Kade na izlet?
Kade na izlet?
rina Што правите во сабота или недела? Сакате ли да одите надвор од градот во природа? Каде сте биле....или каде би сакале да одите? Јас сакам обично во недела да отидам надвор од градот (Скопје), да откривам нови места во МК или едноставно да отидам на ручек во друг град.....
јузер Водно, до врв. Треба да бидеме среќни ние скопјаните што имаме таква планина на само 15 минути пешки идење од центар на Скопје.
rina А, одиш пешки до врв од полициската станица? Спојуваш со Матка? Досега не сум споила Водно-Матка наеднаш. Велат дека е околу 16 км. Близината на Водно до Скопје навистина е супер! Дури и странците што го знам се воодушевени од Водно и редовно се качуваат!
јузер Од странците можам да ти кажам дека нашиов Мајк Зафировски обожава да иде на Водно кога е тука во Македонија. Еднаш на врв го сретнав и после на ТВ го дадоа. ; Иначе, од Кочо Рацин (последна 3-ка) ми е стартот. :) Порано знаев само за еден правец, од Водно па по сртот до Матка. Па таму чукаш на ѕвонче да дојдат со кајче да те префрлат преку езерото до домчето. Па таму тавче-гравче јадеш, се одмараш па се шеташ по езерото и дури некаде приквечер последниот автобус го фаќаш за Скопје. :)
rina јузер, ова многу интересно изгледа.... На времето се одеше во Сарај....а денес? Кое излетничко место во околината на вашиот роден град ви е најомилено? [:)]
rina Таму на Матка сум се качила до разрушената црквичка Св. Недела....патот е мнооооогу стрмен ама за глетката вреди! [:)]
rina Извадок од една репортажа за искачување на Матка: ...Петров Камен е, секако, најубавиот дел на панорамската патека низ манастирските пазуви на Матка и восхитува со позицијата и со амбиенталноста. На централното плато се наоѓа средновековната црквичка Свети Спас, изградена во доцниот 14 век, а педесетина метри од неа се остатоците од Свети Тројца (Свети Архангел Михаил), како и расфрлани блокови од раноримски и доцнаантички градби. Продолжувајќи, патеката минува покрај долот Влак (постои патче што се спушта до хидроцентралата) и навлегува во резерватот Јасен, односно води кон остатоците од средновековниот Марков Град и разурнатата црквичка Св. Недела (1350-1340). Последните 50 метри се угорнина. Марков Град е највисоката точка на ова наше виртуелно враќање во минатото и во мистиката на столетијата наталожени сред сурите спили на Матка, враќање во коешто е притаена мечтата на некое од следните патувања да не изненадат градители кои, за почеток, ја обновуваат разурнатата Света Недела, а потоа и средновековниот алказар... (цит.1. 2. 2001 Цобе Петровиќ)
rina Малку слики од Матка: [img]http://www.popovashapka.com/macedoniainfo/images/land/matka_view.jpg[/img] [img]http://www.culture.org.mk/skpsk22.jpg[/img] [img]http://www.culture.org.mk/skpsk24.jpg[/img] отпечатоци од дланките на Крале Марко, црква Св. Андреја, 14 век
јузер Interesen natpis rina..[;)] Eve sliki od sabotata sto bev na Vodno.. Od ednata strana na Vodno e Skopje: [IMG]http://storage.vmacedonia.net/files/12/Vodno/vodno004.jpg[/IMG] A od drugata strana na Vodno e Jakupica so najvisokiot vrv Solunska Glava (: [IMG]http://storage.vmacedonia.net/files/12/Vodno/vodno007.jpg[/IMG] [IMG]http://storage.vmacedonia.net/files/12/Vodno/vodno008.jpg[/IMG] Domceto na vrvot: [IMG]http://storage.vmacedonia.net/files/12/Vodno/vodno009.jpg[/IMG]
rina Летово, во периодот од 5 -25 јули на локалитетот "Маркови кули" на југоисточните падини на планината Водно, во јавноста познат и како "Марково крувче", ќе продолжат македонско-американските археолошки истражувања, започнати минатата година а насочени кон откривање на археолошките податоци за периодот на изградба на постоечката тврдина и за нејзината намена. Досега откриените податоци се мултимедијално презентирани преку веб- страница, која од страна на американскиот партнер од минатата година е веќе поставена на Интернет, што е уште една од поставените цели во реализација на соработката, презентација на откриените вредности од Македонија во светот. (Утрински весник, 15.02.2006) [img]http://rss.utrinski.com.mk/izdanija/2006/36102.jpg[/img]
rina Во внатрешностa на кулата има 2-3 цистерни за каптирање на вода кои во антиката можеле да опслужуваат повеќе илјади луѓе, со нив можел да се напојува еден град. Годинешните истражувања ќе бидат насочени кон една од цистерните и трасата на северниот бедем, за што ќе биде изготвена и потребната документација. Овој локалитет функционирал во текот на 5-6 век, но сеуште не се знае дали функционирал како град. Бил силна тврдина, силно и тешко пристапно утврдување, но со сигурност не може да се каже за што поконкретно служел. Придонесот на американскиот стручен тим во истражувањата е научен и технички, но овозможува и поголемо презентирање на откриените археолошки вредности во светот. Американската геодетска опрема која се користи при истражувања се смета за една од пософистицираните за геодетски снимања
rina Додека сме се уште на Водно.... [;)]...неизоставен дел е и Нерези! Покрај преубавата глетка на Скопје и вкусната домашна пита со овчјо кисело млеко, тука се наоѓа и манастирската црква Св. Пантелејмон заштитникот на здравјето.
