Најголеми предизборни лаги
Најголеми предизборни лаги
трендафил Ја отварам оваа тема во чест на утрешниот празник 1ви април. Според мене најголема предизборна лага од актуелната власт е ветувањето дека ќе вработат 564.296 невработени, или од секое семејство по еден. Според пописот од 2002та во Македонија има 564.296 домаќинства, вклучувајќи ги и колективните, како што пишува во [url="http://www.president.gov.mk/Docs/Popis_2002.pdf"]дефинитивните податоци од пописот[/url]. Од страна на опозицијата пак, тоа е милијардата на Циле. Со напомена дека сепак од Тајван дојдоа пари скоро колку за продадениот дел од ЕСМ (220 милиони од Тајван према 225 милиони за ЕСМ) и дека проектот беше прекинат. П.С.: Предлагам да се спомне по една лева и една десна лага, како што направив и јас.
трендафил Дали сме мазохисти па уживаме во страдањето? Можеби затоа бираме како што бираме, а во тек на мандатот не правиме ништо власта да работи како што сакаме. Иако проголтавме многу нешта, на пример влегување на многу веројатно воени злосторници во власта, ништо не добивме возвратно. Министерските места не се делат според способностите, туку според силата на партијата и парите што се вртат во одредени ресори. Не сме имале ниту едно регуларни избори. И на најрегуларните од гледна точка на изборната регулатива, победниците добива со изборна измама. Споредете ја [url="http://www.sdsm.org.mk/Izbori2002/ip2002.pdf"]изборната програма[/url] на СДСМ со тоа што го отстварива до пред крај на мандатот. Во изборната програма се гледа и дека е пишувана врз основа на многу полоша почетна состојба, односно одствареното од претходната власт е многу поцрно претставено во програмата од тоа што се покажа дека е во стварноста. Иначе за најголема лага во идеолошки смисол за мене е нема да коалицираме со терористи. Самата таа изјава само значи дека „државотворците“ ги сметале своите сегашни коалициони партнери за терористи, но во борбата за власт очигледно мислењето лесно се менува.
Strelec Штом е спомнат Циле, тоа значи дека говориме за последните два парламентарни состави, во право ли сум? Ако е така, тогаш моите гласови одат на овој начин: - Најголема лага на опозицијата кога дојде на власт беше тоа што рекоа дека ќе бидат подобри отколку што биле претходните. - Најголема лага на сегашната власт е тоа што рекоа дека ќе бидат подобри отколку што биле претходните. Ниту едните, ниту другите направија од Македонија пристојно место за живеење. Можеби на различен начин и со различни методи, но сепак и со двете опции -> народот страдаше.