Sarena Hronika
Sarena Hronika
mona Nasproti "crnite" raboti sto sekojdnevno gi slusame, gledame ziveeme, postojat i pozitivni nesta za koi sto mozeme da zboruvame i diskutirame. Neka bide ova mestoto kade sto ubavite nesta ke gi spodelime.
sisi [img]http://www.vest.com.mk/images/{39DBF2C7-1D5D-4F6C-B0E8-8B2A38007356}_degustacija-2.jpg[/img] Се дегустираше француско вино и сирење Францускиот културен центар завчера ги покани пријателите на домашно вино и сирење. Во културниот центар "Мала станица" се мезеа неколку видови француско сирење. Се служеа со бадеми, суво овошје и зеленчук, а се залеваа со "Божоле". Виното е црвено, лесно и слатко. Можат да го пијат и оние кои не се љубители на алкохолот. Се произведува од 1981 година. Вчера се дегустираше неговата најнова серија, од 2005 година. Дегустацијата ја наполни "Мала станица". Во новоотворениот културен центар се уште трае изложбата на Милош Коџоман.
mona Mene ovaa vest mi ostavi poseben vpecatok. УНЕСКО наскоро ќе не изненади ДО КРАЈОТ НА НОЕМВРИ ИЛИ ЕВЕНТУАЛНО НА ПОЧЕТОКОТ НА ДЕКЕМВРИ, УНЕСКО ЌЕ НE` ИЗВЕСТИ ДАЛИ МАКЕДОНСКИОТ ФОЛКЛОРЕН ТАНЦ "ТЕШКОТО" ЌЕ ГО ВБРОИ ВО НАЈРЕПРЕЗЕНТАТИВНИТЕ ДУХОВНИ ВРЕДНОСТИ НА ЧОВЕШТВОТО Кон крајот на ноември или почетокот на декември, УНЕСКО ќе ни соопшти дали македонската национална гордост "Тешкото" ќе го вброи во најрепрезентативните духовни вредности на човештвото, кои се заштитени од оваа организација. -Меѓународно тајно жири составено од осум експерти во текот на овој месец го разгледува досието на "Тешкото". Не очекуваме да има некакви предвремени изненадувања на прославата на јубилејот на УНЕСКО во Париз. Во текот на октомври, со одржувањето на Генералната конференција, организацијата беше многу ангажирана, па овој период ќе го искористи максимално, вели генералниот секретар на Националната комисија на УНЕСКО, Лидија Топузовска. -Првичните сигнали се позитивни. Да не коментирам пред време, но оптимисти сме. Од УНЕСКО за подготовката на досието добивме помош и насоки, кои обично другите земји не ги добиваат. Направивме беспрекорно досие, додава Топузовска. Таа објаснува дека Комисијата и ресорното министерство постојано лобирале, иако имињата на експертите кои ќе го оценуваат "Тешкото" се држат во тајност. -На сите меѓународни настапи на УНЕСКО делевме промотивен материјал и ЦД со краток 10-минутен филм за "Тешкото", вели таа. "Тешкото" се бори за статус на заштита заедно со други 70 кандидатури од целиот свет.
sisi A mene ova me nasmea,pa se zaprasav kade ke se educiraat nasite Dedo Mrazovci?[:0] [img]http://www.vest.com.mk/images/{5C571482-1E67-42EC-AF53-2D0389D6569F}_avstralija-2.jpg[/img] АВСТРАЛИЈА (РОЈТЕРС) - Група мажи облечени како Дедо Мраз долетаа со авион од Северниот Пол за да присуствуваат на добротворен настан во Сиднеј, Австралија. Дедо Мразовците минале низ курс за обука каде што учеле да бидат смирени, пријателски расположени, љубезни и релаксирани кога ќе се среќаваат со децата во деновите пред и за време на божикните празници.
