Само во Скопје ќе инвестираме 50 милиони евра
Само во Скопје ќе инвестираме 50 милиони евра
mitko2848 Џорџе Церовиќ, директор за имотно-правни односи во Делта Инвест, дел од Делта Групација Само во Скопје ќе инвестираме 50 милиони евра Српската компанија Делта Холдинг за проширување на својата трговска мрежа во Скопје ќе вложи 50 милиони евра. Ќе се градат 6 супермаркети, распоредени во градските општини, еден дисконтен центар и еден трговски центар на површина од околу 17 000 квадратни метри. Со инвестицијата која треба да се реализира до крајот на оваа година планирано е во Скопје да се отворат од 700 до 1000 нови работни места. Единствен проблем кој ја одолговлекува реализацијата, се нерешените имотно правни односи на домашните локации кои Делта Холдинг сака да ги купи Маја Бајалска [email protected] Нашиот повод за разговорот со Џорџе Церовиќ, еден од клучните луѓе во српската компанија Делта Холдинг, беше најавата за вкупниот инвестиционен план на компанијата за 2006 и 2007 година, кој изнесува 700 милиони евра. Оваа огромна сума пари ќе биде наменета за проширување на малопродажната мрежа на една од најголемите српски компании, во Србија, Црна Гора, и во Македонија. Српската компанија Делта во последно време е актуелна и заради најавеното спојување со Агрокор и Меркатор Капитал: Колку ќе чини вашата инвестиција во Македонија, што се опфаќа, и на кои локации ќе градите? Церовиќ: Делта Холдинг планира да ја прошири својата мрежа на малопродажни објекти во Македонија. Прво планираме да изградиме објекти на просторот на престолнината, во Скопје, и би сакале тоа да се случи до крајот на 2006 година. За во 2007 година планираме ширење и во другите поголеми градови на Македонија. Иницијалната вредност на инвестицијата во Скопје е 50 милиони евра. Во таа инвестиција влегува изградбата на шест супермаркети со различна површина, еден дисконтен објект, и еден трговски центар. Планираме во овие објекти вкупно да вработиме од 700 до 1000 луѓе. Се разбира динамиката на изградбата на објектите и вработувањата, ќе зависи од брзината на добивањето-купувањето на локациите за градба. Што се однесува до локациите, со маркетите сакаме да ги опфатиме сите градски општини. Трговскиот центар би го граделе на некоја од атрактивните локации во Скопје, бидејќи тоа е објект кој ќе зафаќа површина од 16 до 17.000 квадратни метри, а самото тоа бара да биде близу до голем број на потрошувачи. И дистрибутивниот центар на Делта за Македонија е планирано да биде сместен во Скопје на површина од неколку илјади метри квадратни. За другите градови во Македонија не сме правеле поединечни анализи, но сакаме нашите маркети да се шират во сите поголеми градови кои имаат градско јадро, со над 25 000 жители. Сепак, таа фаза од проширувањето на нашиот малопродажен ланец е планирано да се случи една година подоцна. Капитал: Каква е ви е комуникацијата со Владата. Колку сте задоволни од соработката со македонските институции? Церовиќ: Со Владата на Македонија имаме коректна соработка. Комуницираме постојано, имаме интензивни контакти. Но, причината поради кој ние сe уште не сме почнале да го реализираме нашиот проект овде, претставуваат нерешените имотно правни односи. Посебен проблем тука е денационализацијата, процес кој долго трае и сe уште не е завршен. Проблем ни е и нецелосната катастарска евиденција на земјиштето. Во некои градски општини не е направена постапка на излагање и утврдување на правото на сопственост на земјиштето, што исто така претставува проблем. Ова го одолговлекува нашето влегување на малопродажниот пазар во Македонија. Инаку, ние постојано контактираме со претставници на македонската Влада, со градоначалниците на општините и со физички лица чие земјиште сакаме да го