Сименс - во Македонија!
Сименс - во Македонија!
dejan АД "ЕМО" ОХРИД, ПРОЕКТИ ОД ОБЛАСТА НА ЕНЕРГЕТИКАТА, ТРАНСПОРТ И ВРСКИ, МЕДИЦИНСКИ СЕКТОР, ЕКОЛОГИЈА И ЖИВОТНА СРЕДИНА, БЕЗБЕДНОСЕН СЕКТОР И ИНФОРМАТИЧКАТА ТЕХНОЛОГИЈА СЕ НА ЛИСТАТА НА СИМЕНС Владата и германскиот гигант Сименс ја "стокмија" листата на проекти во Македонија кои ќе бидат приоритетни, односно во чија реализација ќе учествува овој светски бренд. Деновиве на зедничка маса во Атина се најдоа претставниците на Сименс и на нашиот тим на која се идентификуваа одредени проекти кои се очекува да бидат први преку кои Сименс и ќе го означи својот влез во Македонија. Се работи за проекти од областа на енергетиката, транспорт и врски, медицински сектор, екологија и животна средина, безбедносен сектор, информатичка технологија и посебен проект АД "ЕМО" Охрид. На прочистената приоритетна листа влегоа по три-четири проекти од секоја област. Начинот на соработка, односно како Сименс би се инволвирал во овие проекти ќе се дефинира врз основа на детални анализи чија изработка е во тек. "Сите опции се отворени, што значи дека постои можност Сименс да влезе со сопствена инвестиција, да направи мешовита компанија со локален партнер, да има кооперантски односи...", вели проект-менаџерот за Сименс, Златко Симоновски. Се очекува анализите на овие проекти да бидат готови овој месец, а веќе во декември да се одржи нова средба со претставниците на Сименс на која ќе се дефинира во детали начинот на соработка за секој проект поединечно. "Очекуваме дека целата работа со Писмото за намери би се завршила во јануари идната година, по што би се потпишал Рамковен договор и конечно би се стартувало со реализацијата на проектите", потенцира Симоновски и додава дека на средбата во Атина на нашиот тим му било потенцирано дека за охридски ЕМО сите можности се отворени. "Ни беше речено дека Сименс е расположен и подготвен на секаков вид соработка со ЕМО. Тоа значи дека е можен и трансфер на дел од нивното производство во Охрид, можно е формирање и на нова мешовита компанија Сименс-ЕМО. Но, конкретен начин и тип на соработка ќе биде определен идниот месец кога ќе имаме точно прецизни анализи и потпишано писмо за намери", вели Симоновски. http://www.vecer.com.mk/tekst.asp?tid=19578