angel monce, mi ja zema temata pred nos.[;)]
sisi Поранешниот член на „Битлси“, пејачот и композитор Пол Макартни в недела (13 ноември) пее за руско-американскиот екипаж на Меѓународната вселенска станица. Во текот на планираниот концерт во градот Анахајм, Калифорнија, Макартни ќе има улога на „будилник“ за Вилијам Мекартур и Валериј Токарев. Како ѕвучен сигнал се избрани две песни „Good day Sunshine“ и „English tea“. Композициите со „утринска тематика“ ќе бидат изведени на концертна сцена и предадени на станицата вечерта во 9 часот и 55 минути по локално време (односно изутрината за екипажот). Музичкиот сигнал директно ќе го пренесува телевизијата, соопшти НАСА. Макартни се наоѓа на турнеја низ САД. Тој одлучи да пее за МВС откако дозна дека неговата песна „Гоод даѕ Сунсхине“ во август ги будела астронаутите од „Дискавери“. [img]http://www.corante.com/mooreslore/archives/images/Paul_McCartney.jpg[/img]
sisi ШУТО ОРИЗАРИ НАЈГОЛЕМ ПОТРОШУВАЧ НА ВОДА ВО ЕВРОПА Жител на Шутка дневно троши 600 литри вода Шуто Оризари има најголем долог за вода од 151 милион денари, што е околу 12 отсто од вкупниот долг на корисниците кој ЈП "Водовод и канлаизација". [img]http://www.vest.com.mk/images/{C9FE0923-6F70-4F1B-8D66-A187DDE95C37}_sutka-2.jpg[/img] Во Шутка дневно еден жител троши 600 литри вода. Тоа го прави Скопје најголем потрошувач на вода во Европа. Големата потрошувачка на вода во Шуто Оризари го крева просеконт на цело Скопје кој е 420 литри дневно по жител. За споредба дневниот просек на порошена вода во Лисабон, Виена и Амстердам е два пати помал, односно околу 250 литри. Шутка не само што троши туку е и најголем не плаќач на сметките. Корисниците од оваа општина на ЈП "Водовод и канализација" му должат 151 милион денари што е околу 12 отсто од вкупниот долг што го имаат корисниците кон јавното претпријатие. За да се надминат проблемите со наплатата, потрошената вода жителите од Шутка ќе ја плаќаат на рати, се договориле директорот на јавното претпријатие "Водовод и канализација", Миле Јанакиески, и градоначалникот на Шуто Оризари, Ердуан Исени.
sisi СЕКОЈ ПОНЕДЕЛНИК "Алиби" - журка што не треба да се пропушти Понеделнична вечер во кафулето "Алиби" е полн погодок. Ако сте љубител на добра забава со диско- поп музика, најдете си добро алиби за да отидете во ова кафуле (спроти "Млин Балкан"), каде познатите личности ја менуваат својата професија и во име на хуманоста, истовремено и на подобра и попријатна забава стануваат келнери и шанкери. Прексиноќа таа улога им припадна на шанкерките Весна Бејби и Искра Џамбазова и на келнерот Сретен Костиќ. "Триото фантастико" со својот труд, угостителска ангажираност и весело расположение ќари 2870 денари бакшиш, плус гардероба кои ќе бидат доставени во Домот за деца без родители "11 Октомври" од Скопје. Во кафулето неизоставно се журкаа Мартин Трпчевски, Тамара, Влатче "Морал", мисицата Маријана Станојковска, актерот Мони Дамевски... Според менаџерот Кицо од "Алиби" првиот пат пред неколку недели се собрани 1570 денари, вториот 2600 и плус повеќе ќеси со облека, кои заедно со еден дел од прометот од кафулето ќе бидат подарени за децата од Домот. Најмногу пари досега се собраа кога шанкер беше Тоше Проески, а 11.890 денари веднаш беа уплатени на сметка за операцијата на крушевчанката Љупка. Традицијата подолжува и во следните понеделници, кога нови фаци ќе бидат на ваша услуга, а парите ќе бидат наменувани и за други хумани цели- за специјалната Олимпијада, за клиниката, за деца кои имаат потреба. Познатите личности со задоволство ја покажуваат својата хуманост, која уште повеќе треба помасовно да биде прифатена од сите скопјани кои понеделниците ги трошат по кафулињата. [img]http://www.vecer.com.mk/content_images/29087181320051115194946.jpg[/img]
sisi Чешка со најмногу стогодишници [img]http://www.vecer.com.mk/content_images/48137730620051116214235.jpg[/img] Меѓу Чесите кои веќе го прославиле стотиот роденден дури 292 се припаднички на поубавиот пол, додека 61 се машки стогодишници. Пред десет години во Чешка имало неколку десетици стогодишници, додека нивниот број денеска изнесува 353, што според бројот на жители е најмногу во светот, соопшти Министерството за труд и социјална грижа во Прага. Меѓу Чесите кои веќе го прославиле стотиот роденден дури 292 се припаднички на поубавиот пол, додека 61 се машки стогодишници.Во извештајот за тоа како Чешка, со 10,2 милиони жители е подготвена за стареење на популацијата, заменик-министерот за социјална грижа Маријан Хошек прогнозирал дека "во иднина во државата најголем ќе биде бројот на тие најстари сениори, додека ќе се раѓаат мал број деца". Чешкото Министерство за труд предложило државата да почне од сега да ги подготвува децата на тоа дека ќе живеат во свет полн со стари луѓе и да ги информираат за тоа дека стареењето е природен процес кој никој не може да го избегне.
