Битолчанка на Оксфорд го докажува лекувањето тумор
Битолчанка на Оксфорд го докажува лекувањето тумор
dejan Со анализа на математички равенки и нумерички симулации успеав да создадам конкретни претпоставки за актуелни и нови терапии за спречување на инвазијата на тумори, вели Пановска http://217.16.70.245/?pBroj=1948&stID=57901&pR=3 Bravo!!
sisi Eve go tekstot integralno. Aj da vidime za sto zboruva.Mozebi ke se razvie diskusija,ako ima zainteresirani ili pak poznavaci na problematikata,pomegju clenovite na forumov. Математички формули и тумори. Можеби за некого е илузорно да се постави знак на равенство меѓу овие две нешта, но тие не претставуваат проблем за дваесет и седумгодишна битолчанка Јасмина Пановска, која на Универзитетот "Оксфорд" докторираше на тема "Математичко моделирање на растечките тумори во рак и примена на терапија". Пановска, која токму поради ова го доби највисокото признание во Битола, по повод Денот на ослободувањето на градот - 4 Ноември, во земјава ќе остане запаметена по нејзините научни достигнувања. Во Англија, пак, важи за еден од ретките научници чија преокупација е поврзаноста на математичките формули и равенки со туморите и можноста за нивно успешно лекување. Младата битолчанка моментално предава применета математика на трите колеџи на "Оксфорд": "The Queen's College, St.Hugh's College i Lady Margaret Hall", истражува во Математичкиот центар при Универзитетот во Оксфорд, а истовремено ја користи и постдокторантската стипендија како млад професор на Универзитетот во Единбург на катедрата за инженерство. Во 1996 година се запиша на "The Queen's collegue" на Универзитетот во Оксфорд како единствен носител на целосна стипендија што англиската кралица ја доделува за овој универзитет. Поради исклучителните резултати, паралелно ги заврши магистерските и додипломските студии. Како носител на најдобрата магистерска дисертација на Оксфорд во нејзината генерација, и била продолжена стипендијата од англиската кралица за време на докторските студии од октомври 2000 до јуни 2004 година. "Во мојот докторат направив спој на класични математички поими - парцијални диференцијални равенки и еден актуелен проблем од медицината - растечките тумори. Отсекогаш покажував афинитет и кон двете науки: математиката и медицината. Со анализа на математичките равенки и со нумерички симулации во мојата докторска дисертација успеав да создадам конкретни претпоставки за актуелни и нови терапии за спречување на инвазијата на растечките тумори врз здравото околно ткиво, како и спречување на малигноста на туморот. Моментално се вршат експериментални истражувања на нашите математички резултати", вели Пановска. Таа ги составува математичките равенки за да се следи еволуцијата на клетките зафатени со тумор и на здравите клетки во организмот. "Еден од моите најважни резултати е примената на терапии што го спречуваат развојот на туморот. Преку нумерички симулации докажав дека две комбинации од терапии се најефикасни во чистењето на туморот од организмот во најкратко време. Овие комбинации се: терапии што спречуваат секреција на ВЕГФ од туморот, како што се лековите, на пример, "авастин", или терапии што ги уништуваат младите туморни крвни садови, со, на пример, "цомбретастатин" заедно со терапии што максимално ги уништуваат размножувачките клетки на туморот, со лекови, како на пример, "доџорубицин". Ова е спротивно на хемотерапијата што се користи најчесто и ги погодува само размножувачките клетки на туморот" објаснува Пановска. Областа што ја истражува таа е популарна, бидејќи е алтернатива за тестирање лекови што уништуваат тумори и го спречуваат нивното ширење без да се внесат лековите во човечкиот организам. Но, досега не сретнала некој од Македонија што се занимава со тоа. "Моите колеги од Универзитетот во Оксфорд не ме гледаат како новодојденец, туку како успешен професор. Во отвореното англиско општество се цени успехот и трудот, а не тоа кој си и од каде си. Искуството ме научи дека за да се успее на "Оксфорд", а верувам и во Велика Британија воопшто, мора да се биде прв и најдобар", вели младата битолчанка, која се обидува да го копира овдешниот менталитет на одење на кафе кај пријателите или заедничко дружење за време на викендите. "Во Велика Британија дојдов кога имав 16 години и успешно го завршив средното образование, а додипломските, магистерските и докторските студии ги завршив во најкратко време и со највисок просек. Затоа и ми беше понудена работа и професорска функција на која работам сега. Не сметам дека со моето останување во "Оксфорд", се збогував од Македонија, бидејќи секогаш ќе се чувствувам како Македонка. Работам во Англија, бидејки мојата истражувачка област не е развиена во Македонија, а сметам дека ова е случај и со други Македонци што работат во странство, е ставот на Пановска, која се надева дека ќе се врати во земјава.
element
quote:
Originally posted by dejan
Со анализа на математички равенки и нумерички симулации успеав да создадам конкретни претпоставки за актуелни и нови терапии за спречување на инвазијата на тумори, вели Пановска http://217.16.70.245/?pBroj=1948&stID=57901&pR=3 Bravo!!
Ajde sega ti vo Avstralija nesto da bidesh[;)] zapni[:)]