Михајло Стојановски

Михајло Стојановски
Carpathian Lord
 

Дали некогаш сте се гледале во залезот на Сонцето, а до вас се наоѓала вашата сакана личност и ја доживувате онаа најтажна слика која секогаш ја отфрлавте во крајот на вашите мисли, дека во еден таков прекрасен момент, вие го ставате крајот на вашата љубовна епопеја? Болката на неисполнета љубов, расне, го расцепува срцето и го храни ѕверот кој надвиснал над вашето рамо.
Мирисот на дожд и тивкото ладно ветре од север го навестува плачот на небото. Анѓелите се збрале и ве оплакуваат. Зошто да бегате од солзите? Нека ви ја искапат душата. Застанете на дождот. Секоја капка е за вас. За заљубените. Или не? Едниот веќе не е? Да, позната е таа болка. Болката за која и пеколот делува како пријатно место да ја поминете вечноста. И седете така, на ладниот камен, со погледот вперен некаде далку, ко наводно сте се замислиле и го барате одговорот да ви стигне од некаде. А срцата тупкаат. Силно, симфониски. Започнува внатрешен монолог со Бог. Реката на времето застанува. Моментите стануваат вечност. Двата се наоѓате на спротивниот крај на реката. Емоциите на едниот се трудат да ја препливаат замрзнатата река,а другиот се стуткал и ги покрил ушите и силно ги затворил очите. Срцето се крши. Трескот одекнува на околу во форма на плач. Паѓаш на колена на сред таа замрзната река. На другиот погледот се крева. Ги тргнува рацете од своите уши, полека ги отвора очите. Погледот ви се сретнува. Времето пак почнува да тече. Реката повторно забрзано те влече, заедно со виорот на нејзините вртолзи стрмоглаво тргнуваш кон патот до морето наречено Заборав.

Михајло Стојановски
Carpathian Lord Море никој ништо не пиши ниту коментира...цццц
dada Sani Lorde, toa sto nema komentari ne znaci deka ne citame. Na vakvi topici se pisuva za nestata onaka kako sto ti gi dozivuvas i pisuvajki ovde samo spodeluvas so ostanatite. Komentari ne se mnogu potrebni:) Prodolzi da spodeluvas i ako imas nekoe konkretno prasanje slobodno prasaj i kje ima komentari. Vo sprotivno se' kje se svede da "Bravo, odlicno, mnogu ubavo"

Eve tuka imas eden slicen topik
http://forums.vmacedonia.com/topic.asp?TOPIC_ID=15014

Toj topik neka ostane za poezija, a ovoj za proza. Prodolzi
Lidija Carpathian, arno ti veli Sani, ti pisi si, nemoj da mislis deka ne cita nikoj :))) Te citame ama kako so imam porano na poezija topikot receno jas sum antitalent za ovie raboti taka da od moja strana imas verno citanje samo :) A inace Mihajlo ako realno tazno!
Carpathian Lord This will be long!

