Нема проширување на ЕУ без новиот европски Устав
Нема проширување на ЕУ без новиот европски Устав
bugarinot Нема проширување на ЕУ без новиот Устав Биљана Секуловска 19.01.2006 Лоша вест од ЕУ. Не за проширување, додека новиот Устав не стапи на сила. Ова е денешниот епилог од дебатата на европскиот Парламент во Стразбур во вид на резолуција, која сепак не е обврзувачка. Пораката е оваа - по Романија и Бугарија, ЕУ треба да ги затвори вратите додека не се постигне договор за Уставот, затоа што договорот од Ница со кој ЕУ се прошируваше веќе не може да има правна основа. Тоа би значело одложување на кандидатурата на Македонија, Хрватска и Турција. Ваквиот расплет на денешната седница на европскиот Парламент и кревањето на рацете на европарламентарците следува по извештајот на британскиот либералдемократ Ендру Даф и австрискиот Грин Фогенубер и е резултат на француското и холандското „Не“ за Уставот. Веста доаѓа еден месец по добивањето на кандидатскиот статус во Брисел на Македонија. Овој денешен шок може прилижно да ги обесхрабри македонските власта кои прилично амбициозно најавуваат пресврт во оваа изборна година. Јасно е дека Македонија нема брзо да го добие датумот за преговори. Една од причините, се разбира, е и вратата на ЕУ која денеска силно тресна. [url]http://a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=57150[/url]
dejan Who cares za EU.
Great_Macedonian sankir makedonija ke vleze pred 2012. Dotogas ili ke imaat ustav ili EY ke ja nema.
Strelec Vekje ima topik za EU! [url="http://forums.vmacedonia.com/topic.asp?TOPIC_ID=11305"]Makedonija i EU-3 del[/url]