Изборите на 5ти Јули - дефинитивно.

Изборите на 5ти Јули - дефинитивно.
vancom18
 
На сите им одговараат избори на 5 јули. Парламентарната опозиција на средбата кај Јордановски даде зелено светло за овој термин, а премиерот Бучковски денеска и дефинитивно го потврди ставот на СДСМ за избори на овој термин.

„Ние очекуваме изборите да бидат во првиот можен термин, затоа што на Македонија и е потребен последниот квартал за да ги дозаврши реформите што се започнати“, изјави Владо Бучковски, премиер.

Главната поента на опозицијата зошто 5 јули е за да не се изгуби цела година од реформите и евроинтеграциите.

„Сега е 5 јули сосема во ред и очекуваме нашата коалиција да победи“, вели Стојан Андов, претседател на ЛП.

„Ние веќе и де факто сме подготвени за тоа, на теренот работиме“, рече Марјан Ѓорчев, претседател на ЗНП.

„Ние сме подготвени да поддржиме. Според тоа, не само што е донесена одлуката за 5 јули, туку едноставно ја поддржуваме, сметаме дека заслужуваме шанса да почнат подготовките за нашето што поскоро приклучување кон ЕУ“, изјави Тито Петковски, претседател на НСДП.

Дел од партиите терминот кој се паѓа во работен ден, сред недела, во среда, и тоа во екот на летните одмори, го коментираат како потег на власта кој најмногу би им одговарал за нивна победа, но не покажаа слабост. И тие се изјаснија дека се подготвени за избори.

„Прилично луд термин, меѓутоа со оглед на тоа дека одлуката е во владеачките партии, ние ја прифаќаме и ние сме спремни. Дури и пред денешниот ден ние се спремавме како да ќе бидат изборите на 5 јули“, вели Лилјана Поповска, претседател на ДОМ.

„Не смееме да си дозволиме цела 2006 година да биде изгубена, затоа што ако изборите би се одржале доцна во септември или почетокот на октомври, тоа значи дека владата ќе ја имаме дури во ноември, односно крајот на годината“, рече Трајко Славевски, ВМРО-ДПМНЕ.

„Не е најсреќно избран терминот. Прво, затоа што веќе фаќа летен период, друго, затоа што го имаме Светското првенство, затоа што земјоделците се на работа, а луѓето од администрацијата воглавно се на одмори“, изјави Весна Јаневска, ВМРО-НП.

Попладнево во телефонски разговор со Јордановски и потпретседателот на ДПА Мендух Тачи се сложил за овој датум.

Партиите очекуваат спикерот Јордановски веќе в среда да ги распише, за да можеле да се запазат законските рокови за избори во јули.
n/a Kje bide "zeshko".
Aleksandra
quote:
Originally posted by Goran-Skopje

Kje bide "zeshko".


i teshko
ArIeS
quote:
Originally posted by sasha

quote:
Originally posted by Goran-Skopje

Kje bide "zeshko".


i teshko


a bogami i machno
Satanico Pandemonium Veke ima tema otvoreno za ova

http://forums.vmacedonia.com/topic.asp?TOPIC_ID=14575