Dali Makedoncite se Bugari?
Dali Makedoncite se Bugari?
Makedon Македонскиот народ, почнал многу рано да се оформува. Можеме да кажеме дека Македонците имале први своја држава, со оформен етникум, народ. Веќе во втората деценија 7от век, во Македонија имаме создавање на примитивна државна формација, составена од обединетите македонски склавинии, кои дури имале и свој крал (рекс) Хатсон на чело на државата (Mirac.,II ,p.1325-1333). За жал, Византијците го убиваат Хатсон и македонската држава без лидер пропаѓа. Педесет години подоцна, во 70те години од 7от век, македонските склавинии прават нов обид за обединување т.е. форирање на држава; овој пат, крал (рекс) на обединетите македонски склавении е Пребонд, но пак Византија го уништува Пребонда и Македонија потпаѓа под Византиска т.е. Ромејска власт (Извор: „Mirac., II, p.1325-1333. / ”Mirac.,„,II,p.4, Tougard, p.148-176). Како што гледаме, во исто време кога се формира државата на турските Бугари, се формира и македонска држава, која е со компактен единствен етникум, за разлика од хеторегената етничка слика во бугарската држава, со азијатски и мноштво европски етникуми. Македонија е лулката на словенската писменост и култура, земјата на словенскиот Ерусалим- Охрид, земјата каде што настанале првите букви и книжевни дела на старомакедонски јазик, јазикот кој стана основа на сите словенски јазици и до ден денешен се служи по православните храмови низ словенските земји, од Македонија па се до рускиот далечен исток, во Азија. Од словенската книжнина за Македонија од средниот век, дознаваме многу детали за етникумот кој ја населувал Македонија. Иако нашиот источен сосед упорно тврди дека Македонците се ”Бугари„ од средниот век, пишаните историски извори од средновековните Македонци тоа го отфрлаат. Не постои ниту еден Македонец во средниот век кој се декларирал како Бугарин или пак како Србин. Во ”Пофалното Слово за Св. Кирил„, за кое кое се мисли дека е напишано од самиот Св. Климент, стои дека народот кој ја населувал Македонија е словенски или како што таму стои: ”многуплодниот народ словенски„ (Извор: ”Пофално Слово за Св. Кирил„, Панонски Легенди од Црноризец Храбар, крај на 9ти или почеток на 10ти век). Црноризец Храбар во истите Панонски Легенди, во ”Житието Методиево„ вели дека ”сите солунчани чисто словенски зборуваат„. Во Житието на Св. Наум Охридски, напишано по смртта на Св Наум, од перото на анонимен ученик на Св Климент, во 10от век, пак се зборува само за Словени и за никоја друга народност во Македонија. Бугарската историја не се повлекува од квазитеоријата дека Македонците веќе во 10от век биле Бугари. Подоцна, Македонците не би можеле да станат Бугари оти потпаѓаат под византиска власт во почетокот на 11от век, а подоцна под српска. Но, како што гледаме во тоа време Македонците не биле Бугари, напротив, бугарското име македонските писатели не го спомнуваат. Уште еден важен историски факт е тоа што Македонците во 10от век имале и своја посебна црковна организација, во времето кога Бугарите веќе имаат оформена бугарска канонски призната Црква, и покрај тоа што северна и центрлна Македонија биле окупирана од бугарската држава. Во Житието на Св. Наум Охридски се зборува за епископ Марко, четврт епископ на Словените од Македонија, што јасно кажува дека средновековните Македонци имале религиска автономија, како посебен етникум во рамките на средновековна Бугарија од 10от век (Извор: ”Житието на Св. Наум Охридски„, ”Спомен за нашиот преподобен отец Наум„, 10 век, Охрид). Да биле Македонците Бугари, тогаш, би биле покорни на бугарскиот преславски патријарх, што не било случај.
Jakov Ova e zakluceno i se prefrla ovde. http://forums.vmacedonia.com/topic.asp?TOPIC_ID=12866&whichpage=2