Македонска народна музика

Македонска народна музика
RaGeAnGeL
 
Наспроти уметничката (учена) музика, поставена е таканаречената народна (неучената) музика или музички фолклор. Народната музика се пренесува од колено на колено по пат на усно предание. Во Македонија постојат голем број народни песни и игри кои го одразуваат животот, работата и обичаите на луѓето кои живеат во неа. Голем дел од оваа музика има свои карактеристични национални белези.

Македонската народна музика претставува синтеза на она што македонскиот народ го понел од својата прататковина и она што го наследил од денешната своја татковина и од пошироката средина. Затоа во неа се среќаваат антички (римски и грчки) елементи, како што се на пр. русалиите во Гевгелиско, потоа византиски (влијание врз духовната музика), ориентални (состави на чалгаџии и зурли) и западноевропски влијанија (староградски песни).

Според содржината и кореографијата нашите народни игри и песни можат да бидат обредни и световни. Од обредните игри ќе ги наброиме: додолските, коледарските, русалиските и др. Во световните игри спаѓаат тие што се поврзани со животот и работата на нашиот народ како што се: борбените, свадбарските, жетварските, хумористичните, љубовните и др. Во разни краеви тие имаат различни имиња, во зависност од местото и начинот на играњето.

Македонските народни игри имаат свои карактеристики кои се манифестираат во разнообразието и богатството на движењата и ставовите во играњето. Мелодијата во нашите народни игри се темели врз куса, ритмички впечатлива и изразена музичка основа, наменета за играње. Во нив се застапени два вида тактови: прости, дводелни и триделни (2/4, 3/4 или 2/8, 3/8 и др.) и сложени. Сложените можат да бидат еднакво сложени, составени од два истоимени прости такта ( 2 + 2/4 = 4/4 или 3 + 3/4 = 6/4) или мешано сложени, составени од два различни прости такта (2 + 3/8 = 5/8 или 3 +2 + 2/8 = 7/8).

Македонските неродни песни претставуваат непресушен извор на инспирација за нашите композитори. Голем број нивни дела се базираат врз мелоритмичките карактеристики на народните игри

Преземено од ...
RaGeAnGeL se mislev dali da go stavam tekstov ovde poso e za narodna nosija ama ubo e da go imame
ako nekoj mislit dek trebit da se prefrlit bujrum

Главни карактеристики на народните носии во Струшко-Јелица Додовска

Проучувањето на традиционалната народна носија овозможува да се согледаат определени етнички карактеристики на Македонците, кои се специфични за овој западномакедонски регион


Вовед

На територијата на Македонија се среќава голем број народии носии1 чија одлика е сочуваноста на многу архаични елементи2, како во однос на кројките и формите на поедините облековни елементи. така и во начинот па нивното украсување. Украсувањето со извезени или вткаени орнаментални мотиви во разни бои и техники, како и дополнувањето со разновиден накит и придава на носијата посебна декортивност.

Меѓутоа во овој труд ќе се задржиме на главните карактеристики на народните носии на македонското православно население3 во Струшкиот регион, во пределите Дримкол, Струшко Поле и Малесија, употребувани до првите децении на овој век, како и некои промени што настанале во традиционалниот начин на облекување.

И во овој регион се среќават повеќе видови народни носии кои се надоврзуваат една на друга преку некои основни облековни елементи, (формата и материјалот од кој се направени) а сепак се разликуваат со некои специфичности, кои се согледуваат како во начинот на украсувањето, така и во некои посебни делови од носијата.

Покрај користењето на стручната литература4 за изложениот материјал претежно е користена граѓа од Етнолошкиот оддел при Музејот на Македонија - Скопје, како и добиените податоци од истражувањата.

Северниот односно североисточниот дел на областа Дримкол, во етнолошката и историската литература се наречува Дебарски Дримкол.5 Оваа етно целина сосема се разликува од Охридско-струшкиот Дримкол што зафаќа дел од Охридската котлина и тоа како по своите етнички карактеристики, во прв ред дијалектот во македонскиот говор и носијата, така и по природно-географските одлики кои создале подруг етно-психолошки тип, кој припаѓа на Дебарско-мијачката етничка целина, но денес административно гравитира кон Струшко. Бидејќи на Конгресот оквирната тема го опфаќа Охридско-струшкиот регион, во излагањето ќе биде опфатена и народната носија од Дебарскиот Дримкол или во народот наречен Долни Дримкол.


Основни карактеристки на носијата

Карактеристика на женската носија (сл.1) од областа Дебарски или Долни Дримкол е бројноста на облековните елементи со извезени мотиви и украси од гајтани и срма, како и богатиот поткит од бикме и долги срмени и волнени реси, сукани и удвојувани само со раце, без никакви технички помагала. Основниот дел во носијата е белата платнена кошула во форма на туника, проширена во долниот дел со клинести додатоци „дуљци“, чиј број во зависност од намената и возраста кога се носи е различит од 7-21. Посебна везбена декорација застапена е на ракавите, работена во релјефна техника со усукани волнени конци.