КАЛ

Есен. Чекорам по улиците на Лондон, осамен, погледот вперен во валканиот од прав плочник. Тешките воени, добро светнати чизми, тапо одекнуваат на бетонот. Задува силно ветре. Го притснувам чадорот силно под моите пазуви, а со едната рака ја држам мојата беретка и замижувам со очите поради правот кој упорно сака да ми ги расолзи очите. Го забрзав чекорот. Барав некој паб да се сокријам. Во една споредна уличка, покрај една тотално разрушена зграда од синоќешните бомбардирања на Luftwaffe, влегов во еден паб. Внатре во полумрак седеа десетина лица. Додека ми се навикне видот сите делуваа како силуети со само еден тап поглед на безнадежност. Забележав празен стол покрај шанкот. Седнав и порачав едно пиво. „Топло е пријателе, Lucas-от не работи!“. „Во ред е, проклет англичанец сум, пијам топло пиво!“ и силно одмавнав со раката со тоа сакајки да покажам дека не сум заинтересиран за разговор. Сакав да сум сам со своите мисли.
Одненадеш слушав нешто кое со долги години не сум го слушнал. На високата маса во средната просторија, беа седнале девојки. „...Кикотот“ и благо се насмевнав. Ех, колку ми недостигаше женската насмевка. Собрав храброст. Се погледнав. Тоа беше онај магичен момент. Грлото наеднаш станува посува од дините на Сахара, срцето мислиш дека скокнало од градите, очите широко отворени, времето запира за да ја забележиш поубаво. Нејзините очи беа прекрасни, сјајеа во полумракот. Насмевката го топеше мразот околу моето замрзнато срце, таа беше прекрасна. Нејзината виткана коса благо паѓаше по убавото и нежно лице. Тоа беше прекрасна глетка за моите од ужас напатени очи. Знаев во тој момент! Моето срце долго време ќе ја бара нејзината љубов. Набрзина го испив своето пиво и поминав покрај неа, можеби ќе откријам нешто повеќе за неа. Чекорев бавно, несигурно, уплашено! Илјадници митралези, снајпери, бомби имаат фрлано по мене на фронтот, но ваков страв не сум доживеал. Дури оглувев. Ме фати страв. „Среди се човеку, па таа е само човек!“ и зедов воздух и поминав покрај неа. „И значи одиме вечер така?“ праша едната од нив. „Да, да Мери, ќе одиме Монмартр...“. Тоа беше нејзиниот глас. Срамежлив. Кроток. Срцето мое здиве. Подзастанав. Ја погледнав. Таа виде дека ја гледам. Паника...морав да смислам нешто, веднаш!... „Се извниувам дами, мојот часовник не работи, ќе можете ли да ми кажете колку е часот?“ шарматно се поставив јас и очекував одговор од неа. Но, таа го наведи погледот. Го слушнав одговорот од дотичната Мери, но не ми беше важен. Се заблагодарив и заминав од тоа место и на излегување го видов само името на пабот – The Saint. „... токму тоа таа е!“ благо се насменав и викнав полугласно „Монмартр ќе биде!“ и со голема насмевка која видно делеше од другите натажени лица заминав со брз чекор до Piccadilly Circus.
Долго чекав да падни мрак. „Монмартр, Монмартр...“ одекнуваше во мојата глава. Бев немирен. Чекорев од едниот до другиот крај на собата. Што да направам, како да и пријдам, што да речам. Неуспехот не беше опција. Хаос. Страв. Нервоза. Го гледав часовникот како бавно отчукува. Го чекав 7 часот. Старата сијалица на средината од собата даваше светлина, но ја осветлнуваше мизеријата на мојот стан. Можеби сака богати момци? Нема сигурно јас да и се допаднам. Не, не , не ....љубовта е посилна од се. Морам да успеам. На напукнатото огледало се погледнав за последен пат и тргнав храбро.
Застанав пред влезот на „Монмартр“. Строго, војнички со силен и детерминиран поглед. Знаев што сакам, знаев дека ја сакам! Влегов како проклет Германец на парада, со одмерен чекор и сериозно ладно лице. Се погледнав наоколу. Сјајот од четирите канделабри ја осветлуваше халата. На импровизираната сцена свиреше некаков си џезерски квартет. Ја забележав неа. Вечерва под светлата на канделабрите таа беше уште поубава од кога ја забележав во пабот. Камо да можев да и ги пренесам моите чувства со мојот поглед. Се двоумев. Сега или подоцна? Сега! Мора сега додекаа не е касно и да не најде друг.
Се доближав до неа. „ Здраво! Изгледа ќе ми стане навика, да те прашувам колку е часот? “ Таа недоверливо, со нежна насмевка, топејки се од срам – што не ми ја олесна ситуацијата ниту малку, срамежливо дофрли колку е часот. „Како се викаш?“ . Се насмевна благо и рече „Меги...“, „Задоволството е мое Меги, јас сум Михаил! Полско име...“. Ја поканив да играме. А таа само ме погледна и прокоментира „Не, не...немој да мислиш дека не сакам со тебе, ама не знам да играм!“. Јас да ја охрабрам „Ниту пак јас, само ќе ме извиниш ако моиве војнички чизми ги згазнат твоите убави црни чевличиња“. Сепак таа повторно ме одби. „Сега што?“ Пробав така уште неколку разговори, разбрав која е нејзината адреса, тоа ми даде надеж, таа има доверба во мене. Се решив да одам директно со мојот предлог. „Можеби забележа, многу ми се допаѓаш!“ Нејзиниот поглед за прв пат се впери директно во мене. Го забележа жарот во мојата душа, оганот во очите. Бев сигурен. Таа ќе биди моја. Но, тогаш бидна моментот кој засекогаш ќе го носам во мене како гревот што го носи грешникот. „Заљубена сум во друг, неможам да бидам со тебе!“. Гром. Дај ми Господе, гром! Удри ме во овој момент! Каде си? Зошто ме оставаш да патам пред нејзините очи? „Зарем си сигурна дека таа другата личност е подобра од мене? Прости ми за неуките зборови, но во срцето чувствувам бол!“. Таа го насочи некаде својот поглед и напразно како да си го испрашува своето срце „Мислам дека да! Така мислам...“. „Епа прости за разговорот, прости ми за тоа дека те сакам, извини за одземенетото време...“ ја наведнав својата глава и заминав од местото на злочинот. Со полунасолзени очи го напуштив Монмартр.
Силен трескот од два тапи тона на ме разбуди од плиткиот сон. „Mister Stoyanovsky! Telegramme!“ одекна глас од зад влезната врата и по подот се излизга едно кремово пликче на кое пишуваше From Major T. Whitechapel British Army , X Corp. To Lt. Mikhail Stoyanowski 23 Browning Str. SW 32 London, England. „Лоши вести...“ реков тивко. Полека ја отворив телеграмата и хартијата сама се подотвори.

