Бугарија никогаш не била окупатор
Бугарија никогаш не била окупатор
dejan ТОА СЕ ШПЕКУЛАЦИИ. СE` ШТО ДОГОВОРИВМЕ ЈАВНО ГО ОБЈАВИВМЕ, ВЕЛИ ПОЛОЖАНИ. БУГАРСКИОТ ВЕСНИК СЕ ПОВИКУВА НА ИНФОРМАЦИИ ОД БУГАРСКОТО МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ Азис Положани, македонскиот министер за образование и наука, ветил дека Македонија ќе ги измени учебниците во делот за Втората светска војна и Бугарија повеќе нема да биде претставувана како окупатор. Ова го ветил на неодамнешната средба во Скопје со неговиот бугарски колега, Даниел Волчев. Ова како информација, вчера го објави бугариот дневен весник, "Труд", повикувајќи се на информации од бугарското Министерство за образование. Весникот, како што ја нарекува историската посета на бугарскиот министер покрај Вардар, заклучува дека Македонија била подготвена да ја ревидира историјата. - Веќе е јасно, а тоа го ветил и претставникот на партијата на етничките Албанци, Азис Положани, дека од македонските учебници по историја ќе бидат исфрлени сите измислени приказни за бугарскиот окупатор, за бугарската денационализаторска политика, за дејноста на бугарската црква и бугарските училишта против македонската национална свест, пишува бугарски "Труд". Двајцата министри, во понеделникот, во Скопје имаа заедничка прес-конференција. Иако овие прашања беа поставени од бугарските новинари, министрите одговорија дека нивната политика се стреми кон заедничката иднина во Европската унија, и отфрлија каква било можност за ревидирање на Историјата. И вчера во Кабинетот на министерот Положани, негираа какво било ветување за измена на македонската историја. - Тоа се шпекулации. Се што разговаравме и договоривме беше јавно обелоденето, прокоментира Положани пред неговото заминување за Австрија, каде што денеска и утре ќе учествува на министерска конференција. http://www.vecer.com.mk/tekst.asp?tid=25410 [V] aman be...sto drugo? vekje ne znam sto da mislam...i jas ke pocnam da ja gledam idninata na Makedonija vo temnica.[V]
Haskovo Truth is only one and it comes. :)