцинствата. http://www.vecer.com.mk/tekst.asp?tid=19292 Dali nekoj znae nesto poveke za 'Megjashi' ???