Драги полковниче,стоп!

Потребно е да се пријавите во регрутниот центар, стоп. Во 19:00 заминувате за Франција стоп. Брифинг во базата United, стоп.

Mајор Т. Вајтчапел

Викотница, свирежи на бомби кои истураат над нашите глави. Што ли прави Меги сега? Сигурно седи во пабот The Saint и се смешка со своите другарки мислејки на онај кој таа премногу го сака. Се решив. Морам да и пишам пак. Барем ако загинам ќе загинам знаејки дека ќе ме сака. Можеби моите наивни, топли зборови ќе го предомислат нејзиното срце бидејки ја сакам од дното на мојата душа. Сред таа кал, над еден германски шлем, извадов парче хартија, клекнав во еден ров, се потприв на големото брдо земја и започнав да пишувам. Гласот на скептикот се одзва во мене. Што ако и пишам? Што ако ме одбие? Зарем љубовта кон другиот е поголема од моето патење, или мојата смрт? Вреди да се проба. Вреди да и кажам што чувствувам. Се надевам дека нема да бидам досаден. Морам...

Ноември 15, 1944
Драга Меги!
Ти пишувам од фронтот. Моментално седам закопан во две метра длабок ров. Воздухот труе со мирис на барут. Викотници, паника, наредби! Им дадов 5 минути пауза на моите војници, за да можам да го напишам писмово. Во моменти како овие, во моменти кога се соочувам со смртта лице в лице, знам дека моето срце тебе те сака. Ниту еден куршум, ниту една бомба неможе да го скрши срцето колку зборовите „Не те сакам“. Се надевам дека твоето срце ќе омекни и мојата љубов преку цел овој гнас ќе дојде до тебе. Те замислувам како седиш на прозорецот, светлината длабоко навлегува во собата. Пред тебе скоро истрошената свеќа од читањето на книги во текот на немирните ноќи. Ех, колку сакам да сум таму. Да те заштитувам, да те тешам, мојата дланка да врви по твоето лице, моите усни длабоко да заријат во твоите. Нашите телесни сокови да прават еликсир на љубовта, на вечноста, на убавината, на трајното.
Се надевам дека овие зборови ќе ги примиш како искрени зборови, на оној чие срце е скршено, но сепак тебе ти припаѓа ...
Засекогаш твој, Михаил...


Ноември 30,1944

Драги Михаил!
Конечно го добив твоето писмо. Жал ми е што ќе ти кажам дека сеуште не сум го променила мислењето за таа другата личност. Знам чудна сум , но исто како тебе јас мислам дека со него имам иднина. Те сфаќам како ти е, но јас се надевам во него, не во тебе. Со тебе сакам да бидеме блиски пријатели. Се надевам дека нема да ме сфатиш погрешно. Господ нека те варди во таа гнасна битка. Ох, да знаеш колку сакам брзо да заврши сето тоа колективно лудило што не обзеде сите нас. Но, мислам дека е подобро да прекинам овде. Знам дека писмово ќе те повреди многу, но подобро така отколку да те лажам дека те сакам. Можеби, ако ни е пишано еден ден ќе бидеме заедно. Сега за сега не.

Поздрав, Меги

Декември 6,1944

Драга Меги!