Ознака на невестинството е кошула „тнока“ со везени ракави со „девет лози“, потоа горна клашнена облека „зобан“ украсена со срмен вез на предниците, како и покривката за глава „корпа“, украсена со везени мотиви и поткит од волнени и срмени реси.

Монументалноста и декоративноста на невестинската носија придава разновидниот метален накит дополнет со монистра.

Во поново време присутна е невообичаеиа појава што се однесува до украсувањето на женските кошули. Тоа е украсување со апликации од индустриски материјал со цветни дезени, кое визуелно го задржува стариот начин на украсувањето.

Исто така, интересно е да се спомне дека во овој предел девојките и сега ги везат своите невестински кошули. Везбената техника и колоритот се трансформирани, но сепак подредени на традиционалните норми.

Од носијата во Дебарскиот Дримкол се разликува и сосема поинаква е носијата во Охридско-струшки Дримкол. Преку долгата платнена кошула украсена со ситна и префинета релјефна орнаментика со вегетабилни мотиви од волнени или постарите со копринени конци, се носи „забун“ од шарен индустриски материјал, полнет со памук, како и бели клашнени облеки диференцирани по возраст и намена. Клашеник со аплицирани украси од чоја за невеста, „џубе“ со бели и црвени оптоки за возрасна жена, како и „ресачка“ со волнени реси од внатрешната страна за зимскиот период.

Околу половината се опашува долг црн плетен волнен појас,7 врз него „препашка“ - појас ткаен без разбој со помош на штички, како и пругасто шарена скутина „бовча“ украсена со срма и поткит од волнени и чоени реси.

Карактеристичен дел од невестинската носија е везена покривка за глава „сокај“ (сл.2) употребуван до крајот на 19-от, век, кој спаѓа меѓу најзначајните делови на народната носија со обредна функција и има сличност со некои истоветни делови во носијата од Поволжјето8.

Невестинската покривка за глава е и марама од бело платно, па долниот дел по целата ширина украсена со вткаени геометриски мотиви и густи реси. На нозете се волнени ситно орнаментирани чорапи и кожни чевли „кондури“.

Народната носија во овој етнички предел е украсена со разновиден богат метален накит дополнет со корални украси.

Женската носија во овој предел се уште се одржува, но со знатно изменета и редуцирана содржина. Изоставен е традиционалниот вез, некои клашнени облеки, а најголеми промени се јавуваат во везот на кошулата и „сокајот“.

На носијата од овој предел се надоврзува носијата од Струшко Поле, која е со исти облековни елементи, но со некои разлики во украсувањето, особено изразено во горните клашнени облеки.

Она што е карактеристично за ова носија, а по што се разликува од останатите носии, е црвената боја која ја означува жалостта „жаловна“ боја и затоа жена кога жали носи облеки („џубе“ и шамија) а во кои преовладува црвената боја.9 Во зависност од тоа како се носи - се покажува и „големината“ на жалење, Во жалост „џубето“ се облекува врз сите други делови од носијата, за близок се носи отпашано, а за подалечен опашано со појас и скутина, - појава која во овој предел е уште присутна. Инаку, освен намената на траурен белег „џубето“ е и составеи дел на празничната свечена облека за постари жени.

Народната носија во планинскиот предел Малесија (сл. 3), со застапеноста па орнаментални мотиви и начинот на украсувањето нагорните клашнени облеки и везот на кошулата е многу блиска на кичевската народна носија на Брсјаците, со која област комуницира. Во составот на носијата е кошула украсена на ракавите, градите, корилот и долу по полите со вез во гобленска техника од разнобојни волнени конци „каделка“ сукани на раце, потоа елек - „антерија“ укрсен со седефки, клашеник со срмени украси, појас плетен од црна волна, скутина - „скутник“ орнаментирана со геометриски мотиви, чорапи од разнобојна волна и крпа бела за на глава.

Невестинскиот дел од носијата е клашнена облека „џубе“ од бела клашна со аплицирани украси од гајтани, како и крпа - „срамаче“ за во раце.

Интересно е да се напомене дека облеката „бело џубе“ кое е и украсено со бели гајтани има намена на траурен белег. Белата боја во носијата од овој предел се јавува како остаток од старословенскиот обичај кога жалоста се одбележувала со белата боја.*

Со незнатни разлики во украсувањето, но со еднаква стилска композиција е машката носија од овој регион со носиите од Порече, Кичевија, Железник, Дебарца, Мијачкиот крај со оазите (селата Ореше и Папрадиште - Азот, селото Ехловец - Кичевија, селото Смилево - Битолско и градот Крушево), како и со носиите на исламизираните Македонци од Долна Река и Жупа, Турците од Горна Жупа и Албанците.