mona ОД ДЕНЕС ВО ВИЕНА Денови на македонскиот филм во Австрија Од денес до недела во Виена ќе де одржи манифестацијата "Денови на македонскиот филм" . Во програмата е вклучен избор на филмови работени последниве 10 години. Манифестацијата се организира во годината кога се слави стогодишнината на македонската кинематографија. На програмата се филмовите: "Пред дождот" на Милчо Манчевски, "Џипси меџик" на Столе Попов, "Како лош сон" на Антонио Митриќески, "Илузија" на Светозар Ристевски, "Големата вода" на Иво Трајков, "Балкан-кан-кан" на Дарко Митревски и "Бубачки" на Игор Иванов - Изи. Ревијата на македонски филм во Виена ја организираат Министерството за култура на Македонија, фестивалот "Браќа Манаки" , а од австриска страна: Федералната агенција, Дирекцијата за култра и медиуми и Култур Контакт.
sisi Лус Кејв со години собирала бисери на луѓето од шоу бизнисот, а сега ги објави во книгата „Најглупите познати луѓе на светот“. Во оваа книга се нашле Мадона, Џесика Симпсон, Дејвид Бекам...Каде годинава ќе се одржи Канскиот филмски фестивал?“, е еден од бисерите што го „треснала“ Кристина Агилиера. Ниту Мадона не е многу далеку со изјавата: „Пред неколку денови размислував за смртта... оваа мисла ми дојде додека седев на ВЦ шољата - таму секогаш најдлабоко размислувам“. Голферот Грег Норман се истакнал со бисерот: „Многу им долгувам на родителите, посебно на татко ми и мајка ми“.
sisi ЈАПОНИЈА (РОЈТЕРС) - На Меѓународната изложба на роботи во Токио човек носи вреќи со ориз тешки 30 килограми за да покаже како функционира роботскиот костум наречен "Хибриден помошен екстремитет" или скратено ХАЛ, создаден на Универзитетот во Цукуба. Роботскиот костум е опремен со сензори што можат да ги препознаат електричните нервни сигнали од мозокот кога човек се обидува да ги мрдне екстремитетите. Ова му овозможува на компјутерот да ги активира односните мотори кои ќе му помогнат на човекот во движењето. Најголемата изложба на роботика во светот ќе заврши на 3 декември. [img]http://www.vest.com.mk/images/{802AEF2D-A417-4AFF-AD89-9F609E2DDD98}_japonija-2.jpg[/img]
sisi Заљубеноста трае една година Срцето почнува забрзано да ви чука, имате пеперутки во стомакот, ве обзема еуфорија и се чувствувате малку будалесто. Сево ова е дел од страсното заљубување, а научниците сега ни кажуваат дека чувството не може да трае подолго од една година. Силните чувства што ги обземаат заљубените се предизвикани од молекулот познат како фактор за раст на нервите (НГФ), велат истражувачите од Универзитетот во Павија, Италија. Италијанските истражувачи нашле многу повисоко ниво на НГФ во крвта кај 58 луѓе кои неодамна лудо се вљубиле отколку кај група самци и луѓе кои имаат долготрајни врски. По една година во сериозна врска количеството на љубовниот молекул во крвта кај луѓето од првата група паднал на нивото од другата група. Италијанските истражувачи кои студијата ја објавија во журналот "Психоневроендокринологија" велат дека не се знае како вљубувањето го зголемува нивото на НГФ, но молекулот јасно има улога во "социјалната хемија" меѓу луѓето на почетокот на врската.