Каков е тој бог на љубовта, што ме остава да патам вака?! Сиот облеан со кал, лежам на дното на животниот ров, сокриен од врелите куршуми наречени љубовни разочарувања. Врни дожд. Го извадов својот шлем. Легнав врз калта. Го оставив да ми го измие барем моето лице. Ангелите плачат. Земете ме горе со вас, ангели златни. Исполнете ми ја таа желба! Барем една! Веројатноста за тоа е голема. Ох, колку го сакам животот, но каков е животот на оној кој неможе да биде со таа што ја сака?! Каков е животот на оној кој се бори за срцето на некоја, која упорно ја негира неговата љубов? А срцето е толку чисто. Што ли треба да направам да бидам во твоите мисли? Што ли треба да направам да се почувствуваш среќно кога помислуваш на мене? Силен звук ми зуе во моите уши. Голтката во моето грло ме дави. Немам сили ни да голтнам. Нешто силно го притиска моето грло, нешто силно ги притиска моите гради. За секогаш ли ќе бидам несреќно вљубен? Но, сепак можеби овие прашања не треба да ти ги поставувам тебе. Сепак ти си во моите мисли. Сонувам за утрата после оваа проклета војна, како се разбудувам покрај тебе во топлиот кревет од бели чаршави. Те гледам тебе, неподвижна, со своите виткани коси го покриваш нежното лице. Белината на твојата кожа е како самите чаршави. Спиеш така мирно, нежно. Блага насмевка има на твоето лице. Како да се смешкаш на тоа што се загледав во тебе. Ги бакнувам усните. Се чувствувам радосен. Таа е моја. Таа е мојата љубов. Таа е мојот живот. Господе колку ја сакам знаеш ли? Дали има нешто на светов посвето од неа? Дај ми ја Господе и вечно оставиме во радост со неа.
Mорам да прекинам тука моја мила Меги. Ова е преболно за моето срце. Се надевам дека некој ден работите ќе се променат.

Секогаш твој, Михаил

Декември 15,1944
Драги Михаил!

Конечно го добив твоето писмо. Јас се спремам со мојата мајка за Божиќ. Повели ако ти дадат отсуство. Колачите на мајка ми се најдобрите што некогаш што си ги пробал. Одлични се со чак. Сепак да преминам на главното. Жал ми е што ќе ти кажам дека сеуште не сум го променила мислењето за таа другата личност. Знам чудна сум , но исто како тебе јас мислам дека со него имам иднина. Те сфаќам како ти е, но јас се надевам во него, не во тебе. Со тебе сакам да бидеме блиски пријатели. Се надевам дека нема да ме сфатиш погрешно. И еве дур го пишувам писмово некој тропа на врата, слушам дека е поштарот Хенри. Еве ме. Повторно писмо од тебе, пак ли?Но, нешто не е како што треба! Адресата е напишана со машина за пишување. Пишува дека е од армијата, но не е она вечно измокрено и од кал извалкано писмо. Сега ќе го отворам.

Тоа беше кремово писменце. Педантно средено, внимателно спаковно писмо, со црвен восочен печат. Меги го зеде писмото. Пред да го отвори, почна да размислува за Михаил. Можеби го сака, а не сака да си признае себе си? Помисли на среќните мигови што би можела да ги има со него. Сепак тој ја сака, тоа е најважно. Самата знае дека таа е таква, што ако некој ќе и погодари своето срце и таа му се предава. Страв да биде повредена можеби? Да му каже ли дека не постои таква друга личност? Не, не, тогаш тој ќе ја промени целата сликата за неа. Ох, зошто мораше да го лаже? Глупава, глупава! Биди со него, нешто и велеше! „Не!Не! Решена сум, нема да бидам со него. Па така чувствувам, тоа ми го кажува моето срце. Дај, да го прочитам писмово, чувствувам дека е важно. Тој ќе се врати, можеби ќе ме предомисли. Сепак е толку романтично. Колку е убаво е кога некој се бори за тебе. За грам љубов. Колку само вреди таа личност да ја сакаш, но јас седам тука со затворено срце. Што ли ми се случува?!“ Се потпри на својот прозорец. Се погледна кон далечината. Времето беше тмурно. Натажено. „За кого ли плачи?“ се праша себе си. Се присети на писмото од армијата. Собра храброст да го прочита.

Од Британската Армија, 10 Корп.

Драга госпоѓица Стерн, стоп!

