Грчките Идиоти!
Грчките Идиоти!
VeGaS МК две години под налепница Не се менува практиката на грчките дипломати од Канцеларијата за врски во Скопје со црни ленти да го покриваат кодот „МК“ на дипломатските таблички на своите возила, но затоа пак тие сега тоа не мораат да го прават, затоа што добиваат таблички на кои „МК“ воопшто го нема. Две години откако „Време“ го откри овој случај, кој експертите го оценија како незаконско однесување на грчките дипломати, црните ленти остануваат на дипломатските таблички. Според експертите, со ваквото однесување грчките дипломати ги прекршуваат меѓународните конвенции и домашното законодавство. Дипломатскиот имунитет не ги заштитува од прекршочни пријави за несоодветните регистарски таблички на возилата. Но статистиката покажува дека тие се некако недофатливи за сообраќајната полиција. Од лани, кога „Време“ потсети на првата измината година од откривањето на случајот, досега нема промени во полициската статистика за прекршочните пријави за возачите на грчките дипломатски возила: поднесени се вкупно девет опомени и прекршочни пријави. Пријавите биле поднесени по контрола од сообраќајната полиција, а тоа, според МВР, се и единствените мерки што полицијата може да ги преземе. Фоторепортерот на „Време“ вчера пред грчката Канцеларија за врски во Скопје забележа и автомобил на чии дипломатски таблички воопшто го нема кодот „МК“. Од бројките на регистарските таблички, кои се посебни за секоја амбасада, јасно се гледа дека станува збор за возило на грчката канцеларија. Во МВР велат дека не постои можност македонската полиција да издала табличка без кодот „МК“. Надлежните во МВР велат дека согласно со дипломатските процедури ќе испитаат за што станува збор. Според претставници на грчката канцеларија, табличка без кодот „МК“ има на едно од нивните возила, но само на задната страна. Причината, велат, е што табличката уште во септември 2004 година била украдена. Канцеларијата побарала од МНР да се смени, но не им била доставена нова. Затоа тие направиле копија на која го нема кодот и сега, како што објаснуваат, на предната страна од возилото стои оригинална табличка, а на задната е копијата.
јузер Jas negde 97-ma godina so MK nalepnica vo Katerini na parking ostavanje kolata i za nepoln saat se vrakjame site gumi so shajka dupnati i so sprej isharan prozorot na mestoto kaj sto stoese MK. Dobro, se vrakjame vo Skopia posle toa i gledam na mojot parking kombe so tablicki od Ellas bezgrizno si stoi parkirano.
intel Epa..corba..
NACIONALIST kolega intel drukpat ne nasednuvaj na provokacii od nekogo