zosto nema stranski direktni investicii vo MK?
zosto nema stranski direktni investicii vo MK?
Cheche Нестабилни услови за инвестирање во Македонија Младен Чадиковски 10.04.2006 Странските ревизорски куќи предупредуваат на даночниот хаос што владее во Македонија. Детектирале дека честото менување на законите создава несигурен бизнис клима и нестабилни услови за инвестирања. Една од водечките ревизорски институции преку овој извештај за работењето на македонските компании практично ги предупредува нивните странски партнери да бидат внимателни во планирањето на инвестициите и зделките поради честите даночни промени. „Сето тоа влијае на конкурентноста на фирмите и на атрактивноста на странските партнери да работат со македонски фирми. Испаѓа дека на странските фирми не им се исплати да се работи во Македонија, бидејќи рејтинзите за Македонија се на многу ниско ниво“, рече експерт. Последни промени беа со воведувањето данок од 15% на плаќања за услуги кон надвор, со укинувањето на одложеното плаќање. И банкарите се бунеа што како профит им се даночат парите што им стојат како надворешна гаранција. Македонските експерти тврдат дека полошо од високи даноци е нивното често менување и лоша интерпретација. Тоа го потврдуваат со тези од учебник. „Владата која нема цврста и постојана даночна политика личи на оној сопственик кој откако засадил една култура брзо се заситува, па ја заменува со друга, а оваа пак, со трета, а за тоа време земјата не произведува ништо и сопственикот пропаѓа“, изјави експерт. Констатацијата на светските ревизорски куќи дополнително ја влошува бизнис климата. Ваквите анализи ја прават Македонија неатрактивна дестинација за странскиот капитал. http://www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=61154 Ovaa Vlada ima najlosi ministri za finansii: Popovski, a pred toa Gosev. I dvajcata nemaat poima od "finansii", mislat ako drpat poveke pari od makedonskite firmi, toa ke ja napravi MK pojaka drzava, sto e mnogu iracionalno neintelegentno razmisluvanje.
toni_a imavme i nekakva sporedba so Bosna pred skoro na forum... [:(] navistina se chudam kako uspevaat drugite!
Cheche Македонската економија последна во регионот Александар Момировски 29.03.2006 И со економски раст од 4% македонската економија ќе биде последна во регионот. А1 открива детали од најновиот извештај на Виенскиот економски институт за економијата во Југоисточна Европа. Експертите констатирале: економијата ни е најслаба од сите држави во регионот. Македонија е на опашката. И Албанија не претрка. Позитивни раздвижувања има, но тие не се доволни. Најмалку инвестиции, најголема невработеност, довербата во банките е на најниско ниво. Таква е сликата за Македонија според Виенскиот економски институт. Фирмите и граѓаните во Србија, Бугарија, Хрватска и Албанија повеќе им веруваат на банките. Таму кредити се земаат на големо, експанзијата на финансискиот сектор галопирачки расте, кај нас заостанува. Виенскиот институт предвидува дека оваа година Македонија ќе го достигне нивото од 4% раст на економијата кој ќе се задржи и во следните 2 години. Но, таквиот раст не е доволен за да се намали невработеноста. Македонија ќе остане европски лидер по безработица. Според експертите од Виена, многу нешта ќе зависат од тоа кога ќе почнат преговори со Брисел за влез во ЕУ. Бенефит за економијата може да биде и влез на Македонија во Трговската унија на Балканот, што ја предлага Европа. http://www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=60597
Cheche
quote:
Originally posted by toni_a
imavme i nekakva sporedba so Bosna pred skoro na forum... [:(] navistina se chudam kako uspevaat drugite!
uspevaat, oti gi nemaat SDSM [;)][;)]
toni_a *Комуникацијата, транспортот и недоволната промоција на Македонија се основните причини поради кои италијанските стопанственици досега не реализираа интензивна соработка со фирми од земјава. Ова го посочија претставниците на Унијата на индустријалци од регионот Тревизо кои ја посетија Стопанската комора на Македонија *Меѓународниот монетарен фонд оцени дека 2006-та година може да се дефинира како "не толку лоша, но и не толку добра како одличната 2005-та". [^][:D]