Со голема жалост ве информираме дека пол. Михаил Стојановски, загина во битка, стоп! Британската армија Ве најде Вас како наблиска личност на пол. Михаил Стојановски, стоп! Примете го нашето сочувство, стоп! Остатоците од пол.Стојановски ќе бидат пренесени во Англија на ден 01.12.1944 година во базата United,стоп! Пол.Михаил Стојановски загина како храбар војник, борејки се...

Нејзините очи се наполнаа со солзи, читајки го почетокот на телеграмата, стотици пати. Во тој момент сфати. Таа сфати. Веќе е доцна.„ТОЈ Е МРТОВ!...“. Истрча по скалите во својата куќа. Ја турна трулата врата. Ја прескокна скршената ограда и јурна по мртвото и каливо поле, плачејки за единственото суштество кое некогаш ја сакало. Таа беше свесна за тоа што изгуби. Но,сега е предоцна. Него го нема. Срцето и се прекрши. Падна во калта. Сакаше да умри. Сакаше да оди во рајот, да го прегрне. „Касно...касно...“ одекнуваше нејзиниот плач на сред мрачното поле.
„Каква ли е оваа правда Господе?! Каква?...Каква...Каков ли монструм ме обзеде?!“ и легна и таа во калта, како својата изгубена љубов и рече тивко “God! Rest our souls!”

Михајло Стојановски
Kaneo
quote:
Originally posted by Carpathian Lord


Дали некогаш сте се гледале во залезот на Сонцето, а до вас се наоѓала вашата сакана личност и ја доживувате онаа најтажна слика која секогаш ја отфрлавте во крајот на вашите мисли, дека во еден таков прекрасен момент, вие го ставате крајот на вашата љубовна епопеја? Болката на неисполнета љубов, расне, го расцепува срцето и го храни ѕверот кој надвиснал над вашето рамо.
Мирисот на дожд и тивкото ладно ветре од север го навестува плачот на небото. Анѓелите се збрале и ве оплакуваат. Зошто да бегате од солзите? Нека ви ја искапат душата. Застанете на дождот. Секоја капка е за вас. За заљубените. Или не? Едниот веќе не е? Да, позната е таа болка. Болката за која и пеколот делува како пријатно место да ја поминете вечноста. И седете така, на ладниот камен, со погледот вперен некаде далку, ко наводно сте се замислиле и го барате одговорот да ви стигне од некаде. А срцата тупкаат. Силно, симфониски. Започнува внатрешен монолог со Бог. Реката на времето застанува. Моментите стануваат вечност. Двата се наоѓате на спротивниот крај на реката. Емоциите на едниот се трудат да ја препливаат замрзнатата река,а другиот се стуткал и ги покрил ушите и силно ги затворил очите. Срцето се крши. Трескот одекнува на околу во форма на плач. Паѓаш на колена на сред таа замрзната река. На другиот погледот се крева. Ги тргнува рацете од своите уши, полека ги отвора очите. Погледот ви се сретнува. Времето пак почнува да тече. Реката повторно забрзано те влече, заедно со виорот на нејзините вртолзи стрмоглаво тргнуваш кон патот до морето наречено Заборав.

Михајло Стојановски



Еве јас ќе искоментирам: ПРЕКРАСНО!!!! Волку убав и сликовит опис одамна немам прочитано! Смеам ли да прашам дали си ти авторот? Утре ќе го прочитам долгиот расказ .
Carpathian Lord Да, јас сум. Фала на добрите зборови и на поддршката. Ми треба тоа за да продолжам да пишувам (психолошка работа)
Carpathian Lord ГНЕВ

