Sluchaj: Makedonija Tabak

Sluchaj: Makedonija Tabak
Aleksandra
 
ЈОРДАН РИСТОВСКИ тврди

МВР ги заборави шверцуваните цигари во „Македонија табак“

Ликвидаторот Ристовски тврди дека магацините се запечатени и дека од таму не се изнесени ниту еден грам тутун и ниту една цигара


Министерството за внатрешни работи не извршило контрола на запленетите шверцувани цигари што се наоѓаат во магацините на „Македонија табак 2000“. Ликвидаторот на оваа фирма Јордан Ристовски, кој побарал од МВР да изврши увид, тврди дека магацините се запечатени и дека од таму не се изнесени ниту еден грам тутун и ниту една цигара.

- Магацините со тутун и со запленети шверцувани цигари, кои припаѓаат на Бирото за стокови резерви, се запечатени од првиот ден од моето поставување за ликвидатор на фирмата - вели за „Дневник“ Ристовски и ги отфрла обвинувањата од ВМРО-Народна дека тутунот од државните резерви се распродавал по багателна цена.

Партијата во минатата недела објави дека власта распродава суров тутун од државните резерви по три-четири пати пониска цена од таа на светските берзи. ВМРО-НП обвини дека парите од шверцот се влеваат во џебовите на функционери од СДСМ и во партиската каса.

Бирото продавало друг тутун

Но, Ристовски тврди дека зад криминалот што го посочуваат од ВМРО-НП стои неформалниот лидер на оваа партија Љубчо Георгиевски. Според него, сите активности со шверцот и распродажбата на тутун и цигари биле правени во времето кога Георгиевски беше премиер. Тој посочува и на нелегални активности при пренесување на имотот на „Македонија табак 2000“ на други фирми.

- Станува збор за организиран криминал. Капиталот на „Македонија табак 2000“ дури четири пати е незаконски пренесуван на фирми-ќерки во времето на Георгивски. Документите покажуваат дека тоа не можело да се направи без поддршка на власта и на луѓе од судот. При пренесувањето на сопственоста без одобрение вклучен е и капиталот во сопственост на државата, што е незаконски. Државата поседува 37 отсто од акциите во „Македонија табак 2000“. Не ми е јасно зошто при пренесувањето на сопственоста постојано е намалувана вредноста на капиталот - вели Ристовски.

И Бирото за стокови резерви демантираше дека продавало тутун од државните резерви на италијанската фирма „Романа табачи“, како што соопшти ВМРО-НП.

„Бирото за стокови резерви и продаде тутун на швајцарската фирма „Тобако компани“. Продажбата е извршена од стечајните должници „Нико Доага“ од Крушево и „Ориентал табак“ од Демир Хисар по основ на правосилни судски решенија. Во тек е постапка за продажба на тутун од должникот „Велес табак“. Исто така, во тек се судски постапки за наплата на побарувања за доделени комисиони кредити“, соопшти Бирото за стокови резерви.

Директорот на оваа институција Радован Поповски го праша неформалниот лидер на ВМРО-Народна Љубчо Георгиевски зошто во периодот од 1998 до 2002 година, кога е направен залог на тутун како обезбедување за парите што ги побарува државата од тутунските комбинати, дозволил тутунот да се стави под хипотека по цени повисоки од откупните. Поповски бара од Георгиевски да објасни зошто неговата Влада во октомври 2002 година, по изборите и пред да се конституира новата, донела одлука за репрограмирање на долговите на тутунските комбинати за две години без камата.

Тутунот го Јадат молците и мувлата

Според Ристовски, државниот тутун заборавен во магацините на „Македонија табак“ го јадат молци. Тој ги отфрла обвинувањата од партијата на Георгиевски дека се изработени фалсификувани документи што покажуваат дека тутунот е оштетен.

- Институтот за тутун од Прилеп изврши увид во извозниот магацин во Тетово. Експертите утврдија дека дел од тутунот од типот „вирџинија“, пакуван во картонски кутии, површински е оштетен од молци, а дел е мувлосан. Оштетени се 84 отсто од количествата - тврди Ристовски.

Во Институтот за тутун вчера потврдија дека во 2004 година извршиле увид на условите во кои се чува тутунот, кој покажал дека тутунот се чувал во несоодветни услови и дека дел е оштетен.

ВМРО-Народна соопшти дека се прават обиди криминалот да се покрие со правење записници оти тутунот е оштетен и поради тоа цената му паднала.

- Тврдиме дека тутунот е исправен и дека има голема побарувачка за него. Тој што го тврди спротивното лаже и фалсификува записници - изјавија од ВМРО-НП.

ВМРО-НП: СДСМ шверцува тутун

ВМРО-Народна партија останува на тврдењето дека тутунот од државните резерви нелегално се продава и дека италијанската фирма „Романа табачи“ е замешана во зделката.

- Точно е дека тутунот на крајот завршува во швајцарската фирма „Тобако компани“, но продажбата оди преку „Романа табачи“ - тврди Александар Ѓорѓиев, портпарол на ВМРО-НП.

Тој вели дека одлуката на Владата на Љубчо Георгиевски за ставање тутун во залог во 2002 година како обезбедување на кредитите е законска.

- Разликата од откупната цена е минимална и е одредена според пазарните состојби и трошоците за транспорт, складирање и амортизација. Тоа е работа што на секој трговец му е позната - вели Ѓорѓиев.

Според него, владината одлука за репрограмирање на кредитите на тутунските комбинати била донесена за да се овозможи откуп на тутунот од индивидуалните производители.

Партијата обвини дека „Македонија табак“ во времето додека премиер беше Бранко Црвенковски ги формирала фирмите „Тутун“, „Цигари“, „Администрација“ и „Угостителство“. Фирмите-ќерки на „Македонија табак 2000“ биле формирани според законите со процена на судски проценител.



GiTaRiSt Mozno e poso ne znam dali gledate shfercovanite cigari imaat istaa cena kako sto bile i porano a cigarite koj sto ne se sfercovani proizvod makedonia se skapat mozda toa e namerno za da se prodavat shfercovanite cigari povejke...
nukleus Abe ja GiTaRiSt ja otkril Amerika!
toni_a
neka se otkazhat gragjanite od pushenje i reshen problem.