откупиме. Капитал: Дали планирате во изградбата на објектите да ангажирате македонски градежни компании и колкав е временскиот рок за градба? Церовиќ: Ние сакаме да ја ангажирале македонската градежна оператива. Тоа би го спровеле со тендер. Секако, би работеле само со добро етаблирани фирми, со градежни компании кои значат нешто во земјава. Што секако ќе биде многу значајно за стопанството на Македонија, бидејќи тоа претставува голема инвестиција која ќе остави прилично многу пари овде. Рокот на завршување на изградба на нашите објекти, зависно од нивната површина, е од четири до шест месеци, а за трговскиот центар ќе треба малку повеќе време, односно 12 месеци. Во јуни минатата година во Македонија е ригистрирано претпријатието Делта ЕМ ДООЕЛ, кое ќе биде иницијален носител на инвестициите во Македонија. Планирано е отворање на уште едно претријатие-Делта Макси кое непосредно ќе управува со Макси маркетите, вели Церовиќ. Инаку, српската компанија Делта Холдинг е составена од неколку фирми: Делта ЕМ, Делта Спорт, Делта Осигурување, Делта Мотокомерц, Делта Бајк (фабрика за велосипеди), а беше и Делта Банка додека не ја купи италијанската Интеса. Капитал: Најавувавте дека ќе финансирате индивидуални земјоделци во Македонија кои би произведувале овошје и зеленчук што ќе се продаваат во вашите маркети. Како планирате да го изведете тоа? Церовиќ: Ние на пазарот во Македонија влегуваме првенствено поради малопродажбата. Но, имаме серизни планови и во областа на земјоделството. Производството на земјоделски производи во Македонија за извоз, и за продажба во нашите малопродажни објекти во Македонија и во другите држави каде има објекти на Делта. Засега нашата малопродажна мрежа ја имаме раширено во Србија. Во Црна Гора имаме одбрани локации, а некои објекти се изградени само што уште не се отворени. Преговараме со владата на Босна и Херцеговина за и таму да изградиме објекти. Во план, за проширување на нашиот малопродажен синџир ни се и Бугарија, Романија, и Албанија. Инаку нашиот концепт на делување во областа на аграрот ќе се заснова на соработка со индивидуалните земјоделци, кои Делта ќе ги помага финансиски, кадровски, и менаџерски. Од нив ќе откупуваме земјоделски производи, со нив ќе постигнуваме договор што работат, што ќе произведуваат. Од македонските земјоделци ќе ги откупуваме и земјоделските добра- фарми, или други добра кои во својот состав имаат земјоделско земјиште. Ние сакаме во нашите малопродажни објекти да продаваме голем број на артикли на кои сме самите произведувачи. Сега во Србија во тој дел на производи влегуваат зелечукот, овошјето, маслото за јадење, маргаринот, житариците, пекарските производи. На истиот принцип тоа би се правело и во Македонија, со тоа што тука, нормално, производството би го прилагодувало можностите на поднебјето. Првенствено тоа би било во сферата на овоштарството, но и производството на месо, млеко и млечни производи. Она што ќе остане како вишок од целото тоа производство, ќе се извезува. Деновиве во словенечкиот весник Фајнанс беше објавено дека словенечки Меркатор се подготвува да ја преземе Делта Холдинг. Дали ова е шпекулација или вистина, или можеби се работи за спојување помеѓу двете фирми, и каде е во сево ова е Агрокор, фирма, за која истиот весник пишуваше дека била исфрлена од игра, и сега самостојно почнала да гради трговски центар во Белград? Нашиот соговорник не сакаше да ни ги открие кои им се конкретните планови за ова. Сепак, тој рече дека со Меркатор моментално имаат оперативни начелни преговори во насока на соработка која не би и штетела ниту на Делта, ниту на Меркатор. Засега, како што кажа Церовиќ, двете компании испитувале што ги спојува, бидејќи тие сепак се конкуренти на пазарот. Капитал: Ќе донесете