rina На ѕидовите на овој уметнички споменик е сочувано фрескосликарство, коешто по своите квалитети со право се вбројува меѓу врвните дострели на византиското сликарство од времето на владеењето на познатата династија на Комнените. Зачуваниот натпис, врежан во мермерната плоча поставена над влезната врата, ги дава основните податоци за историјата на црквата што била изградена и живописана во 1164 година со средствата на византискиот принц Алексеј, син на Константин Ангел и Теодора, најмладата ќерка на византискиот император Алексеј I Комнен.
rina Како врвно негово достигнување се сметаат, пред се, композициите Оплакување Христово и Симнување од крст. Композицијата Оплакување Христово е позната тема која се сретнува речиси во сите цркви насликани пред и после живописувањето на нерешката црква. Но Оплакувањето во Нерези од сите нив се разликува, не толку по иконографските посебности, колку по извесни елементи што се покажуваат како достоинство на непознатиот зограф од Нерези. Во прв ред тоа е нагласеното истакнување на внатрешните чувства на прикажаните личности. Св. Богородица е насликана како мајка која плаче над својот мртов син. Нејзиното лице покажува болен израз на длабока болка. Нејзиниот поглед е вперен во лицето на мртвиот син кого што го држи во драматична прегратка. [img]http://www.skopje.mk/images/oplakuvanje.jpg[/img]
rina Следново ми се виде мошне интересно: Напуштајќи го Цариград непознатиот зограф како да се почувствувал послободен. Се добива впечаток како неговото дело да настанало под влијание на описите во апокрифната литература. Во Никодимовото Евангелие, или во делото на Георгие Никодимејски, Св. Богородица е опишана како обична мајка која откако го видела телото на својот мртов син положено на земја, не можела да ги потисне во себе чувствата, се фрлила врз него прегрнувајќи го и леејќи врели солзи. Во тој поглед нерешкото Оплакување станува навистина неповторлива слика, вистинска вредност на византиското сликарство. Споредувањето на оваа композиција со други, на пример со прочуеното Оплакување на италијанскиот сликар Ѓото, работена околу 140 години подоцна во капелата Арена во Падова, покажува дека нерешкиот зограф повеќе внимание му посветил на прикажувањето на внатрешните чувства на насликаните личности и далеку повеќе успеал во тоа од славниот Ѓото, кој своето внимание го свртува повеќе кон обработката на облиците на своите фигури, давајќи им силна тродимензионална реалност, така што ни се чини дека се работи за фигури со полна пластичност, што се разбира, нерешкиот мајстор не го постигнал. Меѓутоа нерешката Св. Богородица плаче, нејзината болка ги раскинува срцата. Ѓотовата Св. Богородица е претставена како млада силна жена со малку натажено лице.
beti869 Sekoj soncev vikend go pominuvam nadvor od doma:minatiot vikend bevme na manastirot Sv.Arhangel Mihail i potoa se iskacivme na Markukule do mestoto nareceno tapance,a sledniot vikend planirame da odime ili na manastirot vo s.Zrze ili na rekata Crna(Mariovo)