Кога ќе профункционира правната држава во Македони
Кога ќе профункционира правната држава во Македони
Makedon За убиствата на МАКЕДОНСКИТЕ ЦИВИЛИ ни трага, ни глас од покренување обвинение (бар во МКД), за разлика од македонските бранители кога од моменталнава владеачка гарнитура беа ескпресно спакува и однесени во Хаг! Каде е правната држава да покрене обвинение за злосторниците кои убиваа македонски цивили? Како што сите знаеме, македонските цивили беа киднапирани од страна на АНА-ОНА-УЧК-ДУИ, а нејзин лидер беше Али Ахмети, за што сведочат и бројните документи потпишани од него. Дали тоа нашава моменталнава владеачка гарнитура ги смета македонците за виновни во војната 2001 г., што фрла загадочно светло на улогата на СДСМ во текот на војната? ********************************************************************* http://www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=55192 Хаг ги повикува како сведоци челниците на ДУИ Весна Велкова 06.12.2005 „Тоа е должност на секој граѓанин“ Хаг не покрена обвинение за водството на ДУИ, но ќе ги повика како сведоци во Трибуналот. Челниците на владеачката ДУИ, Али Ахмети, Гзим Острени, Фазли Велиу и Назим Буши, се повикани да сведочат против Љубе Бошковски и Јохан Тарчуловски, објави весникот на албански јазик „Коха диторе“. Гзим Острени вели, немал покана, ниту пак информација дали бил на списокот за сведоци. „Тоа е должност на секој граѓанин, мора да се одговори на поканите на надлежните органи било во РМ или надвор, исто така и за судот во Хаг“, рече Гзим Острени, генерален секретар на ДУИ. И Фазли Велиу немал покана. Ако ја добиел, ќе одел во Хаг, бидејќи имал докази. Наспроти ваквите експресни одговори дека ќе прифат да сведочат против Бошковски и Тарчуловски, случајот киднапирани Македонци тапка во место поради проблемот со сведоците од редовите на ДУИ. (A tie sedat vo parlamentot, kakov paradoks!) Али Ахмети и Хазби Лика веќе подолго време не сакаат да сведочат. Според информации на А1, списокот на сведоци на обвинителството на Трибуналот е многу подолг - околу стотина.
трендафил Сигурно е дека наредбодавачите на киднапирањето нема да сведочат самите против себе. Затоа што, да повторам по којзнае кој пат на форумов се зборува дека Лека, кој е обвинет, киднапирањето го извршил по наредба и киднапираните ги предал живи во Шипковица. И дека Лека не е командант на целиот тетовски фронт туку само на една паравоена единица. Не го амнестирам Лека, туку само сакам да кажам дека поголемите злосторнице се без обвинение и во власта. Иначе во Македонија имаме класичен пример дека се судат само поразените во војната. Сигурно е дека на суд нема да се појават победниците, пред се ДУИ но и нивните сојузници СДСМ и ЛДП.
Makedon Заборавив да Ве запрашам, кој тоа е толку уценет од АНА-ОНА-УЧК-ДУИ да не покренува обвинение за нивните злосторства и покрај тоа што и пилињата знаат што сторија 2001 г. ? Кој толку се плаши да се открие неговата улога 2001 г., кој соработувал со АНА-ОНА-УЧК и минирањето на македонската одбрана, за да отвори пат на „Рамковниот„, кој е тивка агресивна албанизација на Македонија, со главна цел федерализација, а на крај отцепување на дел од Македонија? Кој е тој?