darkjesus
quote:
Originally posted by sisi
Заљубеноста трае една година Срцето почнува забрзано да ви чука, имате пеперутки во стомакот, ве обзема еуфорија и се чувствувате малку будалесто. Сево ова е дел од страсното заљубување, а научниците сега ни кажуваат дека чувството не може да трае подолго од една година. Силните чувства што ги обземаат заљубените се предизвикани од молекулот познат како фактор за раст на нервите (НГФ), велат истражувачите од Универзитетот во Павија, Италија. Италијанските истражувачи нашле многу повисоко ниво на НГФ во крвта кај 58 луѓе кои неодамна лудо се вљубиле отколку кај група самци и луѓе кои имаат долготрајни врски. По една година во сериозна врска количеството на љубовниот молекул во крвта кај луѓето од првата група паднал на нивото од другата група. Италијанските истражувачи кои студијата ја објавија во журналот "Психоневроендокринологија" велат дека не се знае како вљубувањето го зголемува нивото на НГФ, но молекулот јасно има улога во "социјалната хемија" меѓу луѓето на почетокот на врската.
Значи се што сега ни е потребно е некоја дрога која ќе го зголеми нивото на НГФ [8D]
dalila
quote:
Originally posted by darkjesus
Значи се што сега ни е потребно е некоја дрога која ќе го зголеми нивото на НГФ [8D]
Aj sega ne kje se drogirame, posle edna godina nova ljubov i sve od novo[:D]
mArInCe e seaaaaaaaaa... rasipa film [:(]
sisi Што ли да ми донесе Дедо Мраз? [img]http://www.vest.com.mk/images/{591773EE-8E6A-4D9F-855C-CDC4E90E63B8}_foto-2.jpg[/img] САД - Малечката Енџел Фрис од Шугар Крик, во американската сојзуна држава Мисури се мисли што да посака од Дедо Мраз кој дошол да им ги исполни желбите на децата во градот Индипенденс во Мисури.
sisi Венчавка на два пара близнаци Во Малезија викендов се случи двојно славје кога со венчавката на два пара идентични близнаци. [img]http://www.vest.com.mk/images/{393B4B0C-DC24-4C9C-932F-4AD328D9A9D4}_svadba-2.jpg[/img] На гостите им било простено ако мислеле дека гледаат двојно: и кумовите биле близнаци, исто така и девериците, како и девојчињата кои ги носеле цвеќињата. Идентичните близначки Зинат Бегам Саваи Хамид и Занат Бегам Саваи Хамид (23) биле таксани од нивните родители за двајца идентички браќа Хасан Мохамед Јусоф и Хусен Мохамед Јусоф (26). Родителите на невестите и младоженците биле добри пријатели. Семејствата едно време престанале да контактираат до пред седум години, кога се договориле да го исполнат даденото ветување. Нивните деца се венчаа завчера во Балаконг, град во близина на Куала Лумпур. Младенците биле облечени во идентична облека, со таа разлика што едниот пар бил во жолта боја, а другиот бил во пурпурна.
sisi Мис на Македонија го доби фустанот со брза пошта, и го испратила мајка и. Мис на Македонија Милена Станивуковиќ (21) конечно го доби фустанот во кој треба да се претстави на Мис на светот, на 10 декември, в сабота, на островот Саниа, на Јужното кинеско море. Наместо организаторката на домашниот избор Лидија Велковска фустанот и го пратила нејзината мајка, Менка Станивуковиќ. - Дадов 8.000 денари од свој џеб, за да го пратам фустанот преку ДХЛ, ни кажа мајка и на Милена. Имаше и други проблеми. Велковска и резервирала на Милена повратен билет за 13 декември, а не за 11. На 11, ден по изборот, сите девојки се враќаат дома, а Милена требаше да седи уште два дена за џабе, на свој трошок. Едвај најдовме место за 11 декември, и пак јас морав да доплатам уште 80 евра од свој џеб," вели Менка Станивуковиќ. За да стаса до Скопје, Милена ќе лета 4 пати. Саниа-Пекинг, Пекинг-Истанбул, Истанбул-Белград и Белград-Скопје. Креацијата од модниот креатор Зоран Кавали е розова, со монистри и камења во горниот дел и свилено здолниште. Чевлите што ќе ги комбинира со фустанот и се подарок од "Виктор Шевињон". Мис на Македонија вели дека убаво се забавува со нејзините конкурентки. Ланската Мис на светот Марија Хулиа од Перу изразила желба да се запознае и да слика со Милена. Интернет гласањето за кандидатките се прави преку веб страната њњњ.миссњорлд.тв. [img]http://www.vest.com.mk/images/{7E42D932-AF3F-4DBB-A576-5E402B1811C1}_miss-2.jpg[/img]
