Koj za kolku raboti
Koj za kolku raboti
Goran-Skopje "Најниска плата од 500 евра месечно за финансиски посредници и проценители -------------------------------------------------------------------------------- Брокерите, осигурителните агенти, проценителите што работат за осигурителни куќи имаат најголеми месечни плати, а најниската просечна плата во таа бранша за февруари изнесува 30.571 денар, пресметале статистичарите од Државниот Завод за ревизија. Според пресметката на статистичарите, направена по принципот на примерок, во одделот помошни активности во финансиско посредување (која ги обединува горенаведените професии) најниската плата не е помала од 30.571 денар и речиси двојно е повисока од досега најплатените професии: работа во воздушен сообраќај, финансиско посредување, осигурување, реосигурување и пензиски фондови и работните места во банките. Во воздухопловството најниската плата за минатиот месец била 19.681 денар, во осигурителната дејност и приватните пензиски фондови 18.871 денари и во дејностите на финансиско посредување 17.077 денари. Добри плати за македонски услови имаат и вработените што произведуваат хемиски производи со најниска плата од 16.877 денари, лицата што работат во ЕСМ, Топлификација со просечна плата од 14.101 денар, поштарите и вработените во телекомуникацискиот бизнис со плата од 13.296 денари, вработените во компјутерскиот бизнис со плати од 12.055 денари па нагоре, како и вработените во туристичките агенции со плати не пониски од 12.373. Најслабо платени се вработените во индустријата за штавење кожа и доработки на кожа со најниска плата од 1.389 денари месечно, по кои следуваат производителите на гума со најниска плата од 3.347 денари. Најниската плата во државната управа во февруари била 10.470 денари, а во образованието 7.611 денари и во здравството 7.480 денари. Најниска плата во градежништвото била 6.411 денари, во хотелиерството 7.641 денар. Во трговијата на мало најниската плата во фебруари била 6.095 денари." www.total.com.mk