Вработување во Гугл
Вработување во Гугл
ozonce За доста кратко време профитот на Гугл порасна за 7 пати, компанијата излезе на берза со вредност на акциите од 80 долари а истите сега вредат околу 460 долари. Гугл има повеќе од 5000 вработени, можеби најдобра организираност на светот и огромни кампуси, плус на сето ова Гугл е Гугл. Како би сакале да работите за нив? Треба само да бидете хард-кор дигитрон и да одговорите на неколку прашања. Прашањата: 1. Намалени сте колку една паричка и фрлени во миксер. За 60 секунди ножевите од блендерот ќе почнат да вртат. Како ќе си го спасите животот? 2. Објаснете му на вашиот 8 годишен внук во три реченици што е база на податоци. 3. Колку бензиски станици има во САД? 4. Колку нули има во N. 5. Имате квадрат со должина на страните = 1, опишете ги сите точки внатре во квадратот кои се поблиску до центарот на квадратот отколку до неговите ивици. 6. Дизајнирајте и опишете систем/апликација која ќе даде најефикасен извештај кои се првите милион најбарани поими на Гугл. За задачата имате: * Мрежа од 12 сервери со двоен процесор, 4GB RAM и 4х400GB хард дискови. * Логовите веќе се средени за вас. Во нив се запишани 100 милијарди лог-линии (поимите се ограничени на 40 бајти по линија) поделени во 12 фајлови од по 320GB. * Се признаваат само апликации кои ви сте ги направиле или слободен софтвер. 7. Кои се првите десет примарни бројки во непрекината низа на бројки од Е? 8. Имате 8 исти камења. Само еден од нив е потежок од другите. За да откриете кој е потешкиот имате метална вага. Кој е најмалиот број на мерења потребни да го откриете виситнскиот камен. Ова се прашањата само од првото интервју, ако стигнете до второто потпишувате договор, кој доколку биде прекршен ќе бидете кривично гонети. А, да. Пред некое време еден Гугл новајлија требаше да мине околу 14 интервју пред да ја добие работата. Со среќа. on.net
OooOo Gluposti od on.net ...
Goran-Skopje Ili ova prashanje: "Vo soba ste samo vie i edna epruvata vo koja se naogja ping-pong topche. Kako kje go izvadite topcheto bez da upotrebite race ili bilo shto" Goran-Skopje