Во полумракот на мојата осамена соба, се гледам во големото овално огледало. „Значи ова е тоа? Смртта за љубовен чин!“ се насмевнувам благо покривајки го стравот и исчекот од средбата со мојот душман. Не го чувствувам дишењето. Се прашувам дали навистина вреди овој двобој. Но, веќе ни себе си не се слушам. Гневот ме има обземено. Лутам низ собата како бесно животно во својот кафез. Очајно го чекам изгревот на Сонцето. Го замислувам моментот на нашиот двобој. Рамислувам како да го повлечам пиштолот и каде да годам. Ја кревам раката и замислувам дека мојата рефлексија во овалното огледало е тој, тој што ми ја украде мојата љубена. Не, не ја украде мојата љубена, туку ја украде мојата љубов. Таа веќе не ме заслужува. Таа е мртва. Сите зборови биле лага. Лагата заслужува само смрт и место за вистината. Илјадници спомени ми се превираат низ моите очи. Низ се што сме поминале овие три години. „Не заслужува, не заслужува, како можев да бидам толку слеп?“ беа зборовите кои одекнуваат во позадина. Болката на повредено срце расти. Се надевам дека болката од куршум ќе боли помалку, но едно беше сигурно, таа болка ќе ја смири оваа болка на скршено срце. Ја кубам косата. Нервозно седнувам на малото столче. Го проверувам пиштолот. Чист е. „Дали ти пријателе ќе усмртиш денеска еден гад?“, но кој е гадот се прашувам. „Без разлика, ќе ставам крај на тој блуд!“ и излетувам низ вратата. Се собрале сите мои пријатели. Некои ме преколнуваат да не одам. Студенилото на ходникот ми се пристори пријатно. Полумракот преовладуваше. Некои повозрасни слуѓинки држеа свеќи во рацете. Едната ме запре со раката молејќи ме „Чекај Михаил, го викнав отец Никола да те благослави, па потоа и цела Русија нека те оплакува!“. Пред мене се појавува една темна фигура со златни наметки преку рамената со врежани крстови со сина боја. Паднувам на колена како да ме прострерал куршумот овде. „Да знаеш не паѓам пред тебе оче! Паѓам пред Бога!“ – извикувам бесен дури на отец Никола. Тој ме погледнува, ми се насмевнува благо и ме благословува. Силно отскокнувам, го репетирам својот пиштол и излегов во долгиот двор покриен со гранитни коцки. Тој е на другата страна консултирајки се со својот суфлер. Мојот суфлер е гневот. Ја гледам и неа. Липа и се бори со двајца од неговите слуги кои силно ја држеа за раце. “Михаил не!!!“ плачи. Ме опфатува силна желба да го свртам пиштолот и да ја стрелам неа место него, „Но, само едно зрно е!“. Каков ли звер ме обзеде, Господе? Но, не е време за предомислување. Срцето силно чука. Гласот на т.н судија на овој двобој ми звучи како да доаѓа од бунар. Ни дава знак да се приближеме до него. Додека приоѓам се погледнувам наоколу. Жените плачат, мажите ги стегаат усните и рацете, а нејзниот плач одекнува од ѕидовите на големата куќа. Се доближуваме до судијата. Ми ги забележува молњите во моите очи. Неговото лице се згрчи од страв. Го погледнува и него. Тој е ладен, но кога ме погледна почувствува страв и чувство на нелагодност. Имам чувство дека сака што побрзо да заврши двобојов. Нема да се дадам така лесно, гаду! - си реков во себе.. Ја погледнувам неа. Се присетив на моментот кога се запознавме, денот кога и ги бакнав усните. Првиот што некогаш ја бакнал, првиот што некогаш ја допрел. Тоа беше прекрасен сончев ден. Сакам да се вратам и да се спречам на тој проклет ден на таа сува трева под високите борови во градскиот парк. „Сакам чиста борба. 10 чекори свртени со грб, потоа се вртите и пукате еден спрема друг! Јасно? Кој ќе ги прекрши правилата добива куршум од другите два мои заменици. Ако ви е мила главата правете како што треба!“ рече тој низок дебеличок човек со румени образи и седа коса. Кимнувам со главата, а можеби нешто и изговорив не знам, но прстот на орозот се грчи.
„Свретете се со грб господа и откочете ги вашите пиштоли!“ го правам тоа како да го имам правено многу пати претходно. „Тргнете!“ викна судијата. Одбројувањето започна.
„10...9...8...7...6...5...4...3...2...1...“ трепнувам, мојата рака се поткренува, налево круг, моментов трае цела вечност, размислувам каде да пукам. В срце! Право в срце! Тоа треба да се убие! Грч од гнев на моето лице. Се завртив, тој веќе цели. Пукнува. Пукнувам и јас. Остра болка ме погоди во стомакот. Готов сум! Но, бликнува крв од неговите гради! Се слушаат врисоци. Силен пискот. Тоа е таа! Проклета да е. Кај кого ќе трча? Јас силно на колена паднав на земјата. Околу мене се стрчуваат моите пријатели. „Го уби Михаил! Мртов е!“, се смее Николај. „А јас?“ иронично прашувам. „Сметките се средени! Најубаво испадна вака. Нека пати таа. Ме изгуби мене, но и него!“ . „Не зборувај глупости човече, ти ќе живееш! Имаш само една обична рана, сум имал полоша кога Наполеон дојде пред Москва!“ – ме бодри Николај. „Дали ќе дојде кај мене?“ – прашувам. „Остави ја проклет да си!!!“- вика Николај. „Дали ќе дојде таа...дали...дали...“ одедненадеш воздухот го снема, светлината ја нема, не ја чувствувам веќе болката, во мислите се збогувам со сите,посебно со неа „Збогум љубов моја, те чекам на мојот гроб!...“, а потоа, мрак...