ли нови брендови во Македонија, и кои? Церовиќ: Сите брендови со кои сега работиме кај нас во Србија планираме преку нашиот синџир продавници постепено да ги воведуваме и на македонскиот пазар. Ние во Србија соработуваме со многу светски брендови, како: Зара, Есцада, Меџџ, Нике, Иана(италијански бренд на детска гардероба), Мастерфоод; Снеакерс, Марс, Тњиџ, и Киндер чоколадите; Нивеа, Гоод Ѕеар и многу други. Од овие марки, во Србија, Делта е ексклузивен застапник на Нивеа, Гоод Ѕеар и на Нике. А до 2006 ние сме ексклузивен застапник за Нике и во Македонија. Од 2009 планираме како бренд да го промовираме и Интерспорт, мултибренд со кој сега работиме во Русија. Значи овие брендови ги шириме и на целата територија на Србија. Во февруари во нашиот трговски центар Базар во Нови Сад, отворивме продавница на Зара, а во март ќе отвориме и во центарот на Белград, на улицата Кнез Михајлова. Капитал: Во Македонија има многу супермаркети. Зошто мислите дека вашите ќе успеат на пазарот, посебно во услови кога куповната моќ на населението е ниска? Церовиќ: Кога влегуваме на некој пазар ние не се водиме од куповната моќ на населението, на потрошувачите, туку сакаме да ја развиеме малопродажната мрежа во регионот. Тоа е нашата основна цел. Очекуваме дека и поголемиот дел од стопанствата на земјите од регионот на Југоисточна Европа во наредниот период ќе станат посилни, и дека куповната моќ на потрошувачите ќе биде поголема. Затоа ние мораме да бидеме присутни на овој пазар.
toni_a Mitko posto se spomna i bugarija...ti sto mislish za celava rabota? se razbira ako bi sakal da odgovorish. (te molam, vidi ako mozhesh da prilagodish malku pishuvanje ili ako mozhesh na angliski.ako ne,pishi kratok odgovor,pa ke vidam da "adaptiram" nekoi sporni jazicni momenti.)
mitko2848 па што да кажем сека инвестициjа е добра за развоjот на македониjа.важно е да се продават пред се македонски производи и да се плакjат данаци на државата,а кои ке биде газдата не е од големо значение. пс. а тоа со пишуване македонски или англиски не е добро според мене пошто има луге кои не ги не ги знаат добре овие езици.на бугарските форуми можеш да пишуваш на македонски и никои нема да ти направи проблем за тоа а камоли да ти избрише темата.поздрав
toni_a lichno jas ne sum mnogu-mnogu za vakvite investicii,no od aspekt na konk*rencija na MK pazar i spomnuvanjeto za poddrshka na zemjodelcite bi kazhal neka naogjaat pari i neka gradat MK-firmi.neka platat normalni(pazarni) ceni za zemjishte i neka ne gi lazhat MK-dukjandzhii...+ ednash barem da si bide kako sto treba pochnuvanjeto na "biznis" ,a i so dogovori da se osigura drzhavata deka navistina ke poddrzhuvaat lokalni proizvoditeli... (mnogu sum skeptichen za rabotava!!!) Mitko ,inache ne sekoja "investicija" e investicija! nekoi "investicii" skapo se plakjaat.vidi topikot "biznis - izmami i lagi" [;)] off toa za jazicite e dosta diskutabilno no ke dadam barem eden vazhen aspekt: nekoi razbiraat bugarski,nekoi ne.forumot e makedonski i uchestvuvaat pretezhno makedonci/ki od celiot svet.nekoi od niv cel zhivot ne bile vo makedonija i nekoi imaat duri problem da razberat na makedonski,a za bugarski ili srpski da ne zborime.se gubi vreme vo preveduvanje i postovi nepotrebni,nekoj nema da odgovori bidejki ne razbral itn...normalno deka vo prva linija ke se gleda podobro funkcioniranje na forumot za da ima i neshto sushtinsko,a ne samo formalnosti i nedorazbiranja...pa zatoa ,edno ZA: makedonski i angliski.
toni_a inaku Mitko...imame nie vo MK,vo Skopje, eden trgovski centar na eden turchin.da ne ti raspravam sega kolku,kako,sto e napraven...ama da zimash pogolema kirija od hristijani otkolku od muslimani (tie sto imaat dukjani vo nego) e mislam preterizam!