Христодулос и Алексеј за нов православен центар
Христодулос и Алексеј за нов православен центар
tomislav1978 Манифестација на делувањето на коалицијата Москва-Христодулос, според „Та неа“, е и однесувањето на рускиот амбасадор во Грција Мајаров. Мајаров, кој воедно е и шеф на новоформираниот Менаџмент на христијански цркви и нации при руското МНР, се очекува утре во Атина да оствари средба со Христодулос, оставајќи ја со тоа надвор од неговата програма посетата на Истанбул. Грчкиот весник нагласува дека за време на неделата посветена на христијанството Мајаров организирал вечера во чест на Христодулос и црковните лица блиски до него, а не испратил покана до ниту еден политички фактор во земјата. Од друга страна, грчкиот амбасадор во Москва истовремено приредил вечера за патријархот Алексеј, но за разлика од Мајаров, тој поканил претставници од руската политичка елита. „Та неа“ наведува дека според грчкото МНР, архиепископот Христодулос со своите изјави против САД и ЕУ ја придобил поддршката на Русија, која е таргетирана на создавање на православен центар настрана од истанбулскиот. По повод овие настани грчката Влада појасни дека православната религија е претставена единствено од страна на Вартоломеј и упати налог до МНР вселенскиот патријарх Вартоломеј да биде поддржан на секое ниво.