Веридба и брак
Веридба и брак
Unreal Професионални погледи Копирано,но заради тоа што е интересно го пренесувам овде[:)] ПРОФЕСОРИ ПО МАЈЧИН ЈАЗИК: Бракот е апстрактна именка а веридбата граматичка грешка во претходно составената реченица. ЖЕНЕЊЕТО е активен глагол кој често одговара на прашањето КОГО но најчесто на прашањето КОЛКУ? ОЖЕНЕТ е пасивна форма на глаголот. Во целата конструкција, ДЕЦАТА се императив а КУЌНИОТ ПРИЈАТЕЛ лична заменка. ПРОФЕСОРИ ПО МАТЕМАТИКА: Веридбата е парен број кој често знае да биде непарен. БРАКОТ е математичка операција на множење а резултатот се деца. Во веридбата ТОЈ вреди 2 а таа 1. Во бракот ТЕШТАТА вреди 2, ТАА 1 а ТОЈ 0. КУЌНИОТ ПРИЈАТЕЛ е непозната. ПРАВНИЦИ: Веридбата е парница а бракот изгубена парница. ДЕЦАТА се отежувачка околност а КУЌНИОТ ПРИЈАТЕЛ олеснувачка. ТЕШТАТА е врховна инстанца. ЛЕKAРИ: Веридбата е лоша превентива а БРАКОТ последица од тој лош третман. Децата се компликации, тештата тумор а куќниот пријател погрешна дијагноза. ИНЖИНЕРИ: Веридбата е проект, бракот неуспешна конструкција, децата непланирани трошоци. Куќниот пријател е изведувач на работите а тештата корозија. ЕКОНОМИСТИ: Веридбата е можност за пласман, бракот е договор, децата анекс на договорот. Куќниот пријател е кооперант а тештата даночен орган. МУЗИЧАРИ: Веридбата е дует, бракот дисхармонија, децата се солисти кои бараат поддршка од целиот оркестар а тештата диригент. КУЌЕН ПРИЈАТЕЛ е оној кој ќе издржи до крајот на концертот. Најстарото далечинско на светот [:D] [img]http://on.net.mk/WBStorage/Articles/D79BB113B7AEF34886C4E65D05EED6DF.jpg[/img]