РЕЛИ

РЕЛИ
a-pin-dim
 
КЕНИСКАТА ЛЕГЕНДА КРАТКО НА ВРВОТ НА СПОРТОТ

Почина Мехта, новиот шеф на ВРЦ

Новоангажираниот шеф на Светскиот шампионат во рели (ВРЦ), Шекар Мехта

почина во Лондон на 60-годишна возраст. Кениската легенда, која има пет

победи на Сафари Релито од 1973 до 1982 година почина во средата, откако се

разболе за време на Корзика релито минатиот викенд.

Мехта беше ангажиран како претседател на комисијата на ФИА за ВРЦ минатиот

месец, по заминувањето на Французинот Жак Режис.

"Во текот на неговиот живот Шекар даде многу за мотоспортот, посебно за рели

шампионатот, како успешен натпреварувач и почитуван член на ФИА. Искуството,

посветеноста и доброто расположение на Шекар нема да можат да се заменат",

се вели во соопштението на ФИА.

ВО РАМКА

Лесников загина во Украина

Александер Лесников го загуби својот живот во сообраќајна несреќа во

Украина. Шампионот од Руското рели 2002 беше патник во автомобилот. Во 2002

Лесников возеше во Рели шампионатот со тимот на Кронос Рејсинг.



Од Форд со ветувања за Гронхолм

Директорот на Форд РС тимот, Жост Капито му вети на својот главен возач

Маркус Гронхолм дека новиот Фокус РС ВРЦ ќе биде далеку подобар на

асфалтните релија кога ВРЦ ќе се врати на таа подлога за Германското рели во

август. Гронхолм не успеа да ја постогне брзината на Себастиен Лоеб и

Ситроен Ксарата на Кронос на последните три асфалтни релија во Корзика,

Мексико и Сан Ремо.

"Четирите етапни победи на Маркус и на Мико Хирвонен покажаа дека можеме да

бидеме конкурентни и на асфалт. Знаеме дека Ситроен се далеку напред, но до

август има многу време", вели Капито.



Вилсон: "Оставете го Мико на мир"

Директорот на тимот на Форд, Малколм Вилсон реши да му даде целосна поддршка

на својот втор возач Мико Хирвонен и покрај тоа што Финецот имаше

разочарувачки старт на сезоната. Иако Хирвонен стигна како четврти во

Корзика минатиот викенд, со 10 секунди заостанување зад Даниел Сордо, тој

има само 7 поени, додека Маркус Гронхолм собра 35.

"Секако дека не сме каде што очекувавме на стартот на сезоната, но искрено

повеќето од проблемите на Мико дојдоа не поради негова причина. Да, тој

направи греша во Мексико, но јас верувам во него", вели Вилсон
MeGaSTaR Ford Focus rally car 4 God so red Shampion ..
MeGaSTaR
My Favorit Rally Car Ford Focus..