Во состав на машката носија влегуваат „бечви“ од бела клашна украсени со црни гајтани, а околу половината широк темно - црвен појас. На горниот дел од телото е „џамадан“ од темна клашна, а на главата „фес со пискул“.

Во состав на празничната и зетовската носија влегува „долама“ бела клашнена облека со долги ракави, украсена со црни гајтани, тесна во горниот дел, а во долниот дел широка со многу набори.

За одбележување е дека во овој регион машката носија е одамна изоставена од употреба. Изоставувањето се должи на тоа што мажите биле печалбари, а печалбарите секогаш внесувале новини во животот на своите соселани.

Основните облековни елементи во детската носија - женската и машката биле исти како кај носиите за моми и ергени. Единствено, разликите се согледуваат во начинот на украсувањето со вез и китењето. (сл. 4)

Сите овие облеки изработувани во рамките на домашното текстилно производство и дооформувани како занаетчиски изработки биле во употреба до крајот на XIX и почетокот на 20-от век. Од почетокот на овој век, односно од годините помеѓу двете светски војни, народната носија ги губела своите одлики, се поедноставувала и постепено губела некои етнички орнаменти. Денес автентичната народна носија е сочувана, но не како составен дел на секојдневниот живот, туку заради тоа вредните предмети на семејната ризница понекогаш да се прикажуваат и носат на празници, свадби и во деновите на националните свечености.

---

* И кај Македонцнте - муслимани, особено во областа Голо Брдо (Албанија) и во Долна Река, (порано) задржан е обичајот жените наглава да носат бела крпа во знак иа жалост, како прастар старословенскл обичај, задржан и по исламизацијата (според д-р Н. Лиманоски).



Homer MakeDonski
quote:
Македонската народна музика претставува синтеза на она што македонскиот народ го понел од својата прататковина и она што го наследил од денешната своја татковина и од пошироката средина. Затоа во неа се среќаваат антички (римски и грчки) елементи, како што се на пр. русалиите во Гевгелиско, потоа византиски (влијание врз духовната музика), ориентални (состави на чалгаџии и зурли) и западноевропски влијанија (староградски песни).

RaGe алал за топиков
Јас пак морам да пишуем знак на чудење тука кај се вели
“прататковина’
каква прататковина-зад карпатската ли?
Ако има синтеза во ориенталното,духовнато,русалинките таква синтеза мора да има и со задкарпатското,која би била насочение во тој правец
Арно ама ниту синтеза има ниту една чиста задкарпатска песна нема .
Таква синтеза насочена кон нивната преткарпатска прататковина има кај нашите задкарпатски ни браќа Русите.

RaGeAnGeL Листа на македонски лирски песни


Македонски народни песни

Македонски народни песниII




LIDIJA - SKorpija
Konechno neshto i za Makedonska narodna muzika
RaGeAnGeL sea to na eden drugar mu kazvev koja bruka sme
ili jas slabo baratam so stranive ili nie sme za opervenje
pa na oficijalnava strana na makedonska muzicka akademija niso ne mozev da najdam:(
sekoja informacija e dobredojdena ovdeka
LIDIJA - SKorpija Samo tekst moze da postirame?A muzika?
Moze neshto so narodna muzika i tanc?
Ako moze, togash kako najgolem pretstavnik na makedonskata narodna pesna i igra e Ansamblot "Tanec"

http://www.tanec.com.mk/
wolf_pack

Ова тема вреди да биде ко 'sticky'. Лириката одамна ја барав, оно ете ги на википедиа.
RaGeAnGeL sliki ,makedonska nosija od sela sve sve sve
everything goes here samo vie postirajte:)
toni_a Prikaska Za Ritamot
KLIK
antigona
Уште песни..
antigona


Mariovska narodna nosija.
antigona
Koшула-Мариово

antigona
antigona
antigona
antigona
antigona
antigona
Кривогаштани-Прилеп

antigona
antigona
antigona
antigona
antigona
antigona
antigona
izabela nogu ubavii sliki... superiska :)
a ako sakate jas od strana www.radiomk.com si skinah dosta makedonski narodni i zabavni pesni...
a sakam za tanec stvarno da gi pofalam.. pred edna nedela gi gledah vo slovenija i beh ocarana.. stvarno se super i emociite samite izlegnaa od mene... :)
otkacalkaMK makedonsko devojce e zakon:)
bseos Does anybody have any links to "GOOD" "narondno and zabavno" (mixed) music??? That would be really appreciated.

Dali nekoj znaje od kade mosham da downlodiram "narondno and zabavno" (meshano) muzika.