Горан Славковски - "чудото од дете"
Горан Славковски - "чудото од дете"
a-pin-dim Славковски е горд на Македонија Македонија не треба да се откаже од "чудото од дете" Горан Славковски кој игра во младите категории за Интер. Родителите, играчот и неговиот менаџер донеле одлука по понудата од Македонија за негов настап во репрезентацијата до 21 година. "Сe уште е млад за репрезентација. За неколку дена ќе наполни само 17 години. Приоритет за сите е тој да напредува во кариерата и во младите категории на Интер. Славковски е горд на понудата од Македонија", вели Јозо Палац менаџерот кој е овластен да го застапува Славковски. Палац не информираше дека сите се разочарани од некои најави дека Славковски ги игнорирал телефонските повици од ФФМ. "Славковски е Македонец и нема бегање од тоа. Го зборува јазикот, има патни исправи, но треба да помине време. Не е од Визбегово туку неговотт семејство потекнува од скопскито село Бразда. Вистинско чудо од дете кое пред себе има блескава кариера", дополнува менаџерот со ФИФА лиценца кој го реализирал трансферот на "Новиот Ибрахимовиќ" во Интер.