Правила за возење низ Скопје
Правила за возење низ Скопје
dalila Скопје е највозбудливиот град во Европа за возење. Ќе се сложите ли? Затоа за новодојдените и посетителите ќе им ги дадеме основните правила за возење во нашиот град: - За да добие генерална слика за возењето во Скопје, пуштете ја играта Need For Speed IV и погледајте. Потоа седнете во вашата кола и вежбајте се. - Кога се двоумите, додадете гас. - Никогаш не употребувајте трепкачи (жмигавци) за да не ги збуните останатите учесници во сообраќајот. - Кога чекате на семафор, не се мачите да гледате во него. Причекајте ги сирените од автомобилите позади вас и тогаш може да тргнете. - Кога треба да завртите во лево, продолжете по лентата за право и престројте се пред сите за во лево. - Кога ќе тргнувате запаметете дека треба да додадете нагло гас и да зашкрипите што посилно со гумите. - Тинејџерите мислат дека се бесмртни. Не трошете време да ги научите обратно. - Таксистите и голем број други возила секогаш ќе мора да ги претекнувате од десната страна . - Никогаш,никогаш не застанувајте на пешак, доколку тој самиот не ви се втурне под тркалата. - Првото паркинг-место што ќе го видите е и последно. Веднаш завземете го. Доколку ве мрзи да се паркирате, слободно оставете го возилото на сред улица. - Запаметете дека Скопје е дом на слалом возењето. - Коге се приближувате кон семафор, натемпирајте ја брзината така да поминете вие на жолто светло, не размислувајте за другите позади вас. - Никогаш не се ни приближувајте до кола на која очигледно и треба поправка. - Сеkогаш гледајте и на двете страни кога поминувате на црвено светло.[:D] - Кога ќе се приклучувате кон Партизанска од било која страна, ако ви се случи да појдете во обратна насока слободно продолжете да возите. [:D][:D][:D]