Михајло Стојановски
Kaneo
quote:
Originally posted by Carpathian Lord

ГНЕВ
Михајло Стојановски


Carpathian Lord Текстов е експериментална проза.

СОН

Еднаш имав сон...седам на старата карпа покрај големиот камен брег. Морето е мирно. Сонцето само што излегло над површината на водата. Зраците се распрснаа по површината како мали деца кои штотуку се пробудиле од сон. Малку мрзливи, но сепак весели и се радуваат на новиот ден. Морето тромо ги пречекува и се придружува на занесниот танц. Мирисот на јод ме опојува. Погледнувам околу себе. Нема ниту едно живо суштество кое би ми го расипало овој контакт со Бог.
Чувството на осаменост ме обзема. Станав жртва на самиот себе. Осамен меланхолик во декадетното време, осамен воин против темнината, поранешен мој сојузник. Борба во која љубовта ме предаде.
Сега седам сам. Јас морето, карпата и Сонцето, ништо повеќе. Ударите на морето асоцираат на благи удари на клавир. Музиката се оформува. Ветрето струе покрај мене. Создава милозвучен шум. Сонцето ме заслепува. Срцето посилно и посилно трепери, а крвта се побрзо и побрзо тече. Мислам на неа. Без лице, без форма, само срце. Ништо повеќе. Мислам на она совршено суштество, суштество кое ќе ме разбуди од овој сон. Мачнина. Стомакот ми се грчи. Прашањата навираат. Зошто ова ми се случува, Господе? Започна ритуалот на своевиден монолог со Бог. Пасивноста Негова ме нервира. Ми доаѓа да полудам. Погледнувам кон морето. Тоа и понатаму со ист такт удира врз карпите и ги дроби. Ја погледнувам мојата карпа. И таа некогаш ќе се судри со морето. Јас некогаш бев оваа карпа. Стоев безгрижно меѓу другите, мислејки дека никогаш нема да бидам судрен со морето наречено Судбина и Заборав. Сега? Сега се претворив во обичен песок кој се распрснува по безграјното сино пространство.
Сонот за неа и понатаму трае. Во тој момент пред моите очи се појави срце. Лебдеше во свежиот воздух. Каква игра играш со мене Боже?! Срцето се обвитка со бела светлина. Слушнав глас. Тоа е нејзината душа - твојот спас. Страв! Страв ме обзеде од оваа глетка. Ја гледав како се оформува пред моите очи. Висока става, бледа кожа, таласеста коса, вознесен поглед, насмевка сјајна. Воздухот го снема во мене, срцето престана да бие, сјајој во моите очи мојава душа во радост ја свие. Зборовите се загубија, станаа бесмислени, соновите згаснаа, поемите ја изгубија својата цел, буквите се изгубија во белината на хартијата, на нив не се испишува ништо. Моливот остана тап. Пенкалото пресушило. Тоа е таа - мојата љубена,...безбедна во мојот сон. Еднаш имав сон...
dada Sani
quote:
Originally posted by Carpathian Lord

Текстов е експериментална проза.
...



Zosto eksperimentalna? Vo koj smisol? Ti vekje imas pisuvano proza. Jas na primer ne mozam da pisuvam proza:( Mnogu se rasplenuvam vo pisuvanje i posle nekolku reda go gubam tekot na tekstot:( Za raskaz apsolutno ne me biva, moze za kniga vo nekolku toma:)))
Btw Lorde keep up the good work
Carpathian Lord Зошто експериментален? Па текстов е психоделичен, симболиката е многу застапена, нешто експериметирав со разни литературни правци...нема везе ...само прифатете го здраво за готово тоа и фала за поддршката I appreciate it