sisi [img]http://www.vest.com.mk/images/{AE2F6DFD-864D-485A-B176-7984C984CC44}_striptiz-2.jpg[/img] Белградски стриптизер се соблече гол пред скопјанки Подзинати усни, врисоци и испружени раце кон згодно голо машко тело. Така беше завчера во кафулето "Инсомнија", во ГТЦ, кое специјално за понежниот пол го донесе познатиод белградски стриптизер, Драган. Тој требаше да настапи во 21 часот, но за жал на жените, кои нестрпливо го очекуваа, му се расипал автобусот, па голата уживанција беше поместена за еден час пред полноќ. Драган ги воодушеви девојките, кои го преполниоа горниот дел од кафулето. Беше преполно од запалени женски, а Драган едвај се пробиваше за да го покаже своето знаење. Мускулестиот задник, бицепсите беа доволен предизвик за женските кои збудалеа по него. Секси пози, еротски движења, пипкање по обичните гаќички, тангата, а на крај, како награда, се соблече гол. Жените збеснаа, трчаа накај него, а тој со раце си ја криеше машкоста и паѓаше од смеење. Голата журка продолжи до доцна, зашто жените не се тргаа од него. Горниот дел од кафулето беше забранет за мажи, па така дечковците ги чекаа своите драги запалени партнерки доле со чашка пијалок и се радуваа за вториот дел од претставата, кога Драган ќе заврши а тие ќе им се вратат ним. На убавината на Драган не останаа рамнодушни поп-пејачката Тамара, која дојде со еден куп другари, но и манекенката Натали Грубовиќ која ни рече дека и е преку глава од жени кои ги гледала на изборот за мис модел на светот во Кина, па дошла да види машко, и тоа голо. Но, тоа не е се, зашто за сите љубителки на голи машки идната среда ќе има реприза.
sisi И кучињата се смеат [img]http://www.tportal.hr/oglasnik/Uploaded%5Cb0e27b01-12c8-44fd-a356-493f48e64377%5Cfc62cf6c-b967-4a81-a5ce-1d0cedff58da%5Cbd9f2a71-17fa-4db0-944a-b53fe04319a0_normal.jpg[/img] Експертка за однесувањето на животните вели дека сфатила што прават кучињата кога гласно возбудено дишат додека си играат или се во исчекување на мошне посакуваната прошетка. Се смеат. Патриша Симоне, координаторка и директорка на Службата за заштита на животни во округот Спокејн во државата Вашингтон, исто така открила дека звукот на кучешката смеа ги смирува другите кучиња. Кога им пуштила снимка на "разиграно дишење" на кучињата во засолниште за кучиња во Спокејн Вели, сите што лаеле во рок од една минута се смириле. "Сакав да видам дали можам да им го намалам стресот ако го пуштам звукот во засолништето", вели Симоне. "Се изненадив кога сите се смирија." Симоне, која има докторат на тема животинско однесување, својата студија за намалување на стресот кај кучињата во засолништата ја претстави летоска на Меѓународната конференција за збогатување на животната средина, одржана на универзитетот Колумбија во Њујорк.
sisi Татјана Ефремова седи со своите три лавчиња во дневната соба во својата куќа во Харков, околу 450 километри североисточно од Киев. Покрај трите лавчиња Ефремова чува и други егзотични животни. [img]http://www.vest.com.mk/images/{5350581E-EB4A-4F9A-8C4B-455DDD8078BE}_lav-2.jpg[/img]
sisi Забранета секси реклама за пиво [img]http://www.vest.com.mk/images/{73F1583A-655B-4A5C-942F-35C548D1F8D5}_pivo-2.jpg[/img] Една британска реклама за пиво беше забранета во согласност со прописите кои забрануваат алкохолот да се поврзува со освојувањата на спротивниот пол. На билбордот за "битер" на производителот на пиво "Јанг" е прикажан маж со рогови на овен, што е заштитниот симбол на пиварницата, како стои во базен опкружен со жени во бикини. Управата за рекламни стандарди (АСА) вели дека овој постер и уште една реклама на "Јанг" треба да бидат повлечени. На втората реклама е прикажан истиот маж облежен во костум во клуб на мажи. Слоганот на двете реклами гласи: "Ова е свет на овенот". Во една од жалбите се вели дека рекламите го прикажуваат овенот како центар на вниманието и затоа имплицира општествен и сексуален успех и ја зголемува атрактивноста.